Општина Горно Количани
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Горно Количани, именувана и како Месен народен одбор Горно Количани ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Горно Количани за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша и Црвена Вода. Општината била дел од Скопскиот Срез, Скопски Округ.[1]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Горно Количани продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Пагаруша, Умово и Црвена Вода.[2][3][4]
1945-1955
Месниот народен одбор Горно Количани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Количани, Калдирец, и Црвена Вода.[5] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Драчевица со неговото село Драчевица.[6] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Горно Количани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Долно Количани со неговите села Алдинци, Долно Количани, и Пагаруша.[7] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Горно Количани продолжила да постои и да ги опфаќа истите седум населени места.[8] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Горно Количани била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Драчево.[9]
Remove ads
Население
Според пописот од 1921 година, Општина Горно Количани имала 2,559 жители. Според верската припадност, 17 биле православни, додека 2,542 биле муслимани. Според јазичната припадност, 17 биле Срби/Хрвати, 1,414 биле Албанци, 1,111 биле Турци, додека 17 биле останато и непознато.[10][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Горно Количани имала 3,538 жители, од кои 1,762 биле мажи, а 1,776 биле жени. Општината се состоела од 579 куќи и 579 домаќинства.[11]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Горно Количани имал 1,861 жител, односно вкупното население на Горно Количани, Драчевица, Калдирец, и Црвена Вода. Сите жители биле Албанци.[12]
Според пописот од 1953 година, Општина Горно Количани имала 3,753 жители, односно вкупното население на Алдинци, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Калдирец, Пагаруша и Црвена Вода.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[13][14]
Народност | Вкупно |
Македонци | 5 |
Албанци | 1,116 |
Турци | 2,615 |
Роми | 12 |
Неопределени Југословени | 4 |
Останати несловени | 1 |
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads