Стево Спасовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стево Спасовски (роден Стеван Спасов;[1] 25 ноември 1940 , Скопје30 март 2008 , Скопје) — македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959 — 1962), во Драмата на МНТ (1962 — 1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ-драми, во серии, на радио и на филм.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Спасовски е роден во Скопје на 25 ноември 1940 година. Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање. Спасовски е добитник на наградите: „11 Октомври“ за улога во претставата „Косанчичев венец“ (1983), награда на ТИ „Војдан Чернодрински“, за улога во претставата „Тетовирани души“ во 1987 година, а истата година бил прогласен и за глумец на годината. Во 1988 повторно е награден на ТИ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Клаустрофобична комедија“, а како заокружување на неговата глумечка дејност во 1999 година Стево Спасовски е добитник на наградата „Климент Охридски“, додека во 2001 година ја добил наградата за животно дело на ТФ „Војдан Чернодрински“. Син на Спасовски е познатиот глумец Драган Спасов - Дац.[3] Починал во Скопје на 30 март 2008 година.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1961Солунските атентатори ТВ-филмВладимир Пингов
1967Да видам што да бидам ТВ-серија
1969Републиката во пламен ТВ-филм
1971Понижени и навредени ТВ-филм
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1972Истрел ТВ-филм
1972Настан можеби последен ТВ-филм
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филмБорис Сарафов
1973Луѓе и птици ТВ-филм
1975Сребрено јаболко ТВ-филм
1977Итар Пејо ТВ-серијаПоп Петко
1979Наши години ТВ-серијаТане
1980Учителот ТВ-филмЈоаким Сапунџиев
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаДоктор
1982Едно лето ТВ-серија
1984Другарувања ТВ-серијаПрофесор по физика
1984Диво месо ТВ-филмХерчог
1985Јазол ТВ-филм
1985Тетовирани души ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаКиртаки
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмЈаков Ароести
1987За трошка среќа ТВ-филмАцо
1987Случки од животот ТВ-серија
1988Марка ТВ-филм
1991Болва в' уво ТВ-филмРомен Тунел
1991Тетовирање ТВ-филмПрофесорот
1992Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1993Светлосиво ТВ-филмЃавол во срцето
1995Уа шнајдери ТВ-серија
1995Во светот на бајките ТВ-серија
1997Преку езерото ТВ-филмПриест Николај
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филмПрофесорот
2000Глас ТВ-филм
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads