Фризија (покраина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фризија (покраина)
Remove ads

Фризија или Фрисланд (западнофризиски: Fryslân; холандски: Friesland) — покраина во северниот дел на Холандија и дел од поголемата историска област Фризија.

Кратки факти Фризија Fryslân, Земја ...

Покраината има 646.000 жители (2010), а нејзин административен центар е градот Леуварден (фриз. Љоуверт) со 91.817 жители.

До 1996 г, името на покраината гласело Friesland според холандскиот правопис, кога покраинскиот совет одлучил да го замени со изворното фризиско име Fryslân.[1] Во 2004 г. решението добило потврда и од владата на Холандија на државно ниво.[2]

Remove ads

Географија

Фризија е најголемата покраина во Холандија доколку се вбројат водните површини, а само по земјишна површина е трета. Најголемиот дел е копнен, но покраината има неколку острови: Влиланд, Терсхелинф, Амеланд и Схирмониког, поврзани со копното со траектен сообраќај. Највисока точка во покраината е место на островот Влиланд, со 45 м надморска височина. Има четири национални паркови: Схирмониког, Де Алде Фјанен, Лауверсмер (го дели со Гронинген) и Дрентско-фризиската шума (го дели со Дренте).

Remove ads

Историја

Периодот од 400-200 п.н.е. го бележи појавувањето на прафризиската култура, која подоцна се развила во попрепознатлив облик. Во 12 п.н.е. Римјаните ја зазеле Фризија со походот на војсководецот Друз Постариот во Германија. Во VII и VIII век во областа се развило Фризиското Кралство.

На почетокот на средниот век, Фризија се протегала од денешната граница со Белгија до реката Везер во Германија. По припојувањето кон Франкиското царство, Фризија била поделена на три дела, а на почетокот на XI век во западниот дел на областа се појавила нова сила, грофовијата Холандија.

Remove ads

Јазик и стопанство

Фризија е единствената покраина во Холандија со свој јазик, западнофризискиот, кој е воедно застапен и во мал дел од соседната покраина Гронинген на исток. Најсродни на него се останатите фризиски јазици што се говорат во Германија: источнофризискиот (сатерски) што се говори во Затерланд и севернофризискиот, застапен во Северна Фризија. Сите тие се во блиско сродство со англискиот јазик.

Стопанството е претежно земјоделско, со познати автохтони раси на домашни животни како што е фризиското говедо и црниот фризиски коњ. Значаен удел во стопанството има и туризмот: главни одредишта се езерата во југозападиот дел на покраината и Ваденското Море на север.

Градови

Thumb
Канал во Леуварден и црквата Св. Бонифациј
Thumb
Фризиско говедо
Thumb
Фризиски коњ

Старите градови во Фризија се следниве:

Повеќе информации Холандски, Западнофризиски ...
Remove ads

Најголеми градови

Повеќе информации Град (фризиско име), Население ...

Извор: Fryslân.nl (1 декември 2009), општ. и CBS

Remove ads

Демографија

Повеќе информации Година, Население ...

Периодот од 1880 од 1900 бележи забавен природен прираст. Поради земјоделска криза, 20.000 Фризи се иселиле во САД.[5]

Уште од доцниот среден век, Фризите биле познати како особено висок народ, меѓу највисоките во индоевропската група. За ова сведочат стиховите во делото „Пеколот“ од италијанскиот хуманист Данте Алигиери, каде опишува еден демон кој е толку висок, што тројца високи Фризи нема да го надминат ако застанат еден врз друг.[6]

Remove ads

Клима

Повеќе информации Клима на Леуварден (1971–2000), Показател ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads