104. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2021 (позната и како Трка околу Италија 2021) — 104. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 8 и 30 мај 2021 година. На 26 мај 2019 година, организаторите на трката RCS Sport првично објавиле дека почетокот на Џиро 2021 ќе биде на Сицилија, Италија.[1][2][3] Меѓутоа, на 4 февруари 2021 година, RCS Sport објавиле дека трката наместо тоа ќе започне во Торино, додека остатокот на трката била објавена на 24 февруари 2021.[4][5]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 104. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2021 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 8 – 30 мај | ||
Растојание | 3.410,9 км | ||
Држави | Италија Словенија Швајцарија | ||
Поаѓалиште | Торино | ||
Одредиште | Милано | ||
Екипи | 23 | ||
Возачи на почеток | 184 | ||
Возачи на крај | 143 | ||
Просечна брзина | 39,527 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Еган Бернал (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Дамијано Карузо (Бахреин Викториус) | ||
Третопласиран | Сајмон Јејтс (Тим Џејко АИУла) | ||
Бодовен | Петер Саган (Бора-Хансгрое) | ||
Планински | Жофри Бушар (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Спринтерски | Дрис де Бонт (Алпесин-Декојнинк) | ||
Младински | Еган Бернал (Инеос Гренадиерс) | ||
Борбеност | Дрис де Бонт (Алпесин-Декојнинк) | ||
Breakaway | Симон Пело (Андрони Џокатоли-Сидермек) | ||
Екипен | Инеос Гренадиерс | ||
◀2020 | 2022▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од Еган Бернал од Инеос Гренадиерс, кој го освоил првото Џиро и негова втора победа на голема трка. Станал втор Колумбиец кој освоил Џиро откако Наиро Кинтана го направил истото во 2014 година. Првпат ја презел розовата маичка кога ја освоил завршницата на чакал на Кампо Феличе на деветтата етапа. Продолжил да го зголемува своето водство во втората седмица, кулминирајќи со победа на скратената кралска етапа до Кортина д’Ампецо. И покрај потешкотиите во последната седмица, тој имал доволна предност за да ја потврди победата во Милано. Победил со разлика 1' 29" пред Дамијано Карузо од Тим Бахреин Викториус. Кога настапил на трката, Карузо првично требало да биде помошник на неговиот првобитен предводник на екипата, Микел Ланда. Откако Ланда паднал на петтата етапа, Карузо ја презел честа да биде предводник на екипата. Карузо продолжил да има високи пласмани на планинските етапи пред да ја освои последната планинска етапа до Алпе Мота. Последното место на подиумот го заокружил Сајмон Јејтс од Тим БајкЕксчејнџ, 4' 15" пред Бернал. Откако постојано губел време во првите две седмици, Јејтс имал добра форма во третата седмица, што довело да освои етапа на завршницата до Алпе ди Мера.
Во другите пласмани на трката, Петер Саган од Бора-Хансгрое го освоил бодовниот пласман. Првпат ја облекол маичката по победата во спринтот на десеттата етапа. Жофри Бушар од АГ2Р Ситроен Тим го освоил планинскиот пласман, откако освоил максимални бодови на првите искачувања на етапите. Како последица на освојувањето на розовата маичка, Бернал исто така го освоил и пласманот за млад возач, како најдобро пласиран возач под 25 години. Дрис де Бонт од Алпесин-Феникс ги освоил пласманот за среден спринт и борбениот пласман, додека Симон Пело од Андрони Џокатоли-Сидермек го освоил пласманот за бегства како возач кој имал најмногу поминати километри во бегство. Во екипниот пласман, Инеос Гренадиерс го освоиле пласманот Брза Екипа откако нивните тројца возачи имале најмало вкупно време, додека Тим Бахреин Викториус го освоиле пласманот „добра игра“ како една од трите екипи кои немале казни на целата трка. Тие го освоиле пласманот, бидејќи Карузо го имал второто место во генералниот пласман.
Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 23 екипи. Алпесин-Феникс, најдобрата континентална екипа во 2020 година, добила автоматска покана, додека останатите три екипи биле одбрани од RCS Sport, организаторот на Џиро. Бардијани-ЦСФ-Фаизане и Вини Забу ја продолжиле својата низа на специјални покани на трката, додека Еоло-Комета го имале својот прв настап на некоја голема трка.[7] Екипите биле објавени на 10 февруари 2021 година.[8][9]
На 15 април 2021 година, по позитивни допинг-тестови за Матео Спреафичо и Матео де Бонис, Вини Забу го повлекла своето учество од трката.[10] Поради тоа, вообичаената поканета екипа Андрони Џокатоли-Сидермек, која учествувала на последните три изданија на Џиро, но ја пропуштила поканата, биле повикани во последен момент.[7][11]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
| |
Фаворити пред трката била првакот на Тур де Франс 2019, Еган Бернал (Инеос Гренадиерс), и Сајмон Јејтс (Тим БајкЕксчејнџ), кој ја освоил подготвителната трка, Трка на Алпите. Нивен главен предизвикувач би бил Ремко Евенепул (Декојнинк-Квик Степ), и покрај тоа што не се тркал по падот на Џиро ди Ломбардија 2020. Други главни кандидати биле Хју Карти (ЕФ Едукејшн-Нипо), по неговото трето место на Вуелта а Еспања 2020, Микел Ланда кој завршил на подиум (Тим Бахреин Викториус), Емануел Бухман (Бора-Хансгрое), Александар Власов (Астана-Премиер Тек), Павел Сиваков (Инеос Гренадиерс) и двајца носители на розовата маичка од изданието во 2020 година - Жоао Алмеида (Декојнинк-Квик Степ) и Џеј Хиндли (Тим ДСМ), второпласиран во 2020 година. Повеќекратниот освојувач на големи трки Винченцо Нибали исто така ја започнал трката, но бидејќи неодамна се опоравил од повреда, не бил споменат помеѓу фаворитите.[12]
Возачи за кои се верувало дека имаат можност за победи на спринтерските етапи биле Кејлеб Јуан (Лото-Судал), Петер Саган (Бора-Хансгрое), Дилан Груневеген (Џамбо-Висма), Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати), Елија Вивијани (Кофидис), Џакомо Ницоло (Тим Кубека Асос) и Тим Мерлиер (Алпесин-Феникс).[13]
Целосната рута составена од 21 етапа на растојание од 3.479,9 километри и искачување од над 47.000 метри, била објавена од RCS Sport на 24 февруари 2021 година. На трката биле предвидени два поединечни хронометри во Торино и Милано, соодветно. Имало шест завршници на врвови, од кој првиот бил на шестата етапа до Асколи Пичено. Завршниците на врвови го вклучувале и озлогласениот Монте Ѕонколан на етапата 14 и три на последните пет етапи. Имало исто така шест етапи означени за спринтерите и два дена за одмор, по десеттата и шеснаесеттата етапа.[5][14]
Иако етапата 16 до Кортина д’Ампецо не завршувала на врв, првично била означена како кралска етапа од организаторите на трката, бидејќи возачите ќе искачеле над 5.700 метри, додека на превојот Пордои требало да се додели наградата Чима Копи на првиот возач кој ќе го премине највисокото искачување на трката.[14] Меѓутоа, поради лошите временски услови, етапата била изменета и биле отстранети Пордои и Федаја, значително скратувајќи ја и оставајќи го превојот Џау како единствено искачување на Доломитите.[15] Со отстранувањето на превојот Пордои, на превојот Џау се доделила наградата Чима Копи на трката.[15]
Етапата 19 била исто така изменета три дена пред да се одржи. На првобитната рута возачите требало да го искачат Мотароне и да се спуштат во Гињезе, меѓутоа по несреќата на жичницата Стреза-Мотароне, рутата била изменета во чест на настраданите.[16] Етапата била скратена за 10 километри.[16]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Искачени метри | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 8 мај | Торино – Торино | 8,6 | 50 m | Филипо Гана | Филипо Гана | |
2 | 9 мај | Ступиниџи – Новара | 179 | 600 m | Тим Мерлир | Филипо Гана | |
3 | 10 мај | Бјела – Канале | 190 | 2100 m | Тако ван дер Хорн | Филипо Гана | |
4 | 11 мај | Пјаченца – Сестола | 187 | 1800 m | Џо Домбровски | Алесандро Де Марки | |
5 | 12 мај | Модена – Католика | 177 | 200 m | Кејлеб Јуан | Алесандро Де Марки | |
6 | 13 мај | Пештери Фразаси – Сан Џакомо | 160 | 3400 m | Џино Медер | Атила Валтер | |
7 | 14 мај | Нотареско – Термоли | 181 | 1500 m | Кејлеб Јуан | Атила Валтер | |
8 | 15 мај | Фоџа – Гвардија Санфрамонди | 170 | 3400 m | Виктор Лафе | Атила Валтер | |
9 | 16 мај | Кастел ди Сангро – Кампо Феличе | 158 | 3400 m | Еган Бернал | Еган Бернал | |
10 | 17 мај | Л’Аквила – Фолињо | 139 | 1300 m | Петер Саган | Еган Бернал | |
11 | 19 мај | Перуџа – Монталчино | 162 | 2300 m | Мауро Шмид | Еган Бернал | |
12 | 20 мај | Сиена – Бањо ди Ромања | 212 | 3700 m | Андреа Вендраме | Еган Бернал | |
13 | 21 мај | Равена – Верона | 198 | 200 m | Џакомо Ницоло | Еган Бернал | |
14 | 22 мај | Читадела – Монте Цонколан | 205 | 3700 m | Лоренцо Фортунато | Еган Бернал | |
15 | 23 мај | Градо – Горица | 147 | 1800 m | Виктор Кампенертс | Еган Бернал | |
16 | 24 мај | Сачиле – Кортина д'Ампецо | 153 | 3600 m | Еган Бернал | Еган Бернал | |
17 | 26 мај | Канацеи – Сега ди Ала | 193 | 3400 m | Даниел Мартин | Еган Бернал | |
18 | 27 мај | Роверето – Страдела | 231 | 600 m | Алберто Бетиол | Еган Бернал | |
19 | 28 мај | Абијатеграсо – Алпе ди Мера | 166 | 2800 m | Сајмон Јејтс | Еган Бернал | |
20 | 29 мај | Вербанија – Алпе Мота | 164 | 4200 m | Дамијано Карузо | Еган Бернал | |
21 | 30 мај | Сенаго – Милано | 30,3 | 100 m | Филипо Гана | Еган Бернал |
Го означува предводникот на генералниот пласман | Го означува предводникот на планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот на бодовниот пласман | Го означува предводникот на пласманот за млад возач |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Место | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (SVK) | Бора-Хансгрое | 136 |
2 | Давиде Чимолаи (ИТА) | Израел старт-ап нејшн | 118 |
3 | Фернандо Гавирија (КОЛ) | ОАЕ Тим Емирати | 116 |
4 | Елија Вивијани (ИТА) | Кофидис | 86 |
5 | Еган Бернал (КОЛ) | Инеос Гренадиерс | 80 |
6 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 71 |
7 | Андреа Пасквалон (ИТА) | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 61 |
8 | Симоне Консони (ИТА) | Кофидис | 60 |
9 | Едоардо Афини (ИТА) | Џамбо-Висма | 59 |
10 | Алберто Бетиол (ИТА) | ЕФ Едукејшн-Нипо | 57 |
Место | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Жофри Бушар (ФРА) | АГ2Р Ситроен Тим | 184 |
2 | Еган Бернал (КОЛ) | Инеос Гренадиерс | 140 |
3 | Дамијано Карузо (ИТА) | Тим Бахреин Викториус | 99 |
4 | Даниел Мартин (ИРС) | Израел старт-ап нејшн | 83 |
5 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Тим БајкЕксчејнџ | 61 |
6 | Жоао Алмеида (ПОР) | Декојнинк-Квик Степ | 54 |
7 | Бауке Молема (ХОЛ) | Трек-Сегафредо | 53 |
8 | Лоренцо Фортунато (ИТА) | Еоло-Комета | 52 |
9 | Ромен Барде (ФРА) | Тим ДСМ | 49 |
10 | Мајкл Сторер (АВС) | Тим ДСМ | 46 |
Место | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Еган Бернал (КОЛ) | Инеос Гренадиерс | 86ч 17' 28" |
2 | Александар Власов (РУС) | Астана-Премиер Тек | + 6' 40" |
3 | Даниел Мартинес (КОЛ) | Инеос Гренадиерс | + 7' 24" |
4 | Жоао Алмеида (ПОР) | Декојнинк-Квик Степ | + 7' 24" |
5 | Тобијас Фос (НОР) | Џамбо-Висма | + 11' 44" |
6 | Атила Валтер (УНГ) | Групама-ФДЖ | + 45' 30" |
7 | Лоренцо Фортунато (ИТА) | Еоло-Комета | + 47' 31" |
8 | Мајкл Сторер (АВС) | Тим ДСМ | + 1ч 49' 05" |
9 | Харолд Техада (КОЛ) | Астана-Премиер Тек | + 2ч 01' 12" |
10 | Алесандро Кови (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | + 2ч 03' 30" |
Место | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Инеос Гренадиерс | 259ч 30' 31" |
2 | Џамбо-Висма | + 26' 52" |
3 | Тим ДСМ | + 29' 09" |
4 | Астана-Премиер Тек | + 33' 05" |
5 | Тим БајкЕксчејнџ | + 1h 15' 12" |
6 | Трек-Сегафредо | + 1h 27' 09" |
7 | Мовистар Тим | + 1h 28' 18" |
8 | Декојнинк-Квик Степ | + 1h 37' 51" |
9 | Тим Бахреин Викториус | + 1h 51' 05" |
10 | ОАЕ Тим Емирати | + 1h 54' 04" |
Место | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 70 |
2 | Умберто Маренго (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 64 |
3 | Симон Пело (ШВА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 53 |
4 | Самуеле Риви (ИТА) | Еоло-Комета | 32 |
5 | Филипо Талјани (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 30 |
6 | Франческо Гаваци (ИТА) | Еоло-Комета | 23 |
7 | Андреа Пасквалон (ИТА) | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 21 |
8 | Фернандо Гавирија (КОЛ) | ОАЕ Тим Емирати | 21 |
9 | Симоне Раванели (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 18 |
10 | Марк Кристијан (ВБР) | Еоло-Комета | 16 |
Место | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Дрис де Бонт (БЕЛ) | Алпесин-Феникс | 53 |
2 | Еган Бернал (КОЛ) | Инеос Гренадиерс | 51 |
3 | Симон Пело (ШВА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 39 |
4 | Умберто Маренго (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 36 |
5 | Жофри Бушар (ФРА) | АГ2Р Ситроен Тим | 32 |
6 | Дамијано Карузо (ИТА) | Тим Бахреин Викториус | 31 |
7 | Жоао Алмеида (ПОР) | Декојнинк-Квик Степ | 31 |
8 | Фернандо Гавирија (КОЛ) | ОАЕ Тим Емирати | 26 |
9 | Даниел Мартин (ИРС) | Израел старт-ап нејшн | 22 |
10 | Франческо Гаваци (ИТА) | Еоло-Комета | 21 |
Место | Возач | Екипа | Километри |
---|---|---|---|
1 | Симон Пело (ШВА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 783 |
2 | Умберто Маренго (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 648 |
3 | Самуеле Риви (ИТА) | Еоло-Комета | 414 |
4 | Винченцо Албанезе (ИТА) | Еоло-Комета | 368 |
5 | Тако ван дер Хорн (ХОЛ) | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 355 |
6 | Марк Кристијан (ВБР) | Еоло-Комета | 281 |
7 | Алекси Гужар (ФРА) | АГ2Р Ситроен Тим | 274 |
8 | Филипо Талјани (ИТА) | Андрони Џокатоли-Сидермек | 224 |
9 | Квинтен Херманс (БЕЛ) | Интермарше-Ванти-Жобер Материо | 196 |
10 | Самуеле Цокарато (ИТА) | Бардијани-ЦСФ-Фаизане | 169 |
Место | Екипа | Бодови |
---|---|---|
1 | Тим Бахреин Викториус | 0 |
2 | Џамбо-Висма | 0 |
3 | Израел старт-ап нејшн | 0 |
4 | Инеос Гренадиерс | 20 |
5 | Тим Кубека Асос | 20 |
6 | Лото-Судал | 20 |
7 | ЕФ Едукејшн-Нипо | 30 |
8 | Декојнинк-Квик Степ | 50 |
9 | Тим ДСМ | 50 |
10 | Групама-ФДЖ | 50 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.