Горка Исагире
шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горка Исагире Инчаусти (шпански: Gorka Izagirre Intxausti; р. 7 октомври 1987 ) — шпански професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2] Тој е брат на велосипедистот Јон Исагире.[3]
Remove ads
Кариера
Заедно со брат му, потпишал за Мовистар Тим за сезоната 2014.[4] Јон заминал во екипата Бахреин-Мерида на почетокот на сезоната 2017.[5]
Мовистар (2014-2017)
Горка ја освоил трката Пруеба Вилјафранка де Орисија по третпат во неговата кариера во 2014 година. Негов прв пласман меѓу првите десет на етапна трка од Светската турнеја бил во 2015 година, кога завршил деветти на Париз-Ница. Во 2017 година, Горка имал фантастичен настап на Париз-Ница уште еднаш и завршил четврти. Подоцна во 2017 година, Горка ја освоил осмата етапа на стотото издание на Џиро д’Италија.
Бахреин-Мерида (2018)
2018

Горка потпишал со екипата Бахреин-Мерида за сезоната 2018. Ја започнал сезоната со седмото место на Тур Даун Андер. Потоа, го освоил третото место на Трката околу Оман. Бил предводник на екипата заедно со брат му Јон на Париз-Ница. Нападнал на спустот со Јон на последната етапа и браќата сакале да завршат прв и втор, но и обајцата паднале на кривина при спустот, поради што ја изгубиле предноста и Горка завршил трет на трката.
Кон крајот на јуни, Горка завршил втор на националното хронометарско првенство и неколку дена подоцна го освоил друмското првенство. Учествувал на Тур де Франс како помошник за предводникот на екипата Винченцо Нибали, меѓутоа Нибали се откажал од трката на етапата 13, поради што Горка имал шанса да лови етапни победи. Успеал да се впушти во бегство на етапата 16 и завршил втор на етапата, 15 секунди зад етапниот победник Жилијан Алафилип.
Астана (2019-денес)
Во август 2018 година било објавено дека браќата Исагире ќе се приклучат на Астана за сезоната 2019.[6]
Remove ads
Достигнувања
- 2010
- 1. Етапа 4 Трка околу Луксембург
- 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 7. Етапа 3 Енеко Тур
- 2011
- 2. Трофео Деја
- 7. Етапа 8 Париз-Ница
- 9. Трофео Инка
- 10. Краен пласман Тур ди Хаут Вар
- 2012
- 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2013
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2014
- 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 2. Класика Примавера
- 2015
- 1.
Екипен пласман Тур де Франс
- 8. Краен пласман Тур Даун Андер
- 9. Краен пласман Париз-Ница
- 2016
- 2. Класика Примавера
- 5. Краен пласман Трка Дубаи
- 2017
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
- 1. Класика Примавера
- 4. Краен пласман Париз-Ница
- 8. ГП Мигел Индураин
- 2018
- Национални друмски првенства
- 3. Краен пласман Париз-Ница
- 3. Краен пласман Трка околу Оман
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
Награда за борбеност на етапа 13 Вуелта а Еспања
- 2019
- 1. Податотека:Jersey multicolor2.svg Краен пласман Тур де ла Прованс
- 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
- 3. Национално хронометарско првенство
- 4. Класика де Сан Себастијан
- 9. Светско друмско првенство
- 2020
- 3. Државно првенство во велокрос
Распоред на резултатите на трките
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads