Кожани (грчки : Δήμος Κοζάνης , Димос Козанис ) — општина во Кожанскиот округ на Егејска Македонија , денес во областа Западна Македонија , Грција . Административен центар е истоимениот град Кожани .
Повеќе информации Општина Кожани Δήμος Κοζάνης, Карта на општина Кожани ...
Затвори
Општината Кожани е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари општини: Кожани (Козани), Калјани (Ејани), Елимеја, Димитриос Ипсилантис и Хелеспонт (Елиспондос).
Напомена: Називите „Елимеја“, „Димитриос Ипсилантис“ и „Хелеспонт“ не се однесуваат на ниедно постоечко населено место, туку се слободно дадени имиња. „Елимеја“ е наречена по долномакедонската област Елимеја , согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија . „Димитриос Ипсилантис“ е фанариотски деец од XIX век, а „Хелеспонт“ е друго име за Дарданелите помеѓу Белото и Мраморното Море.
Општинска единица Кожани
Поранешната општина Кожани на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Кожани ги опфаќа следниве населени места:
град Кожани (Κοζάνη, Козани)
село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки) новосоздадено
старечки дом „Гирокомио“ (Γηροκομείο) (98)
село Баракли (или Бајракли; Εξοχή, Ексохи)
село Велишта (Λευκοπηγή, Левкопиги)
село Деинли (или Динли; Λυγερή, Лигери)
Општински оддел Драгодалишта
село Драгодалишта (или Дравуданишта; Дромово; Μεταμόρφωση, Метаморфоси)
село Ениќој (Άργιλος, Аргилос)
манастир „Вознесение Христово“ (Ιερά Μονή Αναλήψεως)
болница „Спинарис “ (Σπινάρης)
село Извор (или Ак Бунар; Λευκόβρυση, Левковриси
Општински оддел Калбуџилар
Општински оддел Кало Обаси
село Кало Обаси (или Коба Оваси; Καλαμιά, Каламија)
Општински оддел Коџа Матли
село Коџа Матли (или Коџа Ахметли; Βατερό, Ватеро)
село Портораз (или Путарас; Πρωτοχώρι, Протохори)
Општински оддел Сариханлар
Општински оддел Сармусалар
село Спурта (Καρυδίτσα, Каридица)
Општински оддел Ќучук Матли
село Ќучук Матли (или Ќучук Ахметли; Νέα Νικόπολη, Неја Никополи)
село Џиџилер (Πετρανά, Петрана)
хотел „Целикас“ (Τσελίκας)
село Нова Џума (или Нова Џумаја; Νέα Χαραυγή, Неја Харавги)
село Џума (или Џумаја; Χαραυγή, Харавги)
село Шајнлер (или Сахинлар; Ξηρολίμνη, Ксиролимни)
Општинска единица Димитриос Ипсилантис
Поранешната општина Димитриос Ипсилантис на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Димитриос Ипсилантис со седиште во Караагач ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
село Караагач (Μαυροδένδρι, Мавродендри)
село Врдомици (или Ердогмуш; Ποντοκώμη, Пондокоми)
Општински оддел Димирџилер
Општинска единица Елимеја
Поранешната општина Елимеја на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Елимеја со седиште во Гоблица (Кркос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Бујук Текелер
Општински оддел Голема Ваница
село Докчилар (Κοντοβούνι, Кондовуни)
село Куле (Πύργος, Пиргос)
Општински оддел Мала Ваница
село Мала Ваница (или Мала Ванча; Κάτω Κώμη, Като Коми)
Општинска единица Калјани
Поранешната општина Калјани на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Калјани со седиште во Калјани (Еани) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Радовишта
село Рамна (Ρύμνιο, Римнио)
Општински оддел Света Петка
село Стени (Κτένι, Ктени)
Општинска единица Хелеспонт
Поранешната општина Хелеспонт на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Хелеспонт со седиште во Јусќуплер (Килада) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Јусќуплер
село Јусќуплер (или Јускуплер; Κοιλάδα, Килада)
село Кахриманли (или Караманли; Κρεμαστή, Кремасти)
село Ќоселер (или Ќосилер; Θυμαριά, Тимарија)
село Ишаклар (Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос)
село Дортали (Τετράλοφος, Тетралофос)
Општински оддел Караџилар
село Караџилар (Δρέπανο, Дрепано )
село Чакирли (Чакарли или Чакирлар; Γαλάνι, Галани)
село Моранли (или Емир Ханли; Ρυάκι, Раки)
село Чобанли (Βοσκοχώρι, Воскохори)
На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Магула .