македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ From Wikipedia, the free encyclopedia
Михајло Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 - Дојран, 7 август 1987) — македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој.[1][2][3]
Михајло Апостолски | ||
Роден на | 8 ноември 1906 | |
Роден во | Ново Село, Косовски вилает, Османлиско Царство | |
Починал на | 7 август 1987 80) | (возр.|
Починал во | Дојран, СР Македонија, СФРЈ | |
Професија | воeно лице | |
Член на КПЈ од | април 1942 | |
Учество во војни | Народноослободителна борба | |
Во НОВ | командант на ГШ на НОВ и ПО во Македонија | |
Служба | Војска на Кралство Југославија; Народноослободителна војска и Југословенска народна армија | |
Чин | генералполковник | |
Функција | Претседател на МАНУ | |
Мандат | 1976. - 1983. | |
Претходник | Блаже Конески | |
Наследник | Јордан Поп Јорданов |
Основното и средното училиште ги завршил во Штип. Во 1927 г. ја завршил Воената академија во Белград, во 1933 Високата воена академија, а во 1938 г. ја завршил и Генералштабната академија. За време на престојот во Белград, Михајло се дружел со македонските студенти и посетувал состаноци кои забранети за офицерите.[4]
Втората светска војна го затекнала во чинот генералштабен мајор на служба во Љубљана, на должноста началник на штаб на дивизија.[4]
Во текот на кратката Априлска војна во 1941 година командувал со планинските единици на Алпите. Кога Германците ја нападнале Југославија, тој наредил да се урнат сите мостови за да се забави нивното напредување.[5] По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.[6][7] Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци.[1]
По враќањето во Македонија окупирана од бугарска фашистичка чизма,[8], во септември 1941 година се поврзува со народноослободителното движење во Македонија. Во септември истата година бил назначен за член на Покраинскиот воен штаб на Македонија, а од јуни 1942 година за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Во мај 1943 година бил назначен за генерал мајор. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ.
Од февруари 1944 година покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум.
Претседател на МАНУ | |
---|---|
На должноста 1975–1983 | |
Претходник | Блаже Конески |
Наследник | Јордан Поп Јорданов |
Во февруари 1945 година бил назначен за началник на Врховниот штаб на НОВ (односно на Генералштабoт на Југословенската армија). Извршувал и други одговорни функции во ЈНА. Помеѓу 1946 и 1952 година бил командант на сараевската воена област и началник на високата воената академија на ЈНА. Се пензионирал со чин генералполковник.
По престанувањето на неговата активна воена служба, започнал интензивно да се занимава со историја. Во периодот од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја. Во својата научна работа напишал повеќе библиографски едници, а ја објавил и првата Историја на ослободителната војна на македонскиот народ 1941-1945 (издадена во Скопје, 1967 година).[3]
При основањето на Македонската академија на науките и уметностите (на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член. Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите. Подоцна е избран и за член на Југословенската (денес: Хрватска академија на науките и уметностите), Словенечката, на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина и на Академијата на Косово.[2]
Од 1976 година до 1983 година бил претседател на МАНУ. Во периодот од 1978 до 1981 година бил претседател на Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ. Бил и член на и Советот на федерацијата.
На 11 октомври 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој.[9] Добитник е и на наградата АВНОЈ во 1978 година - највисоката награда која ја доделувала СФРЈ, како и многу други награди и општествени признанија.[3]
Денес Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и орденот „Михајло Апостолски“ го носат неговото име.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.