Алфонсо Перес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Алфонсо Перес Муњос (роден на 26 септември 1972 година, во Хетафе) — шпански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Кратки факти Алфонсо Перес, Лични податоци ...
Remove ads

Кариера

Клупска кариера

Алфонсо е роден во Хетафе, предградието на Мадрид и ја започнал својата кариера во Реал Мадрид. Во 1991 година, на возраст од само 18 години, го направил своето деби за првиот тим на Реал. Иако тој никогаш не врежал редовно место во почетниот состав на кралевите - играјќи главно како замена прво на Емилио Бутрагуењо, а потоа и на Иван Заморано - тој сепак му помогнал на клубот од главниот град да го освои шпанското првенство во сезоната 1994-1995.

Во летото 1995 година, Алфонсо му се приклучил на Реал Бетис. Во неговата втора сезона во клубот, тој постигнал 25 гола во лигата што е најголемиот број на голови постигнати од еден играч на Бетис за време на една сезона; тој исто така бил втор стрелец во лигата зад Роналдо и му помогнал на својот клуб да заврши на високото четврто место.[1][2]

По одличните игри за Бетис и за шпанската репрезентација на Европското првенство 2000, во летото 2000 година Алфонсо потпишал за Барселона. Сепак, тој имал големи потешкотии да се прилагоди на Камп Ноу, постигнувајќи само два гола во лигата (и двата во гостинската победа со 6-0 над Реал Сосиедад) и уште три во Купот на Шпанија за време на својата прва сезона. Откако во следната сезона играл многу малку за Барса, тој бил проследен на позајмица во францускиот Олимпик Марсеј во јануари 2002 година, која исто така се покажала не успешна.[3]

Пред почетокот на сезоната 2002-2003, Алфонсо се вратил во Бетис. После две сезони во кои постојано се мачел со повреди и не бил во препознатливата форма, Алфонсо ја завршил својата кариера во јуни 2005 година. Со 80 гола за Бетис, тој е шести најдобар стрелец во историјата на клубот.

Репрезентативна кариера

Алфонсо одиграл 38 натпревари и постигнал 11 голови за сениорската репрезентација на Шпанија, правејќи го своето деби во пријателски натпревар против Англија на 9 септември 1992 година, во Сантандер.[4]

Тој ја претставувал својата земја на Европското првенство 1996. Тој ги одиграл сите натпревари на Шпанија на турнирот и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Бугарија во првиот натпревар на репрезентацијата.[5] Шпанците биле елиминирани во четвртфиналето од домаќинот Англија по изведување на пенали.

Две години подоцна, Алфонсо бил повикан во составот на Шпанија за Светското првенство 1998, каде одиграл два натпревари.

Својот последен голем турнир со Шпанија, Алфонсо го имал на Европското првенство 2000. Тој ги одиграл сите натпревари за својата земја (три од нив бил стартер) на првенството во Белгија и Холандија и постигнал два гола, и двата во победата со 4-3 над СР Југославија во последното коло од групата, круцијална за Шпанија да остане на турнирот; откако шпанците губеле со 3-2, во 90-тата минута бил досуден пенал за нив кој во гол го претворил Гаиска Мендиета, а веднаш потоа на неколку секунди до крајот Алфонсо со спектакулерен гол, негов втор во натпреварот, ја води црвената фурија до победа од 4-3 и пласман во четвртфиналето.[6] Сепак, таму тие биле елиминирани од подоцнежниот шампион Франција со 1-2.

Remove ads

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија, Дата ...
Remove ads

Титули

Клупски

Шпанија Реал Мадрид

1994-1995
  • Куп на Шпанија Куп на Шпанија : 1
1992-1993
  • Суперкуп на Шпанија : 1
1993

Шпанија Реал Бетис

  • Куп на Шпанија Куп на Шпанија : 1
2004-2005

Репрезентативни

1992

Поединечни

  • Фудбалер на годината во Шпанија : 1
1998

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads