Бања (Воденско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бања (Воденско)
Remove ads

Бања (грчки: Λουτροχώρι, Лутрохори; книжевно: Λουτροχῶριov, Лутрохорион; понтиски грчки: Λουτροχώρ, Лутрохор; до 1926 година: Μπάνια, Бања[2]) — село и бања во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Бања Λουτροχώρι, Земја ...

Во селото има три лековити извори и претставува една од најпознатите бањи во Грција.

Селото е седиште на архијерејското намесништво на Воденско-пелско-мегленската епархија на Грчката православна црква.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Местоположба

Селото се наоѓа 9 километри северно од градот Негуш, на околу 7 километри југозападно од градот Вртикоп, во самото воденско-пазарско поле, на надморска височина од 90 метри.[4]

Сместено е во областа Сланица, во североисточното подножје на планината Каракамен, на околу 20 километри југоисточно од градот Воден.

Соседни места

Повеќе информации Соседни места ...

Клима

Бања се наоѓа под влијание на средоземната клима. Летата се топли до жешки и релативно долги; зимите се студени и релативно кратки.

Средната максимална дневна температура во јуни изнесува 29 °C, во јули 31 °C и во август 32 °C. Средната минимална дневна температура во декември изнесува 3 °C, во јануари 1 °C и во февруари 3 °C.

Средната месечна температура во јануари изнесува 4 °C, во јули и во август 25 °C. Средната годишна температура изнесува 14,8 °C. Вкупните годишни врнежи изнесуваат 470 mm. Минималните врнежи во август изнесуваат 23 mm, а максималните врнежи во декември со 53 mm.

Максималната измерена температура во Бања изнесувала 42,8 °C, додека минималната −15,3 °C.[5]

Повеќе информации Клима на Бања, Показател ...
Remove ads

Историја

До 1924 година, селото Бања, како и повеќе села од оваа област, било населено исклучително со македонско население.[4]

Во текот на 1920-тите години, во Бања биле населени понтски Грци, иселени од Турција во согласност со Лозанскиот мировен договор и со тоа во 1928 година селото претставувало мешана населба со вкупно 115 жители.[6]

Во 1926 година, селото било преименувано во Лутрохори (Λουτροχώρι; буквално „бањско село“).[7]

Потекло и значење на името

Името го добило поради минералните топли и лековити извори што се наоѓаат во непосредна близина.

Remove ads

Стопанство

Бидејќи се наоѓа сред поле и дел од земјата се наводнува, селото е доста богато. Покрај големите количества овошје како резултат на развиеното овоштарство, населението произведува и пченица, памук, сусам и други земјоделски производи, а делумно е развиено и краварството.[4]

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бања (Banya) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 15 куќи со вкупно 67 жители.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 84 жители Македонци.[4][9] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бања имало 80 Македонци.[4][10]

Во пописот од 1913 година било забележано само со 23 жители, а во 1920 година со 56. Бидејќи тука подоцна се населиле извесен број бегалски семејства од Понд, селото станало мешана населба, која во 1928 година имала 165 жители, а во 1940 година поради натамошното населување и на други бегалски семејства, бројот на жителите се зголемил на 323, од кои 113 Македонци и 210 бегалци. Во Граѓанската војна, селото не претрпело никакви загуби, така што во пописот од 1951 година било забележано со 367 жители, во 1961 година имало 435, во 1971 година 391, во 1981 година 739, а во 1991 година 483 жители.[4]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 466 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 458 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Каменик, во кој покрај Бања влегуваат и селата Каменик и Ново Село.

Општествени установи

Образовни
  • Основно училиште[11]
  • Градинка[12]

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Илија“ — планинска црква на околу 2,5 километри северозападно од денешното село;
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — црквата на наоѓа на околу половина километар од селото, во црквата се наоѓа чудотворна икона. Црквата потекнува од XIII-XIV век, до 1950 г. претставувала главна селска црква во селото. Моментално е заштитен споменик на културата.
  • Црква „Сите Светители“ — базилика и главна црква на селото Бања, изградена во 1940 година, од 1950 година претставува главна црква
  • Црква „Св. Спас“ — параклис, сместен на 100 метри од главната црква „Сите Светители“
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads