Гент-Вевелгем 2020
82. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гент-Вевелгем 2020 — 82. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 11 октомври 2020 година како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
Како еден од пролетните класици, Гент-Вевелгем првично бил закажан да се одржи на 29 март 2020 година, но бил откажан поради пандемијата на КОВИД-19 во Белгија.[1] Трката била повторно закажана за 11 октомври 2020 година како дел од обновениот календар,[2] и била единствена белгиска трка која се одржала во тој дел од сезоната.
Remove ads
Рута
Организаторите на трката побарале гледачите да ја следат трката од дома и не ги објавиле деталите на рутата на јавноста пред самиот почеток на трката.[3][4] Бидејќи делови од трката поминувале низ Франција, истите морале да бидат отстранети поради влошувањето на пандемијата во Франција.[5] Почетните времиња биле исто така прилагодени за да се избегнат со оние на Џиро д’Италија. По првпат, машката трка започнала пред женската трка.[6]
Remove ads
Екипи
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[7] Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи. Иако повеќето екипи настапиле со максималните седум возачи, Кофидис, Групама-ФДЖ и Тим Санвеб настапиле со само шест, додека Мовистар Тим настапиле со само пет. Само 95 од вкупно 170 возачи ја завршиле трката.[8][9]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)
|
![]() |
Remove ads
Поредок
Завршен пласман
Список на учесници
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads