Грдовци

село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

Грдовциmap
Remove ads

Грдовци — село во Општина Кочани, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името Грдовци потекнува од старословенскиот збор „грд“ што има повеќе значења (горд, смел, вообразен). Името се однесува на одликите на припадниците на племето кое го основале ова село во средниот век.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на Општина Кочани, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 314 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 4,4 километри, па може и да се смета дека припаѓа на неговата рурбална зона.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 1309.

Грдовци е големо полско село, сместено помеѓу Брегалница и Оризарска Река. Од коритото на Брегалница е оддалечено околу 600 метри, поради што кога реката има голем тек причинува значајни штети во селото. Во минатото, водата за пиење доаѓала од голем број на пумпи (околу 100). Атарот на селото се простира на левиот и десниот брег на Брегалница.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Амбар, Бел Камен, Трница, Лопен, Ќерамидница, Кадриово, Белиновец, Подбелиновец, Мало Поле, Стричко, Водотек, Ѓерен, Роѓово, Мојанско Поле, Маџирска Мера, Ефендиска Мера и Подбрег.[3]

Селото има збиен тип, поделено на четири големи маала: Горно, Средно, Долно и Турско Маало. Последното маало се наоѓа на патот за селото Зрновци. Иако порано во нејзе живееле Турци, денес во нејзе живее македонско население.[3]

Грдовци важи за едно од најдобро урбанизираните села во Кочанско. Скоро 80% од улиците во селото се асфалтирани, со сопствен водовод и канализација, поставени во 1980-тите години.

Remove ads

Историја

Thumb
Птичји поглед на селото со новоизградената црква „Св. Троица“, на местото на започнатата црква во 1935 година

Грдовци е едно од најстарите населени места по текот на Брегалница. Во пишаните извори за првпат се споменува во записи од средниот век, во кои Грдовци е споменато на 15 август 1381 година како заселок на Морозвизд, кога Константин Дејанов го приложил на манастирот Хиландар.[3]

Првобитно, Грдовци се наоѓало на месноста Стара Мера, на левиот брег на реката Брегалница, што се наоѓа 1,5 километри јужно од денешното село. Но, поради поплави од реката Брегалница, селаните постепено го поместиле селото на денешната местоположба. На денешното место се наоѓа од средината на XIX век. При преместувањето, некои од мештаните извесно време имале куќи и на месноста Ѓерен. На месноста Стара Мера денес нема остатоци од старото село и од гробиштата, бидејќи Брегалница ги затрупала со наноси или ги однела со себе.[3]

Средновековното село Грдовци, пак, се наоѓало на Плачковица помеѓу денешните села Мородвис и Зрновци. Од тоа Грдовци се зачувани неколку македонски родови. До крајот на Втората светска војна, Грдовци имало свои месноста и на планината Плачковица, кои се нарекувале: Пролетник, Бунарџик, Мала и Голема Орница, Чалот, Црква, Џамија и Стар Пржар. Овие месности се наоѓаат помеѓу планинските делови на атарите на Мородвис и Зрновци. Мештаните на Грдовци на атарот на Плачковица најчесто ја користеле шумата.[3]

Покрај Македонците во Грдовци живеела и една мала група на Турци, а нивните куќи биле во денешното Турско Маало. Во 1878 година, во селото биле населени и турски мухаџирски домаќинства од Бугарија (од околината на Плевен). Така, во 1912 година, селото било запишано како мешано село со 60 македонски, 30 турски и 6 ромски[4] (муслимански) домаќинства.[3]

Во 1912 година, од постарото турско население биле 10 турски куќи, додека од мухаџирите биле 20 куќи. Во текот на Балканските војни, сите Турци биле иселени и нивните куќи биле запалени.[3]

Турските гробишта во селото се наоѓале „под село“, каде што денес се наоѓа зградата на задругата.[3]

Покрај селото, од неговата источна страна се наоѓа месноста Црквиште, а мештаните говорат дека тоа било „старо оброчиште“. Околу него порано имало стари гробови со камени плочи. На Црквиште се наоѓа камен крст Света Троица. Кај крстот до Втората светска војна мештаните се собирале за Духовден, кога е и селската слава.[3]

Во 1935 година, во средишниот дел на селото, селаните започнале да ѕидаат црква, која ја подигнале до висината на кровот. По Втората светска војна, селаните собрале 7 тони ориз, кој планирале да го продадат и со тие пари да ја довршат црквата. Меѓутоа, кочанската власт им го одзела оризот. Селските гробишта се наоѓаат 200 метри понатаму од оваа недовршена црква.[3]

Remove ads

Стопанство

Thumb
Рачно сеење на оризова арпа во Грдовци. Основна дејност на населението во Грдовци одгледувањето на ориз.

Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 580 хектари, на пасиштата отпаѓаат 4,2 хектари, а на шумите само 1,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работела земјоделска задруга, има продавници и угостителски објекти.[2]

При ослободувањето од Турците, во селото се наоѓале неколку чифлици, чии сопственици биле кочански Турци. Тие чифликсајбии биле Зејнел-ефенди, Мамут-ефенди, Сали-ефенди, Аџи Риза, Ше Усејин и други. Нивната земја ја работеле Македонците и Ромите.[3]

Основна дејност од која населението во Грдовци остварува најголем приход е земјоделието, односно одгледувањето на „белото злато“ - оризот. Во полињата кои се наоѓаат во атарот на Грдовци се произведува најквалитетниот ориз во кочанската околина, кој е надалеку познат и е основно обележје на општината. Најголем број од вработените работат во Кочани.

Грдовци е село со најголем број продавници и угостителски објекти гледано во однос по број на жители. Во селото активно работат 6 продавници, 2 маркети за најразновидна стока и алати, 3 кафе-барови, 2 кафеани и интернет-кафе. Исто така селото располага со фабрика за ориз, која е во приватна сопственост, како и производствен погон за делови за моторни возила.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грдовци живееле 505 жители, од кои 380 Македонци и 125 Турци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грдовци имало 504 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци и 25 до 50 Турци.[7]

Селото е големо, со пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 1.128 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.281 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало 1.288 жители, од кои 1.281 Македонец и 7 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 930 жители, од кои 886 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 1 Бошњак, 1 останат и 40 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Грдовци е македонско православно село.[3]

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Најстари родови: Иљовци (16 к.), Гаврилци (12 к.), Балванци (10 к.), Митревци (8 к.), Шуманци (6 к.), Тасиовци (6 к.), Туманци (5 к.), Дедо Ристови (4 к.), Дедо Трајанови (4 к.) и Дедо Митреви (2 к.), за нив се говори дека потекнуваат од предци доселени од раселеното село Грдовци или Грдилово на планината Плачковица.
    • Останати родови со познато потекло: Шалтовци (13 к.), доселени се од некое село во околината на Лерин во Егејска Македонија. Од таму избегале поради убиство, најпрво во селото Блатец. А во XIX век се доселиле во селото Грдовци; Бачковци (8 к.), доселени се од селото Мородвис; Лесковци (6 к.), доселени се од селото Лески кај Виница; Врсаковци (5 к.), доселени се од селото Врсаково кај Штип (Овче Поле); Гризловци (4 к.), доселени се во турско време од селото Гризилевци кај Пробиштип; Накови (5 к.), Стојчеви (3 к.) и Црвењачки (2 к.), доселени се од селото Прибачево; Дебарски (4 к.), доселени се во 1916 година од мијачкото село Осој; Џебови (2 к.), доселени се од селото Бели; Пресечани (6 к.) и Костиндолци (2 к.), доселени се во 1946 година. Првите од Пресека, а вторите од Костин Дол; Димитриови (2 к.), доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица; Биљкови (1 к.), доселени се од Кратовско и Паунови (1 к.), доселени се од Кочани.
    • Родови со непознато потекло: Каурмаџинци (6 к.), Лазарови или Кајмакарци (7 к.), Чукови (6 к.), Бисини (6 к.), Баљови (5 к.), Маневци (4 к.), Мустревци (4 к.), Ќосевци (4 к.), Спасевци (4 к.) и Јованови (3 к.), доселени се, но не знаат од каде.
    • Доселеници од Егејска Македонија: Егејци (4 к.), доселени се во 1947 година од селото Зрново кај Драма во Егејска Македонија.
  • Влашки родови: Власи (2 к.), тие се Власи по потекло. Доселени се во 1947 година од некое место кај Воден во Егејска Македонија, веројатно од Меглен.

Иселеништво

Од селото се имаат иселено Турците во 1912 година (околу 30 домаќинства). При војните се иселиле и ромските домаќинства (6 к.). Во минатото повремено имало иселувања и од Македонците, па така од родот Иљовци (1 к.) се преселиле во Кочани, а од родот Шалтовци (1 к.) исто така заминале во Кочани.[3]

Во поново време е забележано намалување на бројот на жителите.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Грдовци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кочани.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Оризари, во која покрај селото Грдовци се наоѓале селата Безиково, Оризари, Пресека, Прибачево и Цера. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Грдовци, во која влегувале селата Грдовци и Прибачево.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0863 и 0864 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата и основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 963 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 977 гласачи.[16]

Remove ads

Личности

Личности родени во Грдовци:

Културни и природни знаменитости

Цркви[17]
Параклиси
Џамии
  • Во минатото на сретсело постоела џамија. Таму сега се наоѓа дворот на Александар Шуманов.[3]

Редовни настани

Слави[3]

Култура и спорт

Во селото постои еден фудбалски клуб „Агрос“, кој редовно настапува во општинската фудбалска лига, како и на Илинденските спортски игри во Чешиново и Богородичниот турнир во селото Долни Подлог.

Во селото има и играорна и карате секција. Играорната секција работи во рамките на фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов” од Оризари и во него активно членуваат околу триесетина деца од селото. Карате секцијата е во рамките на карате клубот „Ипон“ од Кочани и во него активно учествуваат околу дваесетина деца од селото.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads