Милано-Санремо 2018
109. издание на велосипедската трка Милано-Сан Ремо From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Милано-Санремо 2018 — 109. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 17 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена од Винченцо Нибали од екипата Бахреин-Мерида, станувајќи првиот Италијанец по Филипо Поцато во 2006 година кој го освоил овој класик.[3] Нибали нападнал на Поџо ди Санремо и успеал да се одржи пред спринтерите во завршните метри за победа.[4] Кејлеб Јуан (Мичелтон-Скот) ги предводел спринтерите секунда пред возачот на Групама-ФДЖ Арно Демар, победник во 2016 година.[4]
Remove ads
Екипи
Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[6][7] Секоја екипа имала право да настапи со седум возачи, што довело главната група да има 175 натпреварувачи.[8]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Рута
Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.[9]
Рутата за 2018 била првично предвидена да биде долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо.[10] Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино[11], иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.[12]
Еден ден пред трката било објавено дека трката била продолжена на 294 километри со пренасочување по првичната ознака за 100 километри кај Базалуцо.[11]
Remove ads
Фаворити пред трката

Трикраткиот светски првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) бил сметан за најголем фаворит за победа. За разлика од другите бил сметан како возач кој можел да победи во масовен спринт, како и во доцен напад на завршното искачување. Дошол на трката со добра форма, завршувајќи втор на три етапи на Тирено-Адријатико, етапна трка која се одржала пред Милано-Санремо.[13] Михал Квјатковски (Тим Скај), бранителот на титулата, бил исто така сметан за силен фаворит, откако го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс), кој бил трет во 2017 година, бил исто така сметан меѓу фаворитите за трката. Додека Квјатковски и Алафилип бил сметани за бегство на едно од последните брда, неколку спринтери се вбројувани меѓу фаворити доколку поголема група пристигне на целта заедно.[12] Победникот во 2014, Александер Кристоф (ОАЕ Тим Емирати) бил меѓу нив, како и Арно Демар (Групама-ФДЖ), кој ја освоил трката во 2016 година, но се повлекол од Париз-Ница поради настинка.
Други силни спринтери меѓу почетниот состав биле Елија Вивијани (Квик-Степ Флорс), Матео Трентин (Мичелтон-Скот), Едвалд Боасон Хаген (Тим Дименжн Дата), Магнус Корт (Астана), Андре Грајпел (Лото-Судал)[14] и Марсел Кител (Катјуша-Алпесин), кој учествувал на трката по првпат.[12] Мајкл Метјус (Тим Санвеб), обично исто така фаворит, немал големи шанси поради повреда на рамото,[14] која ја здобил три недели претходно на Омлоп Хет Ниусблад. Победникот од 2015 година, Џон Дегенколб (Трек-Сегафредо) ја пропуштил трката поради болест, како и неговиот колега Џакомо Ницоло.[15] Фернандо Гавирија (Квик-Степ Флорс) исто така ја пропуштил трката,[14] поради повреда на раката здобиена на Тирено-Адријатико. Неговиот колега Филип Жилбер, кој завршил на подиум на Милано-Санремо двапати во минатото, целел на победа за да се доближи до неговата цел за победа на сите пет „монументални трки“ во велосипедизмот.[12] Други возачи кои можеле да имаат шанси на едно од искачувањата пред целта биле Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), олимпискиот првак Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), Џани Москон (Тим Скај) и Нејтан Хас (Катјуша-Алпесин).[12]
Remove ads
Поредок
Завршен пласман
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads