Затерландски фризиски јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Затерландски фризиски јазикmap
Remove ads

Затерландскиот фризиски јазик (или сатерски, самонар. Seeltersk) — единственото преостанато наречје на источнофризискиот јазик кое е во блиско сродство со фризиски јазици: севернофризискиот (во Германија) и западнофризискиот (во Холандија).

Кратки факти Затерландски фризиски, Застапен во ...
Remove ads

Стариот источнофризиски и неговата судбина

Стариот источнофризиски јазик се говорел во Источна Фризија (Ostfriesland) - областа помеѓу реката Лауерс во Холандија и Везер во германската покраина Долна Саксонија. Во подрачејто влегувале и два мали округа на источниот брег на Везер, наречени Вурстен и Вирден. Јазикот може да се подели на две наречја: везерско на исток, емско на запад. На почетокот на XVI век почнал да се повлекува под силен притисок на околните долногермански дијалекти и полека да се губи. Денес важи за изумрен, со исклучок на затерландското наречје.

Емското наречје се говорело сè до средината на VII век, а везерското практично изумрело на почетокот на XVIII век, со извесни говорници на островот Вангероге, каде последниот починал во 1953 г. Денес јазикот повеќе не се зборува, но голем број од месното население се смета за фризиско и го нарекува матичниот дијалект Freesk (на долногермански). На германски, овој дијалект е наречен „источнофризиски“ (Ostfriesisch) и се одликува со забележлив фризиски супстрат и покрај темелната германизација.

Присуството на јазикот во ова подрачје се должи на преселба на фризиско население од Источна Фризија во денешен Затерланд во текот на XI век. Јазикот се зачувал низ вековите благодарение на ограничените контакти на населението со соседните групи поради непроодниот барски терен околу затерландската област. Друга причина е угледот на фризискиот, кој долго важел за попрестижен од долногерманскиот.

Веројатно важна улога за јазикот одиграла и Триесетгодишната војна, кога Затерланд влегол во состав на епископското кнежевство Минстер. Населението му се вратило на католицизмот и кај 1630 г. престанало со склучување на бракови со протестантски семејства од останатиот дел на Источна Фризија.

Remove ads

Говорници

Thumb
Двојазичен знак, with the second line showing the place name in Sater Frisian

Денес затерландскиот фризиски има 2.250 говорници од вкупно 10.000 жители во општината. Се проценува дека 2.000 го владеат добро, а околу половина од нив се матични говорници.[1] Огромен дел од лицата што го користат како мајчин јазик се постари, па затоа затерландскиот се смета за загрозен јазик. Се претпоставува дека јазикот повеќе не е на умирање бидејќи во последно време предизвикува зголемен интерес кај помладите. Меѓу нив постојат и такви што посветено го говорат во домот и ги воспитуваат децата на тој јазик.

Remove ads

Дијалекти

Јазикот има три дијалекти, застапени во трите главни села во општината Затерланд: Рамслох (Ромелсе), Шарел (Схедел) и Штриклинген (Струкелје). Дијалектот во Расмлох денес ужива престижен статус налик на стандард поради тоа што е земен при изготвувањето на граматиката и лексиконот.

Статус

Германската влада нема направено знајачни напори за зачувување на затерландскиот фризиски јазик, иако е признаен како загрозен малцински јазик со повелбата на ЕУ од 1998 г. Сите активности за запазување и промовирање на јазикот ги врши организацијата „Затерландски сојуз“ (Seelter Buund) каде членуваат активисти и јазичари. Во XX век е напишан и извесен број на книжевни дела на овој јазик. Постои и превод на Новиот завет.

Remove ads

Фонетика и фонолгија

Изговорот на затерландскиот фризиски се смета за многу конзервативен, како што била и сета источнофризиска група во однос на старофризискиот.[3] Следниве табели се водат според трудовите на Марон К. Форт.[4]

Самогласки

Монофтонзи

Согласката /r/ често се остварува како самогласка [ɐ] на крајот од слогот.

Кратки самогласки:

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Полудолги самогласки:

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Долги самогласки:

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Дифтонзи

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Согласки

Избувни: Денес звучните избувни согласки на завршетокот од слогот обично се обезвучени. Постарите лица може да користат необезвучени завршетоци.

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Струјни:

Повеќе информации Графема, Фонема ...

Други согласки:

Повеќе информации Графема, Фонема ...
Remove ads

Споредба со други јазици

затерландски фризиски: Die Wänt strookede dät Wucht uum ju Keeuwe un oapede hier ap do Sooken.
севернофризиски (мориншки): Di dreng aide dåt foomen am dåt kan än mäket har aw da siike.
западнофризиски: De jonge streake it famke om it kin en tute har op 'e wangen.
источнофризиски долносаксонски: De Jung straktde dat Wicht üm't Kinn to un tuutjede hör up de Wangen.
германски: Der Junge streichelte das Mädchen ums Kinn und küsste sie auf die Wangen.
холандски: De jongen aaide/streelde het meisje over haar kin en kuste haar op haar wangen.
африканс: Die seun streel die meisie oor haar ken en soen haar op haar wange.
англиски: The boy stroked the girl on the chin and kissed her on the cheeks.

македонски: „Момчето ја погали девојката по подбрадокот и ја бакна во образите.“
Remove ads

Литература

  • Fort, Marron C. (1980): Saterfriesisches Wörterbuch. Hamburg: Helmut Buske.
  • Kramer, Pyt (1982): Kute Seelter Sproakleere - Kurze Grammatik des Saterfriesischen. Rhauderfehn: Ostendorp.
  • Stellmacher, Dieter (1998): Das Saterland und das Saterländische. Oldenburg.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads