Фотовишта

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фотовиштаmap
Remove ads

Фотовиштасело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Фотовишта Огняново, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Фотовишта е сместено на десниот брег на реката Канина, во подножјето на родопскиот гребен Дабраш. Селото е оддалеено на 4 километри северозападно од општинскиот центар Грмен, а најблискиот град е Неврокоп - 12 км југозапад. Од Горна Џумаја се наоѓа на околу 118 километри југосточно. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 700 мм). Во регионот на селото има наоѓалиште на дијатомит.[1] Таму е пронајден отпечаток од риба, што укажува дека областа околу Фотовиштав некогаш била на дното на слатководното езеро.[2]

Сместено е на ридско подрачје богато со вегетација, опкружено со планините Пирин и Родопите. Фотовишта е добро познат спа-центар, чиј најпопуларен и минерален извор е познат како Мирото.[3]

Минерални бањи

На половина километар северно од селото во месноста Крајселско има група од седум минерални извори и бунар со температура од 35-39,5 ° С и ниска минерализација, погодна за лекување на болести на мускулно-скелетен систем, невролошки, гинеколошки и уролошки заболувања. Тука е изграден диспанзерот Огњаново - т.н. Рурални бањи. На километар и североисточно од селото во областа Крајречко има втора голема група на минерални извори - Гоцеделчевски или Градски бани со температура од 41 C. Во 1963 година Огњаново било прогласено за спа-центар од локално значење.[4]

Минералната вода е безбојна, чиста и без мирис, погодна за многу болести.[5]

Remove ads

Историја

Средновековен период

Во месноста Грамадите југозападно од селото има траги од средновековна населба, а во месноста Градец се откриени остатоци од кула за набудување.[4]

Османлиско Царство

Според легендата, Фотовишта е продолжение на стара македонска населба по име Потопишта. Под називите Хотогашта и Хотовишта, селото се споменува во отоманските даночни регистри од втората половина на 15 век, 1623 - 1625, 1635 - 1637, 1660 и 1671 година како претежно христијанско село, чиешто население се зголемува.[6] Всушност, во 1478 - 1479 година се споменува со 1 муслиманско и 53 немуслимански домаќинства[7]. Во 1519 година е назначено како село со 10 муслимански и 76 немуслимански домаќинства.[8] Во 1530 година се споменува повторно со 10 муслимански и 108 немуслимани домаќинства.[8] Во документ од 1546 година се споменува дека селото му припаѓа на вакафот на Коџa Мустафа Паша.[9] Во регистарот на џезии во 1615 година, селото било обврзано за плаќање 31 ханети,[10] а во 1615 година со 37.[11] Во 1660 година, селото било обврзано да плаќа 44 ханети.[12] Во 1671 година, претставници од сите села биле повикани во Неврокоп за да сведочат на суд дека им биле платенаи купените претходно државни производи. Од муслиманските села бил испратен муслиманин, од христијанските села бил испратен христијанин, а муслиманин и христијанин од мешаните села. Селата во кои живееле луѓе со повисок социјален статус биле претставени од нив без оглед на нивната религија. Во овој документ Рибново е претставен од христијанин.[10] Во 1723 година, 8 муслимани и 11 христијани од селото биле обврзани за плаќање на данокот авариз.[13] Освен под името Хотовишта (حــوطــويــشــتــه), селото се споменува и како Фотовишта (فــوتــوشـتــه, فـتــوشـتــه).[14]

Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името Фотовишта произлегува од презимето „Хотов“.[15] Според Васил Миков етимологијата е превод од грчкиот топоним Фотовишта („фотос“ – светлина).

Во текот на 19 век, селото било мешано, и припаѓало на Неврокопската каза на Отоманското Царство. Помаците во селото дошле од неврокопските села Горно Дреново, Бабјак, Скребатно, Избища и други. Во 1835 година во селото била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Пред влезот на црквата има натпис на кој пишува:

Храмъ престыѧ влдцы нашеѧ Бцды и приндвы Маріи честнагω и славнаго еѧ успеніѧ сьградисѧ съ доброволна-та помощь на жители-тіе ωт това село Потовище 18 марта 35[16]


Дел од иконите на црквата се дело на Димитар Молеров.[17] Во 1859 година било отворено првото училиште во селото. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фотовишта (Photovischta) се состоело од 85 семејства од кои 40 жители Помаци и 240 Македонци.[18][19] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото напишал:

На еден час разстојание на југ од село Дреново и на четврт час од река Места се наоѓа с. Фотовишта, кое се состои од 65 христијански куќи, 122 даночно задолжени и 69 брачни двојќи. Данокот им е 6316 гроша. Освен тоа овде има 20 помачки куќи, од кои се зима 1243 гроша данок.[20]


Во таблиците на книгата, Верковиќ го запишал селото со 64 македонски и 20 турски куќи.[18][21]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Фотовишта, кај устието на Канина, од Неврокоп на ЈИ. Почва плодородна; главното занимање е земјоделството. Бугарска црква и училиште со 30 ученици. 100 куќи, 70 бугарски, 30 помачки. Половина час на С од Фотовишта до Канина се наоѓаат минерални топли води.[22]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 македонски и 20 турски куќи[18][23] и кон 1900 година во селото живееле 540 Помаци, 200 Турци и 30 Роми.[24] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 764 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 54 Роми. Во селото имало едно основно училиште со два учители и 50 ученици.[18][25]

Во еден извештај за селото, Иларион Неврокопски во 1909 година запишал:

С. Фотовишта... Има рамно убаво место поставено на плодно поле. Постојат и минерални бањи. Селото има 103 бугарски куќи со 303 луѓе и 40 помачки куќи со 200 луѓе. Селаните се занимаваат со земјоделство и сточарство. Земјоделците одгледуваат ориз, лозја, пченица, 'рж. Црквата Успение е добра и убава. Има 150 турски куќи кои се раздадени на селаните. Училиштето е старо засега.[26]


Во селото бил основан комитет на ВМОРО од страна на поп Ангел,[27] и христијанските му жители активно учествувале во Горноџумајското и Илинденското востание,[28][29] а на 6 мај 1903 година 5 луѓе од селото биле убиени со мачење од страна на османлиските власти.[30]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Селото било ослободено од отоманската власт на 12/25 октомври 1912 година за време на Балканските војни од страна на Седмата рилска дивизија. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 56 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[31] За време на периодот 1913 - 1918 година, во селото се населиле бегалци од Егејска Македонија, од селата Горно Броди и Караќој.[6] Во 1924 година во селото било основано читалиштето „Борис Сарафов“, подоцна преименувано во „Асен Златаров - 1924 година“.[32]

Во 1927 - 1928 година bil завршен системот за водоснабдување на Фотовишта.[33] Во 1923 година во селото била основана земјоделската кооперација „Канина“, која броела 58 членови до 1935 година. Во 1926 година, била основана кооперација за сточарство, а во 1930 година, шумска кооперација „Караорман“. До 1935 година, шумската кооперација имала 39 члена.[34]

Повеќе информации Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926 – 1927 година, Класови ...

Во 1934 година, со указ на владата, името на селото кое потекнува од грчкото φως, (светлина[36]) било преименувано во Огненово, од 1945 година Огнѣново, а во 1966 година името во Огненово. Во 1961 година селото се разделило во независна општина заедно со селата Балдево, Осиково, Скребатно и Рибново.[37]

Денес, селото има градско собрание, пошта, аптека, здравствена служба, градинка, клуб за пензионири. Селото има фудбалски клуб „Минерал“, но за последен пат настапувало во сезоната 2009-2010 година, завршувајќи на 11 место во Благоевградската обласна лига.

Remove ads

Население[18][38]

Повеќе информации Година, Жители ...
Повеќе информации Националност, Население ...
Население по возраст
од 2011 година
:[40]

Личности

Родени во Фотовишта
  • Ангел Спасов Бумбаров (1843 – 1909), македонски деец[41][42]
  • Ангел Стојков, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 година[43]
  • Ангел Цоклев, учител во селото[44]
  • Георги Балтаџиев, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 година[45]
  • Иван Бумбаров, учител во селото помеѓу 1845 – 1890 година[41]
  • Илија Стојков[43]
  • Љубен Пандев (р. 1949), бугарски офицер, генерал-мајор
  • Никола Ангелов Бумбаров, учител во селото[41]
  • Никола Атанасов (1886 – 1944) македонски револуционер и политичар[46]
  • Никола Дренков, учител во селото помеѓу 1850 – 1862 година и во Ковачевица (1862)[47]
  • Никола Парапанов (1874 – 1937), македонски револуционер и деец
  • Стојан Спасов Бумбаров, учител во селото помеѓу [41]
Доброволци во Македонско-одринските доброволни чети
  • Ангел Ив. Бебечев (Бебечов, Бебешев, 1891 – ?)[48]
  • Ангел Т. Димов[49]
  • Апостол Попмагдалинчев (1876 – ?)[50]
  • Атанас Димитров (1882 – ?),[51]
  • Атанас Ив. Цоклев (1894 – ?)[52]
  • Борислав А. Станков (1892 – ?)[53]
  • Вангел Иванов Пандов (1886 – ?)[54]
  • Васил Д. Ангелов[55]
  • Георги Бебечев (1882 – ?)[48]
  • Георги Божик Дренков (1883 – ?)[56]
  • Георги Бумбаров (1888 – ?)[57][58]
  • Георги Бушбаров (1888 – ?)[59]
  • Георги Г. Ангелов[60]
  • Георги Григоров (1882 – ?)[61]
  • Георги Дим. Бебечев (1870 – ?)[48]
  • Георги Ив. Бебечев (1888 – ?)[48]
  • Георги Ив. Магдалинин (1892 – ?)[62]
  • Георги Иванов Магдолинчев (1872 – 1913)[63]
  • Георги Попмагдалинчев (1872 – ?)[50]
  • Георги Илчев (1884 – ?)[64]
  • Георги Лештенли (1884 – ?)[65]
  • Георги Ст. Матаров[66]
  • Георги Тодоров Георгиев (1886 – ?)[67]
  • Георги Цоклев[52]
  • Димитар Ангелов Стајков (1886 или 1890 – ?)[68]
  • Димитар Ат. Делиев (1887 – ?)[69]
  • Димитар Костадинов Ѓурганчев (1877 – 1942)[70]
  • Димитар Николов (1886 – ?)[71]
  • Димитар Спасов (1870 – ?)[72]
  • Иван Г. Гурманов (1867 – ?)[73]
  • Иван Лазаров (1882 – ?)[74]
  • Иван Спасов[75]
  • Илија Бомбаров (Бумбаров, 1893 – ?)[76]
  • Илија Костадинов[77]
  • Костадин Ан. Илиев (1889 – ?)[78]
  • Костадин Алексиев[79]
  • Костадин Бошков (1887 – ?)[80]
  • Костадин С. Праматаров[81]
  • Костадин Стојанов[82]
  • Лазар Иванов Лазаров (1888 или 1891 – ?)[83]
  • Манол Георгиев (1886 или 1893 – ?)[84]
  • Најден Димитров (1876 – ?)[85]
  • Никола Ат. Делиев (1885 – ?)[69]
  • Никола Г. Лазаров (1886 – ?)[86]
  • Никола Георгиев Терзиев[87]
  • Стојан Георгиев (1872 – ?)[51]
  • Стојан Т. Манолев (1889 – ?)[88]
  • Стојан Тодоров (1885 – ?)[89]
  • Тодор Георг. Лазаров[90]
  • Тодор Николов (1872 – ?)[91]
  • Тодор Стевасторов (1888 – ?)[92]
  • Цветко Попкемилчев (1883 – ?)[93]
Починати во Фотовишта
  • Костадин Алакушев (1875 – 1912), македонски револуционер
  • Стојко Пашкулев (? – 1912), македонски револуционер
Поврзани со Фотовишта
  • Стојан Бабин Еленин[94]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads