Општина Арбанашко

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Арбанашко, именувана и како Месен народен одбор Арбанашко ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Арбанашко бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арбанашко, Буковљане, Рамно и Цветишница.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арбанашко бил проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Дејловце со неговото село Длабочица. МНО Арнабашко тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арнабашко не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Арбанашко била проширена на сметка на укинатиот Месен народен одбор Дејловце со неговите села Дејловце и Осиче.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Арбанашко била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.[5]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арбанашко имал 1,373 жители, односно вкупното население на Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Рамно и Цветишница. Од таа бројка, 1,311 биле Македонци, 61 бил Србин, додека 1 бил припаднал во графата „останати и непознато“.[6]

Според пописот од 1953 година, Општина Арбанашко имала 1,883 жители, односно вкупното население на Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Дејловце, Осиче, Рамно и Цветишница. Од таа бројка, 1,716 биле Македонци, 162 биле Срби, додека 5 биле Роми.[7][8]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads