Преднонепчена согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).

Кратки факти Места натворба ...
Remove ads

Особености

Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка [j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка [ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната [t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.

Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).

Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.

Remove ads

Преднонепчени согласки по МФА

Во македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:

Повеќе информации МФА, Опис ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads