Отворена самогласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Отворена самогласка
Remove ads

Отворена самогласка е самогласка чиј звук се создава со јазикот што подалеку од горниот дел на устата. Ваквите самогласки понекогаш се нарекуваат и ниски самогласки поради тоа што јазикот се држи ниско кога се изговараат.[1] Во македонскиот јазик единствена ниска самогласка е а.[1] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве отворени самогласки:

  • отворена предна незаоблена самогласка [a] (мак. а)
  • отворена предна заоблена самогласка [ɶ][2]
  • отворена средна незаоблена самогласка [ä]
  • отворена задна незаоблена самогласка [ɑ]
  • отворена задна заоблена самогласка [ɒ]
Кратки факти Табела на самогласки по МФА, Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена ...

Во контекст на фонологијата на извесен јазик, ниска самогласка е секоја самогласка што е поотворена од средна. Ова значи дека полуотворените, речиси отворените и отворените самогласки можат групно да се сметаат за ниски самогласки.

Отворените самогласки се среќаваат во речиси сите јазици (исклучок е арапахо).

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads