Тиш Бенот

белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Тиш Бенот
Remove ads

Тиш Бенот (холандски: Tiesj Benoot; р. 11 март 1994 во Гент) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Лото-Судал (2015–2019)

Thumb
Бенот на Тур де Франс 2017

Бенот станал професионалец со белгиската екипа Лото-Дстни во 2015 година, откако возел за младинската екипа во периодот 2013-2014 и возел некои трки како стажант во есента 2014 година.[2]

Бенот имал директни резултати во професионалните води како петти на неговата прва Трка околу Фландрија.[3] Подоцна во сезоната ги покажал своите вештини на етапните трки, завршувајќи втор зад Грег ван Авермат на Трката околу Белгија.[3] Исто така, завршил трипати меѓу првите десет на етапи на Критериум ди Дофине.

Thumb
Бенот на Тур де Франс 2017

Бенот покажал вештина да се качува на Критериум ди Дофине 2017, каде завршил на 12. место на крајот на трката.[4] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[5] Бенот завршил на 20. место на крајот на трката на неговиот прв настап на некоја голема трка.

Бенот ја имал својата прва професионална победа во март 2018 година, кога дошол сам до победа на трката Страде Бјанке при пороен дожд откако нападнал од групата, достигнувајќи ги предводниците Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) пред да ги претекне во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде.[6]

Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[7]

Тим Санвеб (2020-2021)

Во август 2019 година, Бенот потпишал двегодишен договор со Тим Санвеб започнувајќи од 2020 година.[8] Завршил втор на крајот на Париз-Ница 2020, освојувајќи етапа и бодовниот пласман.[9][10] Откако бил на принудна суспензија поради поради пандемијата на КОВИД-19, Бенот завршил меѓу првите десет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж (осми) и на Трката околу Фландрија (десетти).[11][12] Исто така го продолжил неговиот договор со екипата до крајот на сезоната 2022 во август 2020 година.[13] Бенот немал победи во 2021 година, а најдобар резултат му било петтото место на Париз-Ница.[14]

Тим Џамбо-Висма (2022-денес)

Во декември 2021 година, Бенот бил ослободен од неговиот договор со Предлошка:Cycling data DSM men една година претходно и подоцна потпишал двегодишен договор со Џамбо-Висма почнувајќи од 2022 година.[1] Ја имал својата прва трка со екипата на Омлоп Хет Ниусблад[15] и забележал прва завршница меѓу првите десет со деветтото место на Е3 Саксо Банк Класик следниот месец.[16] Завршил втор на Дварс дор Вландерен, напаѓајќи ја водечката група во последните два километри, пред да биде претекнат од Матје ван дер Пул на завршницата во Варегем.[17] Откако предводникот на екипата Ваут ван Ерт се откажал поради КОВИД-19, Бенот го споделил водството на Џамбо-Висма на Трката околу Фландрија следниот викенд,[18] со Кристоф Лапорт; Лапорт завршил деветти додека Бенот бил тринаесетти.[19] Следниот викенд, Бенот завршил трет на Амстел Голд Рејс,[20] напаѓајќи од главната група во завршниот километар на трката. Тим Џамбо-Висма имал историски резултат на Тур де Франс 2022. Бенот одиграл клучна улога поддржувајќи ги предводниците на екипата, особено откако повреди и откажувања го земале својот данок на трката.[21] Ја преживеал трката и ја поминал целта во триумф со неговите преостанати колеги.

Remove ads

Личен живот

Покрај велосипедизмот, моментално студира економија на Гентскиот универзитет.[22]

Необичното име на Бенот потекнува од американската пејачка Тиш Хинојоса, поради вљубеноста на неговите родители во музиката и името на уметничката.[23]

Достигнувања

2011
7. Краен пласман Тур ду Валроми
2012
2. Краен пласман Трка околу Австрија за младинци
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
3. Национално јуниорско хронометарско првенство
3. Краен пласман Трофе Сентр Морбијан
5. Бернодо за млади
6. Краен пласман ГП Женерал Патон
8. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
8. Краен пласман Крал на јуниорите
1. Етапа 1
2013
1. Тур де Мозел
2. Краен пласман Вуелта а Паленсија
1. Етапа 4
4. Краен пласман Сиркут де Ардени
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
8. Гран при де Марбријер
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
10. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
2014
2. Краен пласман Триптих на планините и замоците
1. Бодовен пласман
3. Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Пласман за млад возач
3. Трка околу Фландрија под 23 години
4. Светско друмско првенство под 23 години
4. ГП Стад Зотегем
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
5. Флеш Арден
6. Европско друмско првенство под 23 години
8. Бинше-Шиме-Бинше
10. Краен пласман Трка околу Данска
2015
2. Краен пласман Трка околу Белгија
3. Класик Хандзаме
4. Ле Самин
4. Париз-Тур
5. Трка околу Фландрија
5. Гран при Монтреал
6. Краен пласман Светски пристаништен класик
6. Ронде ван Зеланд
6. Дварс дор Вландерен
6. Друјвенкурс Оверејсе
8. Трофео Сера де Трамунтана
8. Краен пласман Енеко Тур
2016
1. Пласман за млад возач Волта ао Алгарве
3. Трофео Сера де Трамунтана
3. Омлоп Хет Ниусблад
4. Трофео Поленка-Порт де Андрат
5. Краен пласман Трка околу Полска
6. Гран при де Валони
7. Е3 Харелбеке
7. Бриселски велосипедски класик
8. Страде Бјанке
9. Хејстсе Пејл
2017
3. Брабантсе Пејл
3. Трофео Поленка-Порт де Андрат
4. Курне-Брисел-Курне
4. Гран при де Валони
7. Дварс дор Вландерен
7. Трка околу Белгија
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Пласман за млад возач
8. Страде Бјанке
8. Трофео Сера де Трамунтана
8. Вуелта а Мурсија
9. Класика де Сан Себастијан
2018
1. Страде Бјанке
3. Брабантсе Пејл
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Пласман за млад возач
5. Е3 Харелбеке
5. Тур де л’Еурометропол
6. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
6. Париз-Тур
7. Дварс дор Вландерен
8. Трка околу Фландрија
2019
1. Етапа 1 Трка околу Данска
2. Класик Бретања
4. Краен пласман Тур де Свис
4. Милано-Торино
5. Страде Бјанке
5. Дварс дор Вландерен
6. Тре Вали Варезине
9. Краен пласман Трка околу Британија
9. Трка околу Фландрија
10. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
Награда за борбеност на етапа 9 Тур де Франс
2020
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Бодовен пласман
1. Етапа 6
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
10. Трка околу Фландрија
2021
5. Краен пласман Париз-Ница
7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
8. Краен пласман Трка Бенелукс
9. Гран при де Валони
10. Антверпен Порт Епик
2022
2. Дварс дор Вландерен
3. Амстел Голд Рејс
3. Класика де Сан Себастијан
9. Е3 Саксо Банк Класик

Распоред на резултатите

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

Распоред на резултатите на класиците

Повеќе информации Монумент, Милано-Санремо ...

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads