Фритата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фритата
Remove ads

Фритата е италијанско јадење врз база на јајца слично на омлет или кајгана, збогатено со дополнителни состојки како што се месо, сирење и зеленчук. Зборот frittata е италијански и се преведува како „пржено“.

Кратки факти Вид, Земја на потекло ...
Remove ads

Историја

Италијанскиот збор frittata доаѓа од зборот friggere што значи „да се пржи“. Ова првично било општ термин за пржење јајца во тава, на спектарот: од пржени јајца, преку конвенционалниот омлет, до италијанската верзија на шпанскиот омлет, направен со пржени компири. Надвор од Италија, фритата се сметала за еквивалент на „омлет“ барем до средината на 1950-тите.[1]

Во последните педесет години фритата стана термин за варијација на она што Делија Смит го опишува како „италијанска верзија на омлет“.[2] Кога се користи во оваа смисла, постојат четири клучни разлики од конвенционалниот омлет:

  • Секогаш постои најмалку една изборна состојка, а таквите состојки се комбинираат со смесата од изматени јајца додека јајцата сè уште се сурови[3][4] наместо да се ставаат над смесата од речиси пржени јајца пред да се свиткаат, како во обичен омлет.[5]
  • Јајцата може силно да се матат за да се внесе повеќе воздух во нив од традиционалните солени омлети, за да се овозможи подлабоко полнење и повоздушен резултат.
  • Смесата се готви на многу тивок оган, побавно од омлет, најмалку пет минути, обично 15, додека долната страна не се испече, а горниот дел сè уште да биде течен.[2][6]
  • Делумно зготвената фритата не се витка за да ја затвори содржината како омлет, туку или целосно се превртува,[7] или накратко се пече на скара за да се испече горниот слој, или се пече околу пет минути.[8]
Remove ads

Состојки

Фритата наликува на класичен омлет, единственото нешто е што состојките се мешаат со изматени јајца кои се печат, а на крајот се печат во рерна. Може да се сервира во тава или да се преврти на поголема чинија. Состојките на фритата се:

Thumb
Фритата
Thumb
Фритата со кромид и спанаќ

- Јајца: задолжително - зеленчук: блитва, спанаќ, кромид, тиквички, домати, пиперки, аспарагус, праз, компир,[9] брокула.

- Сирење: кашкавал, пармезан, рикота, моцарела, фета, бело сирење.

- Месо: сланина, шунка, суво месо, колбаси

- Зачини: власец, оригано, магдонос, мајчина душичка[10] печурки

- Варени тестенини.[11]

Remove ads

Рецепти и одлики

Фритатата не смее да биде тенка, се прави од 4, 5 или 6 јајца, во кои се додава рендан пармезан, бибер и сол. Во тавче или тепсија на масло се пржи кромид, сечкана црвена пиперка, брокула, сланина, покријте ги со јајцата и измешајте. Можете се додаде парчиња моцарела, фета или козјо сирење и некој друг зеленчук (спанаќ, зелка, карфиол ...). Кога ќе се испече, се превртува или се става да се запече во рерна.

Фритата може да се јаде за појадок или како лесен ручек, а може да се спакува и за на пат.[12][13]

Се смета за здрав и нутритивно вреден оброк.[14]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads