Хомондос

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Хомондосmap
Remove ads

Хомондос или Хуманџа (грчки: Μητρούσι, Митруси; до 1927 г. Χομόνδος, Хомондос[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 1.195 жители (2021).

Кратки факти Хомондос Μητρούσι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на запад од градот Сер и источно од Ениќој.

Историја

Потекло на името

Името на селото потекнува од поимот „хомот“ (старословенски: хомѫтъ, хомонт) со додадена грчка наставка.[3]

Во Отоманското Царство

Во XIX век Хомондос бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хомудос (Homoudos) е село со 114 домаќинства сочинети од 245 Македонци и 90 муслимани.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Хумондос, чифлик на х. Думба и Ингилиз-бег; на ЈЗ од Сер 1 час. Почва многу плодна, но затоа пак често за време на поплави е совршено јалова. 40 куќи, македонски.[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 200 Македонци христијани, 50 Турци и а20 Черкези.[4][8]

Во Хомондос работеле грчката и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хумандос (Houmandos) имало 24 Македонци егзархисти и 496 патријаршисти, 12 Власи и 48 Роми. Во него работело бугарско основно училиште.[9]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Хомондос броел 404 жители,н ово 1920 г. тие се намалиле на 333 лица.[10] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Хомондос било етнички мешано село со 1.252 дојденци (252 семејства).[11]

Во 1927 г. селото е преименувано во Митруси.

Повеќе информации Име, Ново име ...

Во 1997-2003 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[15]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads