1547
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1547 (MDXLVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1547 година од новата ера, 547. од вториот милениум, 47. од XVI век и осма од 1540-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7055 и 7056 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6297 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5307 и 5308 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2300.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1547 година се протега во 4183 и 4184, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4243 и 4244 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2090. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 953 и 954 исламска година.
Remove ads
Настани
- 16 јануари - Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
- 25 јули - Анри II бил крунисан во крал на Франција.
- Првата наватлска граматика била напишана од Андрес де Олмос и била објавена во 1547 година, три години пред првата француска граматика.
Родени
Починале
- 28 јануари — Хенри VIII, славен крал на Англија.
- 31 март — Франсоа I, француски крал од династијата Валоа-Ангујем.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads