Вуелта а Еспања 2017

72. издание на Вуелта а Еспања From Wikipedia, the free encyclopedia

Вуелта а Еспања 2017
Remove ads

Вуелта а Еспања 2017 (познато и како: Трка околу Шпанија 2017) — 72. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која ќе се одржува помеѓу 19 август и 10 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2][3][4]

Кратки факти

Трката започнала во Ним, Франција, а ќе заврши во Мадрид.[3] Тоа било првпат трката да започне во Франција и само третпат надвор од Шпанија, по 1997 година (Португалија) и 2009 година (Холандија).[3]

Генералниот пласман бил освоен по првпат од победникот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум од Тим Скај, пред Винченцо Нибали од Бахреин-Мерида.[5] Фрум станал само трет возач кој победил на Тур и Вуелта по Жак Анкетил (1963) и Бернар Ино (1978) и прв кој успеал по префрлањето на местото во календарот на Вуелта.[6] Фрум, исто така, ги освоил бодовниот и комбинираниот пласман, станувајќи прв возач кој освоил три маички на една Вуелта од Денис Меншов во 2008 година. Планинскиот пласман бил освоен од возач на Канондејл-Драпак, Давиде Вилела, додека возачот на Трек-Сегафредо, Алберто Контадор, ја освоил наградата за борбеност на неговата завршна голема трка, како и завршната планинска етапа на сликовитиот Англиру. Астана го освоила екипниот пласман.[7]

Remove ads

Екипи

Thumb
Арената во Ним, Франција, била домаќин на презентацијата на екипите на 19 август.

Изданието на Вуелта а Еспања во 2017 година било составено од 22 екипи.[8] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] На 27 март 2017, организаторот на Вуелта, Унипублик, ги објавил четирите професионални континентални екипи на кои им биле дадени специјални покани.[10] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставувани пред медиумите и локалните власти – се одржала на Нимската арена во Ним, Франција, на 19 август, пред почетокот на првата етапа, одржана во градот.[11]

Секоја екипа имала дозвола за максимум девет возачи, што предизвикала на почетокот да има 198 возачи.[12] Од нив, 75 биле првпат на Вуелта а Еспања.[13] Возачите доаѓале од 33 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Шпанија (31), Франција (20), Италија (20), Белгија (17), Холандија (15) и Колумбија (12).[12] Просечната возраст на возачите била 27,6 години,[14] движејќи се од 20-годишниот Ленард Кемна (Тим Санвеб) до 40-годишниот Свен Тафт (Орика-Скот).[15][16] Тим Манзана Постобон имала најнизок просек, додека Трек-Сегафредо највисок просек.[17]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4)
Remove ads

Фаворити пред трката

Thumb
Победникот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум (Тим Скај), бил сметан од многумина за водечки фаворит пред трката.

Моменталниот првак на Вуелта, Наиро Кинтана (Мовистар Тим) одбрал да не ја брани титулата, откако настапил на обете големи трки, Џиро и Тур претходно во сезоната.[18] Крис Фрум (Тим Скај), кој пристигнал на Вуелта со четвртата победа од Тур еден месец претходно, бил сметан како фаворит од повеќето коментатори и обложувалници.[19][20] Фрум претходно трипати завршил втор на Вуелта. Победа во Шпанија би го направило само трет возач после Жак Анкетил (во 1963) и Бернар Ино (во 1978) кој ги освоил Тур и Вуелта во една година.[19] Во отсуство на Кинтана, бројот еден бил предаден на трикратниот победник Алберто Контадор (Трек-Сегафредо), кој на почетокот на август најавил дека ќе се повлече од велосипедизмот по трката.[21] Контадор бил сметан како фаворит, иако неговите резултати на претходните големи трки фрлиле сомнеж на неговиот потенцијал.[22] Победникот од 2010 година, Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) бил сметан како најголем соперник на Фрум за победа, пропуштајќи го Тур де Франс.[20] Фабио Ару (Астана), победник во 2015 година, ја започнал трката како фаворит откако завршил петти на Тур де Франс.[22] Третопласираниот од 2016 година, Естебан Чавес (Орика-Скот), има шанси за победа на трката. Други возачи за можен висок пласман на трката биле Стевен Краусвајк (Лото НЛ-Џамбо) и Рафал Мајка (Бора-Хансгрое), трет во 2015 година. Можни фаворити за нивен деби-настап биле Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин), кој завршил петти на Џиро во мај, како и браќата Адам и Сајмон Јејтс (обајцата Орика-Скот).[20]

Remove ads

Рута и етапи

Рутата на Вуелта а Еспања била претставена на 13 јануари 2017 година. Како традиција од претходните години, трката започнала со екипен хронометар. Меѓутоа, само по третпат во историјата на трката, започнала во Франција. На третата етапа трката ќе ја напушти Франција, со планинска етапа до Андора ла Веља. Првата завршница на нагорнина е на петтата етапа. Кралската етапа е дваесеттата етапа, која вклучува искачување до Алто де л’Англиру. На крај, трката завршува со традиционалната кружна трка во Мадрид.[23]

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Преглед на трката

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2017, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[24]

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[24]

Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[24]

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.[24]

Постоела и награда за борбеност. Оваа субјективна награда била доделувана на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел црвениот број наредниот ден. На последниот ден на трката, судиите одлучувале кој е најборбен возач во текот на целата трка.[24]

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[24]

Повеќе информации Етапа, Победник ...
  1. Иако Роан Денис ја добил маичката на подиумот во Ним, немало бодови за пласманот на етапата. Алесандро Де Марки ја носел маичката на втората етапа.
  2. На третата етапа, Матео Трентин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелента маичка, бидејќи првопласираниот Ив Ламперт ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  3. На етапите 4-8 и на 10-14, Естебан Чавес, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Крис Фрум ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На деветтата етапа, од истата причина, Јан Поланц ја носел белата маичка, како и Винченцо Нибали на петнаесеттата етапа, Мигел Анхел Лопес на етапите 16-20 и Алберто Контадор на етапата 21.
  4. На етапите 10, 17, 19 и 20, Матео Трентин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Крис Фрум ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 18 и 21, Винченцо Нибали ја носел зелената маичка од истата причина.
Remove ads

Завршни пласмани

Thumb
Завршен подиум на Вуелта а Еспања 2017.
Повеќе информации Легенда ...

Генерален пласман


Екипен пласман

Повеќе информации Место, Екипа ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads