Кочо Цонков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кочо Христов Цонков, познат и како Цонката, Чонков, Чонка, Дедо Кочо Цонката, Зеленички или Флоринали — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Remove ads
Животопис
Цонков е роден во селото Зелениче, Леринско во 1866 година, тогаш во Османлиското Царство. Долго време водел чета и дејствувал во својот роден крај. Во 1901 г. тој бил уапсен по Солунската афера и на 14 март е осуден на смрт[1], но казната му била заменета со затвор и бил испратен во прогонство. Бил амнестиран во почетокот на 1903 г. и за време на Илинденското востание, Цонков бил централен војвода во Леринско. Во регионот востануваат 250 лица од селата Трсје, Арменско, Горно Неволјани, Неред, Лаген и Крапешино.[2] По крајот на востанието тој избегал во Бугарија.
Се враќа со четата во Леринско на местото на Никола Мокренски во пролетта на 1905 г. и води битки против грчката вооружена пропаганда. Цонков е убиен во колиба над селото Трсје во декември 1906 година.[4][5][6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads