Општина Арачиново

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Арачиновоопштина во северниот дел на Македонија, со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.

Кратки факти Општина Арачиново, Држава ...
Remove ads

Географија

Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Мојанци и Орланци. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.

Историја

1945-1952

Месниот народен одбор Арачиново бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци и Страчинци.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново го изгубил селото Страчинци, на сметка на проширениот МНО Синѓелиќ. МНО Арачиново тогаш припаѓал во Скопска Околија.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново останал територијално непроменет.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Арачиново бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Синѓелиќ.[5]

1996-до денес

Thumb
Граници на општината од 2004-до денес.

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Арачиново била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци.[6] Според административната поделба од 2004 година, Општина Арачиново била била намалена на сметка на проширената Општина Гази Баба која го добила Брњарци.[7]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арачиново имал 1,407 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Мојанци и Орланци.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]

Народност Вкупно
Македонци 490
Албанци 752
Турци 11
Роми 149
Срби 3
Неопределени муслимани 2
Thumb
Демографска карта на општината, според пописот од 2002 година и границите од 2004 година.

Според пописот од 2002 година, Општина Арачиново имала 11,992 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци. Општината имала 2,377 домаќинства и 2,583 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[9]

Народност Вкупно
Македонци 987
Албанци 10,879
Срби 13
Власи 1
Бошњаци 65
Останати 47

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[10]

Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[11]

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност
Повеќе информации Етничка припадност, Вкупно ...

Следува табела според вероисповедноста во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 1
муслимани 12.363
католици 1
христијани 0
протестанти 0
евангелисти 0
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 0
останати 1
евангелиски протестантски христијани 0
агностици 0
будисти 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Следува табела според мајчиниот јазик во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 1
албански 12.357
турски 0
ромски 0
влашки 0
српски 0
бошњачки 6
останати 2
знаковен јазик 0
непознато 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле службено попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Remove ads

Општествени установи

Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1,000 ученици.

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Арачиново е Миликије Халими од редовите на СДСМ. Таа е избрана на локалните избори од 2017 година за мандатот од 2017 до 2021 година и воедно е првата жена градоначалник на оваа општина и прв градиначалник од редовите на СДСМ.[12] Советот на општина Арачиново е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  СДСМ: 9 места
  ДУИ: 3 места
  АА: 2 места
  БЕСА: 1 место
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината.

Редовни настани

Личности

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads