Чучулигово (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чучулигово (Серско)map
Remove ads

Чучулигово (грчки: Αναγέννηση, Анагениси; до 1928 г. Τσιουτσιλίκοβον, Цуциликовон[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Чучулигово Αναγέννηση, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на околу 20 км западно од градот Сер и северно од Ениќој.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Чучулигово било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чучулигово (Tchoutchiligovo) било село со 72 домаќинства сочинети од 230 Македонци и 12 муслимани.[4][5] Во 1891 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чучулигово, на ЈИ од Елшани нешто 34 часа пат. Во сред поле, како и горното село.[7] Има дел од нивјето, чифлик Нашикбегов од Сер. Црквата „Св. Атанас“ е гркоманска. Куќи 50 македонски.[8][9]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) към 1900 година в селото живеят 560 Македонци христијани.[10]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чучулигово (Tchoutchouligovo) имало 480 Македонци под Егзархијата и 120 Македонци под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско основно училиште.[12] Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев Чучулигово вели дека Чучулигово е мало село со 70 македонски куќи,[3] каде учителствувал Б. Маргаритов и имал 22 ученици (20 машки и 2 женски).[13]

Најимотен и највлијателен жител на селото бил Петар Ушев. Парично го потпомагал ВМОРО. Исто така давал пари за изградбата на бугарски училишта и цркви.[14]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, селото таа година имало само 361 жител.[3] Непосредно по Првата светска војна голем дел од населението се преселило во Пиринска Македонија, основајќи го денешното село Чучулигово, Петричко. Во 1920 г. во селото се попишани 238 лица.[3] Во 1924 г. под притисок на властите во Бугарија се иселиле уште неколку семејства,[3] а властите во селото довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Анагенисис, во превод преродба. На пописот од 1928 г. Чучулигово е претставено како етнички мешано село со 767 жители,[3] од кои 464 дојденци (111 семејства), а останатите македонски мештани.[15]

По повлекувањето на бугарската војска на 9 септември 1944 г. Чучулигово страдало од напади на разбојнички андартски чети на Андон Чауш. На 20 февруари 1945 година г. селото е нападнато и ограбено, 15 души се уапсени, а 33 истерани во Бугарија.[16]

Во 1972 г. е изградена нова црква „Св. Атанасиј“.[6]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

  • Стојо Ангелов Ќусето — револуционер, деец на ВМОРО, умрел по 1918 г.[20]
  • Хрисостом Анагностопулос (р. 1933) — грчки духовник
  • Петар Ушев — помагач и јатак на ВМОРО[14]

Културни и природни знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads