From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски парламентарни избори (2024) — единаесетти по ред парламентарни избори во Македонија. Парламентарните избори се одржале на 8 мај 2024 година заедно со вториот круг на Претседателските избори.[1]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, формирана околу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година социјалдемократите да излезат на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак бил оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласовите и местата што ја делеле коалицијата од онаа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на вторите, сепак, на меѓународно ниво бил дочекан со олеснување, при што економските и дипломатските кругови стравувале дека нивното доаѓање на власт би предизвикало нова тензија во регионот и би го довело во прашање почетокот на пристапните преговори со Европската унија, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.[2][3]
Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.[2]
Првата седница на новиот законодавен дом заседавала на 4 август, со примена на бројни конкретни здравствени мерки поради пандемијата на Ковид-19. Оваа прва собраниска седница отворила дваесетдневен период на кој лидерот на победничката партија на изборите, Зоран Заев, преговарал за добивање на апсолутното мнозинство пратеници. По овој рок задачата да ги води овие преговори би паднела на Христијан Мицкоски.
СДСМ и ДУИ биле блиску до договор за коалиција, претседателот Стево Пендаровски го задолжил Зоран Заев да формира влада.[4][5] Конечно на 18 август бил постигнат договор меѓу двете партии за повторно именување на Зоран Заев за шеф на владата. На тој начин, ДУИ се откажувал од своето изборно ветување дека ќе назначи претседател на владата од албанското малцинство, но за возврат добила гаранција дека следниот претседател на преодната влада задолжен за тековните работи во текот на 100-те дена пред следните избори би дошол од оваа етничка група.[6] Коалициската влада ја добила поддршката и од Демократската партија на Албанците и изгласала доверба во парламентот на 30 август 2020 година.
По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.[7]
На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.[8]
Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.
На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станува претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до оваа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ќе ја води сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.[9]
Од 123 пратенички места во Собранието на Републиката, 120 се избираат од шест изборни единици со 20 пратенички места во Македонија со пропорционална застапеност од затворена листа, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Преостанатите три места ги избираат Македонците кои живеат во странство,[10] но на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.
Табелата подолу ги наведува партиските групи претставени во Собранието на Републиката како резултат на изборите од 2020 година.
Име | Идеологија | Политичка ориентација | Лидер | 2020 | Сега | Статус | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
СДСМ | Социјалдемократски сојуз на Македонија | Социјалдемократија, Социјален либерализам, Проевропеизам, Прогресивизам | Центар-лево | Димитар Ковачевски | 46 / 120 |
39 / 120 |
Опозиција | |
ВМРО-ДПМНЕ | Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство | Македонски национализам, Конзервативизам, Демохристијанство, Економски либерализам, Антикомунизам, Десен популизам | Центар-десно накај десно крило | Христијан Мицкоски | 44 / 120 |
44 / 120 |
Власт | |
ДУИ | Демократска унија за интеграција | Проевропеизам, Албански малцински интереси | Центар-лево | Али Ахмети | 15 / 120 |
13 / 120 |
Власт | |
AA | Алијанса за Албанците | Конзервативизам, Проевропеизам, Албански малцински интереси | Центар-десно | Зијадин Села | 8 / 120 |
8 / 120 |
Власт | |
ААА | Алтернатива | Албански малцински интереси | Центар-десно | Африм Гаши | 4 / 120 |
2 / 120 |
Опозиција | |
Левица | Левица | Демократски социјализам, Левичарски Национализам, Анти-НАТО | Лево крило | Димитар Апасиев | 2 / 120 |
2 / 120 |
Опозиција | |
ДПА | Демократска партија на Албанците | Албански малцински интереси | Центар-десно | Мендух Тачи | 1 / 120 |
1 / 120 |
Поддршка | |
ДД | Демократско движење | Албански малцински интереси | Центар-десно | Изет Меџити | одвоени од ДУИ | 3 / 120 |
Опозиција | |
Беса | Движење Беса | Социјален конзервативизам, Албански малцински интереси | Центар-десно | Биљал Касами | одвоени од СДСМ | 1 / 120 |
Опозиција | |
ЛДП | Либерално-демократска партија | Либерализам | Центар | Моника Зајкова | одвоени од СДСМ | 2 / 120 |
Власт | |
ДОМ | Демократска обнова на Македонија | Зелена идеологија | Центар-лево | Маја Морачанин | одвоени од СДСМ | 1 / 120 |
Поддршка | |
ДС | Демократски сојуз | Проевропеизам | Центар-лево | Павле Трајанов | одвоени од СДСМ | 1 / 120 |
Опозиција | |
НД | Народно движење | Проевропеизам, Албански малцински интереси | Центар | Скендер Реџепи | одвоени од Алтернатива | 1 / 120 |
Поддршка | |
ЕДП | Европска демократска партија | Проевропеизам, Албански малцински интереси | Центар | Бастри Бајрами | одвоени од Беса | 1 / 120 |
Поддршка | |
Независен пратеник | Хусни Исмаили | одвоени од Алтернатива | 1 / 120 |
Поддршка |
Поднесени биле 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции.[11]
Бр. | Партија/Коалиција | I | II | III | IV | V | VI |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Коалиција „За европска иднина“ | x | x | x | x | x | x |
2 | Коалиција „Твоја Македонија“ | x | x | x | x | x | x |
3 | Коалиција „Храбро за Македонија“ | x | x | x | x | x | x |
4 | Коалиција „Европски Фронт“ | x | x | x | x | x | x |
5 | Левица | x | x | x | x | x | x |
6 | Коалиција „Вреди“ | x | x | x | x | x | x |
7 | Движење ЗНАМ - За наша Македонија | x | x | x | x | x | x |
8 | Единствена Македонија | x | x | x | x | x | |
9 | Нова Алтернатива | x | x | x | x | ||
10 | Аваја | x | x | x | x | ||
11 | Група избирачи Џула Челику | x | |||||
12 | Македонска Ера Трета | x | x | x | x | x | x |
13 | Твоја | x | x | x | x | ||
14 | Родина Македонија | x | x | x | x | x | x |
15 | Десна | x | x | x | x | ||
16 | Демократи | x | x | x | x | x | x |
17 | Работничка партија | x | x |
Партија/Коалиција | Слоган | |
---|---|---|
СДСМ | „Нема откажување од иднината“ | |
ВМРО-ДПМНЕ | „Македонија повторно твоја“ | |
Храбро за Македонија | „Храбро за Македонија“ | |
Европски Фронт | „Искуство, искреност, посветеност“ | |
Левица | „Го враќаме достоинството на нацијата“ | |
Коалиција Вреди | „Промената е важна“ | |
ЗНАМ | „Максимум за Македонија“ |
Дебати за парламентарни избори (2024) Изборна единица 1 | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Датум | Организатор | Канал | Видео запис | П Присутен O Поканет, но отсутен НП Непоканет | ||||||||||||||
18 април | Само вистина | Канал 5 | прв дел втор дел |
НП | НП | П | НП | О | НП | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
20 април | Сител | Сител | врска | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
21 април | МИА | МИА | врска | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
22 април | Сител | Сител | врска | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
22 април | Студио 10 | Телевизија 24 | врска | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП |
25 април | МИА | МИА | врска | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
1 мај | Став | ТВ Плус | врска | НП | НП | НП | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
Дебати за парламентарни избори (2024) Изборна единица 3 | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Датум | Организатор | Канал | Видео запис | П Присутен O Поканет, но отсутен НП Непоканет | ||||||||||||||
25 април | Телевизија 24 | Телевизија 24 | врска | П | П | НП | НП | П | НП | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
25 април | Само Вистина | Канал 5 | дел еден дел два |
П | П | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП | НП |
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери, своите програми ги претставувале на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите помали партии и коалиции тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Политичките партии од албанскиот политички блок своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.
Партија/Коалиција | СДСМ | ВМРО-ДПМНЕ | Европски Фронт | Левица | Вреди | ЗНАМ |
---|---|---|---|---|---|---|
Датум | Локација | Локација | Локација | Локација | Локација | Локација |
18 април | Демир Капија, Гевгелија | Охрид | Скопје, Куманово | Велес | Скопје, Струга | Куманово |
19 април | Струга, Охрид | Ранковце, Кратово, Крива Паланка | Врапчиште | Берово | Берлин (Германија) | Велес, Скопје |
20 април | Тетово | Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево | Тетово | Битола | Цирих (Швајцарија) | Ресен, Новаци, Могила, Битола |
21 април | Скопје | Сарај, Чаир, Аеродром, Гази Баба | Скопје | Скопје | Приштина (Косово), Гостивар | Илинден |
22 април | Свети Николе, Велес | Лозово, Карбинци, Пробиштип, Штип | Чаир | Кичево, Гостивар | Скопје | Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово, Струмица |
23 април | Зелениково, Студеничани, Сопиште | Богданци, Валандово, Гевгелија | — | |||
24 април | Изборен ден (прв круг претседателски избори) | |||||
25 април | — | Струга, Кичево | Чаир | — | ||
26 април | Центар | Росоман, Градско, Неготино, Кавадарци | — | Тетово | Тетово, Теарце | Велес, Кочани, Штип |
27 април | Гостивар | Чешиново-Облешево, Виница, Кочани | Кичево, Долнени | Прилеп | Тетово | Неготино, Кавадарци, Прилеп |
28 април | Крушево | Аеродром, Кисела Вода, Могила, Демир Хисар, Битола | Струга, Дебар | Велес, Штип | Желино | Прилеп, Крушево, Кичево, Охрид, Струга |
29 април | Неготино | Јегуновце, Брвеница, Ѓорче Петров, Куманово | Теарце, Желино, Тетово | Битола | Гостивар | Охрид, Ресен, Битола |
30 април | Аеродром, Кисела Вода | Конче, Радовиш, Струмица | Студеничани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир,Сарај | Могила, Росоман, Охрид | Липково, Битола, Струга | Куманово |
1 мај | Пелинце | |||||
2 мај | ||||||
3 мај | ||||||
4 мај | ||||||
5 мај | ||||||
6 мај | ||||||
7 мај | Изборен молк | |||||
8 мај | Изборен ден |
Анкета | Период | Големина на примерок |
СДСМ и коалиција | Коалиција „Вреди“ | Коалиција „Европски Фронт“ | ВМРО-ДПМНЕ | Левица | ЗНАМ | Други | Водство | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
СДСМ | ЛДП/ДОМ | Беса | ДД | А | АА | ДУИ | ДПА | ||||||||
Парламентарни избори | 8 Мај
2024 |
978,967 | 15.78 | 10.92 | 14.06 | 44.58 | 7.01 | 5.74 | 1.89 | 22.8 | |||||
Претседателски избори (прв круг) | 25 април 2024 | 905.971 | 19.92 | 9.20 | 13.37 | 40.08 | 4.56 | 9.26 | 0.90[б 3] | 20.16 | |||||
МКД.мк | 8–13 април 2024 | 1200 | 22.8 | 9.9 | 12.7 | 41.2 | 6.5 | 6.1 | 0.8 | 18.4 | |||||
МКД.мк | 15–24 март 2024 | 1200 | 16.0 | 11.5[б 4] | 1.6 | 13.0 | — | 40.8 | 7.9 | 8.2 | 0.7 | 24.8 | |||
IPIS | 20 февруари 2024 | 1212 | 21.8 | — | 8.6 | 4.1 | 11.5 | — | 38.6 | 6.0 | 5.0 | 2.4 | 18.8 | ||
IPDV | 5–9 ноември 2023 | 1050 | 23.0 | — | 4.4 | 3.3 | 1.6 | 8.2 | 9.7 | — | 35.6 | 5.9 | — | 8.2 | 12.6 |
IPIS | 29 октомври 2023 | 1055 | 21.8 | — | 4.4 | 1.9 | 3.5 | 3.9 | 10.8 | — | 36.2 | 6.8 | 5.6 | 2.1 | 17.4 |
IPIS | 23–26 мај 2023 | 1112 | 21.6 | — | 4.4 | — | — | 5 | 12.4 | — | 38.2 | 12.3 | 5.7 | 0.8 | 16.6 |
IRI | 8 април – 4 мај 2023 | 1204 | 17 | — | 7 | — | 2 | 8 | 14 | — | 32 | 11 | — | 7[б 5] | 15 |
NDI | 13–14 април 2023 | 1003 | 23.6 | — | 6.6 | — | — | 6.3 | 11.4 | — | 39.6 | 10.3 | 3.1 | 2 | 16 |
IPIS | март 2023 | 1114 | 27.1 | — | 8.5 | 4.9 | 27.1[б 6] | — | 39.2 | 10.1 | 9.2 | — | 11.1 | ||
IDSCS | 22 февруари – 9 март 2023 | 1002 | 24 | — | 2 | — | — | 7 | 18 | — | 38 | 9 | — | — | 14 |
МКД.мк Архивирано на 28 јуни 2023 г. | 6–16 февруари 2023 | 1200 | 22.3 | 0.2 | 4.1 | — | — | 6.7 | 14.7 | — | 39.2 | 8.1 | — | 3.4 | 16.9 |
IRI | 19 декември 2022 | 1200 | 16.3 | — | 7.0 | — | — | 7.8 | 13.3 | — | 33.3 | 12.3 | — | 8.8 | 17 |
МКД.мк Архивирано на 1 јуни 2023 г. | 7–13 ноември 2022 | 1200 | 20.3 | 0.9 | 7.3 | — | 3.5 | 3.9 | 13.6 | 0.7 | 40.9 | 8.9 | — | 1.1 | 20.6 |
IPIS | 4–6 мај 2022 | 1111 | 30.1 | — | 2.8 | — | 1.9 | 7.1 | 13.4 | — | 39.4 | 5.4 | — | — | 9.3 |
IPIS | 19–22 октомври 2021 | 1102 | 28.9 | 2.8 | 2.6 | — | 8.0 | 11.0 | — | 37.7 | 6.6 | — | — | 8.8 | |
Локални избори — Град Скопје | 17 октомври 2021 | — | 24.04 | 4.20 | 1.00 | — | 5.17 | 11.91 | — | 35.89 | 9.19 | — | 4.17[б 7] | 11.9 | |
Kantar TNS Brima | 27 август – 9 септември 2021 | 1201 | 30.8 | 7.4 | — | — | 9.5 | 11.4 | 1.7 | 27.6 | 7.4 | — | — | 3.2 | |
Kantar TNS Brima | 28 мај – 16 јуни 2021 | 1194 | 33.0 | 6.8 | — | — | 10.3 | 11.0 | 2.8 | 28.5 | 7.5 | — | — | 4.5 | |
Kantar TNS Brima | 4–6 април 2021 | 1222 | 27.9 | 6.6 | — | — | 8.2 | 11.5 | 1.6 | 27.9 | 9.8 | — | — | 0.0 | |
IPIS | 1–4 март 2021 | 1109 | 31.9 | 1.7 | — | 8.9 | 10.4 | — | 34.7 | 6.6 | — | — | 2.8 | ||
M-Prospect | 16–24 декември 2020 | 1000 | 31.7 | 4.1 | — | 0.9 | 7.8 | 11.4 | 2.4 | 30.8 | 10.6 | — | 0.3[б 8] | 0.9 | |
Парламентарни избори | 15 јули 2020 | — | 35.89 | — | 8.95 | 11.48 | 1.53 | 34.57 | 4.10 | — | 3.49 | 1.3 |
Анкета | Период | Изборни
единици |
СДСМ и коалиција | Вреди[б 9] | АА | Европски Фронт | ВМРО-ДПМНЕ и коалиција | Левица | ЗНАМ | Водство |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
МКД.мк | април 2024 | Вкупно | 30 | 12 | 15 | 53 | 5 | 5 | 23 | |
ИЕ I | 5 | 2 | 2 | 9 | 1 | 1 | 5 | |||
ИЕ II | 4 | 2 | 3 | 8 | 1 | 2 | 4 | |||
ИЕ III | 6 | — | — | 12 | 1 | 1 | 6 | |||
ИЕ IV | 7 | — | — | 12 | 1 | — | 5 | |||
ИЕ V | 6 | 1 | 2 | 9 | 1 | 1 | 3 | |||
ИЕ VI | 2 | 7 | 8 | 3 | — | — | 1 | |||
МКД.мк | 15–24 март 2024 | Вкупно | 28 | 11 | 3 | 14 | 53 | 6 | 5 | 25 |
ИЕ I | 4 | 2 | — | 2 | 9 | 2 | 1 | 5 | ||
ИЕ II | 4 | 2 | — | 3 | 8 | 1 | 2 | 4 | ||
ИЕ III | 5 | — | — | — | 13 | 1 | 1 | 8 | ||
ИЕ IV | 7 | — | — | — | 12 | 1 | — | 5 | ||
ИЕ V | 6 | 1 | 1 | 2 | 8 | 1 | 1 | 2 | ||
ИЕ VI | 2 | 6 | 2 | 7 | 3 | — | — | 1 |
Партија | Гласови | % | Места | +/– | |
---|---|---|---|---|---|
Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останати) | 436.036 | 44.51 | 58 | +14 | |
Коалиција „За европска иднина“ (СДСМ, ЛДП, ДОМ, ВМРО-НП, НСДП и останати) | 154.687 | 15.79 | 18 | -28 | |
Коалиција „Европски Фронт“ (ДУИ, Алијанса за Албанците, ДПА, ДПТ и останати) | 137.561 | 14.04 | 18 | +3 | |
Коалиција „Вреди“ (Беса, Алтернатива и Демократско Движење) | 107.081 | 10.93 | 14 | +7 | |
Левица | 68.663 | 7.01 | 6 | +4 | |
Движење ЗНАМ - За наша Македонија | 56.277 | 5.75 | 6 | +6 | |
Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, Интегра и ПЦЕР) | 4.522 | 0.46 | 0 | – | |
Нова Алтернатива | 3.516 | 0.36 | 0 | – | |
Аваја | 3.516 | 0.36 | 0 | – | |
Твоја | 1.794 | 0.18 | 0 | – | |
Единствена Македонија | 1.688 | 0.17 | 0 | – | |
Родина | 1.099 | 0.11 | 0 | – | |
Македонска Ера Трета | 968 | 0.10 | 0 | – | |
Демократи | 913 | 0.09 | 0 | – | |
Десна | 535 | 0.05 | 0 | – | |
Работничка партија | 452 | 0.05 | 0 | – | |
Европско граѓанско движење | 241 | 0.02 | 0 | – | |
Вкупно | 979.549 | 100.00 | 120 | 0 | |
Важечки ливчиња | 979.549 | 97.27 | |||
Неважечки/празни ливчиња | 27.474 | 2.73 | |||
Вкупно гласови | 1.007.023 | 100.00 | |||
Запишани избирачи/излезност | 1.815.350 | 55.47 | |||
Извор: ДИК |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.