демократска република во Јужна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
Еквадор официјално Република Еквадор (шпански: República del Ecuador)е демократска република во Јужна Америка. Еквадор се граничи со Колумбија на север, Перу на исток и југ и со Тихиот Океан на запад. Таа е една од двете држави во Јужна Америка што не се граничи со Бразил, другата е Чиле. Во рамките на Еквадор се вклучени и Галапагоските Острови, околу 965 км западно од територијата на Еквадор. Државата лежи на екваторот, од каде и е добиено името. Еквадор има површина од 256.371 км2 со главен град Кито, а најголем град Гвајакил.
Република Еквадор República del Ecuador (шпански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Dios, patria y libertad" (шпански) "Pro Deo, Patria et Libertate" латински "Господ, татковината и слободата" |
||||||
Химна: Salve, Oh Patria (шпански) Те поздравуваме, Наша Татковино |
||||||
Главен град | Кито 00°9′S 78°21′W | |||||
Најголем град | Гуајакил | |||||
Службен јазик | шпански1 | |||||
Демоним | еквадорец | |||||
Уредување | Претседателска република | |||||
• | Претседател | Гулилерно Лазо | ||||
• | Алфредо Бореро | |||||
Независност | ||||||
• | од Шпанија (неуспешно) | 10 август 1809 | ||||
• | од Шпанија | 24 мај 1822 | ||||
• | од Голема Колумбија | 13 мај 1830 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 256,370 км2 (73-та) | ||||
• | Вода (%) | 0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 13,755,680 (65-та) | ||||
• | Густина | 53.8 жит/км2 (151-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $99.430 billion[1] | ||||
• | По жител | $7,518[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупно | $56.789 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $3,926[1] | ||||
Џиниев коеф. | 42 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.711[2] висок · 98ма |
|||||
Валута | Долар2 (USD ) |
|||||
Часовен појас | ECT, GALT (UTC-5, -6) | |||||
Се вози на | right | |||||
НДД | .ec | |||||
Повик. бр. | 593 | |||||
1. | кечуанскиот и другите староседелски јазици се зборувани во земјата. | |||||
2. | Еквадорски сукре се користело до 2000. |
Името на државата доаѓа од екваторот, бидејќи територијата на Еквадор се наоѓа точно по таа географска замислена линија.
Докази за постоење на човек на тлото на Еквадор постојат од 3500 п.н.е. Повеќе цивилизации постеле низ Еквадор, како на пример културите Валдива и Мачалила на бргот, Китус во близина на Кито и Кањари во близина на Квенка. Секоја цивилизација развивала сопствена архитектура, поезија и религиозни верувања. По долгогодишни војни во близина на езерото Јахуаркоча (Крваво Езеро), голем број од населението од племињата било убиено. Тоа овозможило да се развие Империјата на Инките и територијата потпаднала под нивна контрола.
Низ поголем број на воени интервенции, регионот потпаднал под власт на Инките во 1463. Атахуалпа, еден од синовите на императорот на Инките Хуајна Капак не можел да ја преземе титулата сè додека императорот не добил нов син, Хуаскар роден во главниот град Куско. По смртта на Хуајна Капак во 1525, Империјата била поделена на две: Атахуалпа го добил северот со главен град во Кито, Хуаскар го добил југот со главен град во Куско. Во 1530, Атахуалпа го поразил Хуаскар и ја освоил целата територија на Империјата со центар во Кито. Тој не успеал да владее со целата територија бидејќи следеле нападите од Шпанија.
Во 1561, шпанските конкистадори под водство на Франсиско Писаро, пристигнале на територијата на Јужна Америка и ги затекле Инките во граѓанска војна. Атахуалпа сакал да ја возобнови Империјата на Инките, додека Шпанците биле со сосема друга намера и го заробиле Атахуалпа за време на Битката на Кахамарка. За да го ослободат, Инките принеле една соба со злато и две соби со сребро. Покрај тоа што Шпанците биле опколени и со помалку на број, Шпанците го убиле Атахуалпа. Во наредните години, Шпанската власт ја засилила моќта и ги оформиле вицекралствата.
На 9 октомври 1820 година, Гвајакил станал првиот еквадорски град што се стекнал со независнот од Шпанија. На 10 август 1822, остатокот од Еквадор се здобил со независност откако маршалот Антонио Хосе де Сукре ги поразил шпанските кралски сили за време на Битката на Пичинча во близина на Кито. По битката, Еквадор се здружил со Републиката Голема Колумбија на Симон Боливар, со една цел да биде независна република во 1830, со претседател Хуан Хосе Флорес.
Еквадор има три главни географски региони, плус еден островски дел во Тихи Океан.
Главниот град на Еквадор е Кито, во планинскиот регион. Најголем град во Еквадор е Гвајакил во покраината Гвајаз. Котопакси е еден од највисоките активни вулкани во светот и се наоѓа на југот од земјата.
Иако земјата не е премногу голема, има голема варијација во климата. Брегот на Еквадор е со тропска клима со врнежливи сезони. Климата на Андите е сува и во амазонскиот басен климата е иста со сите прашумски предели во светот, влажност и врнежи.
Извршната власт во Еквадор вклучува 25 министерства. Покраинските власти и совети се директно избрани. Конгресот се среќава преку целата година. Има 69 комитети по седум члена. Членовите на Врховниот Суд се назначени од Конгресот за неодредено време.
Еквадор доста често ставал назначување на мултилатералните пристапи кон меѓународните прашања. Еквадор е член на ООН и член на повеќе регионални групи, како на пример Рио Групата, Латиноамериканскиот Економски Систем, Латиноамериканската Организација за Енергија, Латиноамериканската Асоцијација за Интеграција и Комитетот на Нации на Андите.
Еквадор е поделен на 24 покраини (provincias), секој со административниот центар:
|
|
Покраините се поделени на кантони, а потоа поделени на парохии.
Еквадорските природни ресурси вклучуваат нафта, дрво и злато. Додатно на нив, земјата е богата и со земјоделските култури: банани, цвеќе, кафе, какао, шеќер, тропски овошја, палмово масло, ориз и пченка. Индустријата е ориентирана кон услуги за домашниот пазар, со мал извоз во околните земји.
Земјата претрпела неколку финансиски кризи во 1997, 1998 и 1999. Ова довело до реформи во пазарната економија на Еквадор при тоа имало девалвација на националната валута од 65%.
На 9 јануари 2000 година администрацијата на претседателот Џамил Махуад го вовела американскиот долар како национална валута во Еквадор а при тоа го заменила еквадорскиот сукре, сличен процес како и во Аргентина. По ова следел бурни протести во земјата и претседателот бил отстранет од позицијата. По овој процес, Еквадор пристапиле кон преговори со ММФ скличувајќи 12 месечен договор и се презеле силни мерки за стабилизирање на економијата.
Населението на Еквадор е етнички доста мешано. Најголема еничка група се мешаните луѓе (мешавина на доселеници и староседелци) и сочинуваат околу 55% од вкупното население на земјата. Староседелците се околу 25% од вкупното население на Еквадор. Белците сочинуваат околу 15% и тука спаѓаат доселениците од Европа, воглавно шпанци. Во Еквадор живеат и мали заедници на Африканци кои се 5% од вкупното население.
Шпанскиот јазик се зборува од околу 90% од населението и е прв или втор јазик на околу 98% од населението на Еквадор. Еден дел од населението зборува на еден од индијанските јазици, но само како втор јазик. Населението кое зборува индијански јазик е околу 2% од вкупното население.
Околу 95% од еквадорците се католици и 4% се протестанти. Во руралните делови на Еквадор, католицизамот и локалните верувања се синхронизирани. Поголем број на религиозни фестивали и прослави се помешани со католичките и локалните религиозни елементи.
Еврејската заедница во Еквадор има околу 500 членови и нејзин центар е во главниот град Кито. Оваа бројка се намалува бидејќи младите луѓе одат на студии во Израел и најчесто остануваат таму.
Верници во Еквадор | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 94,10 % | |||
Без Религија | 5,50 % | |||
Народна Религија | 0,30 % |
Повеќето од Еквадорците живеат во централниот дел на земјата и по брегот на земјата. Амазонскиот дел од земјата не е многу населен и сочинува околу 3% од населението.
Население на градови 2008[3]
Културата на Еквадор е воглавно под влијание на мешаното население на Еквадор и мешавина од европска и староседелска култура, со мали додатоци од африканското население. Повеќето од населението во својот секојдневен живот ги практивуваат елементите на двете најголеми култури, но има и етнички заедници кои се стремат кон автохтоноста на културата и традицијата. Шпанскиот јазик се зборува од околу 90% од населението и е прв или втор јазик на околу 98% од населението на Еквадор. Еден дел од населението зборува на еден од индијанските јазици, но само како втор јазик. Населението кое зборува индијански јазик е околу 2% од вкупното население.
Најпопуларниот спорт во Еквадор, како и во останатите јужноамерикански држави, е фудбалот. Најпознати клубови во Еквадор се БК Барселона, ФК Емелек, Депортиво Кито, Ел Насионал, Олмеда и Депортиво Квенка.
Еквадор се здобил со својот единствен златен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година. Џеферсон Переџ на трката на 20 км го освоил златниот медал.
Повеќе за Еквадор на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Википатување има туристички водич за Ecuador. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.