Азија-Тихоокеанија

подрачје во светот From Wikipedia, the free encyclopedia

Азија-Тихоокеанија
Remove ads

Азија-Тихоокеанија или Азија-Пацифик — дел од светот во подрачјето на западниот Тихи Океан и околу него. Опфатот на овој географски поим зависи од контекстот, но начелно подразбира голем дел од Источна, Јужна и Југоисточна Азија, како и Океанија.

Thumb
Карта на Азија-Тихоокеанија. Со темнозелено е главнината на азиско-тихоокеанските земји, а со светлозелено се обележани понекогаш опфатените подрачја.

Поимот понекогаш ги опфаќа и најисточните приморски делови на Русија (Северна Тихоокеанија) и земјите во Америка кои излегуваат на источниот Тихи Океан; на пример, во организацдијата за Азиско-тихоокеанска економска соработка членуваат Канада, Чиле, Русија, Мексико, Перу и САД. Во друга смисла, под поимот се подразбира речиси цела Азија и Австралазија како и тихоокеанските островски држави (Азија-Тихоокеанија и австралискиот континент), особено во стопанско-трговски контекст.[1] Исклучок од ова е Западна Азија, која никогаш не се вбројува во ова подрачје.

Иако не е сосема уточнет, поимот добил на значење во трговијата, финансиите и политиката почнуваќи од крајот на 1980-тите. И покрај разнообразноста на стопанствата во подрачјето, највеќето поединечни земји во Азија-Тихоокеанија важат за брзорастечки пазари.[2]

Remove ads

Составни подрачја

Во склоп на Азија-Тихоокеанија влегуваат следниве земји и територии:

Азија

Источна Азија

Југоисточна Азија

Јужна Азија

Средна Азија

Западна Азија

Океанија

Австралазија

Меланезија

Микронезија

Полинезија

Remove ads

Податоци за земјите и териториите

Повеќе информации Земја / Територија, Површина (км²) ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads