Скопска Каза

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скопска Каза
Remove ads

Скопската каза била каза во Македонија во состав на Отоманското Царство, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 и почеток на 20 век. Скопската каза била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает). Центар на казата бил градот Скопје, и оттука со казата управувал османлиски чиновник кајмакам. Бидејќи Скопје било центар и на Скопскиот санџак, во градот престојувал и управникот на санџакот, мутесарифот, а од 1888 година, кога Скопје станало центар на Косовскиот вилаета, тука живеел и косовскиот валија.

Thumb
Населените места во Скопска каза, состојба 1910 година.
Remove ads

Географија

Казата зафаќала површина од 1.850км². На север граничела со Качаничката и Гниланската каза, на исток со Кумановската каза, на југоисток со Штипската каза, на југ со Велешката каза, на југозапад со Прилепската каза и на запад со Тетовската каза.

Во средишниот дел била Скопската Котлина, а околу нејзе биле планините: Китка, Караџица, Голешница, Жеден, Градиштанска планина и Црна Гора. Низ казата протекувале реките: Треска (Голема), Вардар, Лепенец, Пчиња, Маркова Река, Кадина Река, Серава и други помали.

Remove ads

Организација и населени места

Казата во XIX век

Бидејќи казата зафаќала голема површина, а за подобро функционирање, била поделена на нахии: Блатија, Кара Даг, Дервент, Каршијак и Град Скопје. Организацијата и населението во 1832/1833 било следнoто[1][2]:

Повеќе информации Број, Име на маало ...
Повеќе информации Број, Име на село ...
Повеќе информации Број, Име на село ...
Повеќе информации Број, Име на село ...
Повеќе информации Број, Име на село ...

Целата каза се проценува дека имала 18392 (43,19%) муслимани, 24181 (56,81%) христијани, односно 42577 вкупно жители.[4]

Казата во XX век

Скопската каза опфаќала 148 села и градот Скопје, односно опфаќала голема територија. Населението на почеткот на 20 век било етнички и конфесијално мешано. Муслиманите кои живееле во оваа каза по потекло биле Турци, Македонци, Албанци, Черкези и муслимански Цигани. Христијанското население било со словенско потекло, но било поделено на верници на Цариградската патријаршија и на Бугарската егзархија.[5]

Скопската каза броела вкупно 34,862 жители. Се состоела од следните населени места:

Скопска Црна Гора

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads