Електронегативност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Електронегативност — мерка за способноста на атомот на некој хемиски елемент да ги привлекува кон себе електроните од заедничките електронски парови образувани со друг елемент. Електронегативноста е релативна величина која се изразува само во бројна вредност. Постојат скали за електронегативноста од различни автори: Полингова, Алредова итн.

И оваа величина се изменува периодично како последица на изменувањето на атомските полупречници. Колку што е помал полупречникот на атомот, толку неговото јадро е поблиску до заедничкиот електронски пар, па затоа посилно го привлекува. Според ова, по периода електронегативноста расте, додека по група се намалува.
Цезиумот има најмала електронегативност (= 0.79), додека флуорот има најголема (= 3.98).
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads