Бориум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бориум (Bh, лат. bohrium), кој претходно го носел името унилесептиум (Uns), е преоден метал.[8] Името го добил по данскиот физичар Нилс Бор.[9]
Remove ads
Историја
Првпат го добиле Русите во градот Дубна во 1976 година. Најзаслужен за тоа се Јуриј Оганесјан, кој ја предводел истражувачката екипа во Обединетиот институт за јадрени истражувања (и по кој е наречен елементот оганесон). Таму е добиен изотопот 261Bh со време на распаѓање од 10 ms. Атомот на бориум е добиен со бомбардирање на бизмут -204 и од јадрото на хром 54.
Во 1981 година германскиот научник под водство на Армавбустер и Минценберг е добиен изотопот 262Bh.
Германците го предложиле називот нилсбор, за да го наградат Нилс Бор, а русите го сакале имаето дибниум. Несогласувањата довеле до тоа елементот привремено да го добие името Unilseptium.
Во 1994 година комитетот IUPACа, го предложил името бориум. Сепак несогласувањата постоеле сè до 1997 година кога елементот го добил денешниот назив.
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads