Полуотворена предна заоблена самогласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Полуотворената предна заоблена самогласка (полуниска предна заоблена самогласка) е вид на самогласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја означува со симболот ⟨œ⟩. Овој знак постои и како лигатурата œ (спој од буквите o и e) во извесни јазици. Треба да се напомене дека малата верзија на истата лигатура (⟨ɶ⟩) се користи за друг глас: отворената предна заоблена самогласка.

Кратки факти Полуотворена предна заоблена самогласка, œ ...
Remove ads

Предавање на македонски

На македонски, гласот се предава со буквата „е“ (на пр. герм. Gödel = Гедел; фр. Greuze = Грез.[1]

Особености

Кратки факти Табела на самогласки по МФА, Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена ...
  • Според висината, самогласката е полуотворена (среднониска), што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на отворена и положбата на средна самогласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според обликот на усните, самогласката е стисната, што значи дека рабовите на усните се затегнати и споени на начин што не ги исложува нивните внатрешни страни.
Remove ads

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...

Самогласката што се бележи со /œ/ во стандардниот централен шведски е впрочем средно [œ̝].[7]

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads