Заситена маст
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Заситена маст — вид маст чии маснокиселински ланци имаат единечни врски. Маста наречена глицерид е сочинета од два вида помали молекули: краток глицерол како ’рбет и масни киселини со долги линеарни или разгранети ланци од јаглеродни (C) атоми. Долж ланецот, некои атоми се сврзани со единечни (-C-C-), а други со двојни врски (-C=C-).[1] Двојна врска долж јаглеродниот ланец може да реагира со пар водородни атоми и да се смени во единечна врска -C-C-, при што секој водороден (H) атом тогаш ќе е врзан за еден од двата јаглеродни атоми. Глицеридните масти без никакви двојни врски во јаглеродниот ланец се нарекуваат „заситени“ бидејќи имаат најголем можен број на водородни атоми, во отсуство на двојни врски кои би реагирале со повеќе водород.
Највеќето животински масти се заситени. Мастите од растенијата и рибите обично се незаситени.[1] Храните имаат различни содржини на заситени и незаситени масти. Многу преработени храни како оние пржени во хидрогенирано масло или колбасите содржат доста заситени масти. Истото важи и за некои купечки печива, особено оние што содржат делумно хидрогенирани масла.[2][3][4] Други примери за храни што имаат значајно количество на заситени масти и холестерол се производите со свинска или живинска маст, масните меса и млечните производи како јогуртот, сладоледот, сирењето и путерот.[5] Такви случаи има и кај оние од растително потекло како маслото од кокос и од палмини јатки.[6]
Многу здравствени организации како Светската здравствена организација се залагаат за намалување на внесувањето на заситени масти во исхраната со цел да подобри здравјето и ризикот од срцеви заболувања кај луѓето. Одбегнувањето на ваквите мести се препорачува во многу стручни написи од истите причини,[7] како и за заштита од шеќерна болест, па дури и смрт во тешки случаи.[8]
Remove ads
Профили на мастите
Иако етикетите за хранлива вредност на производите ги наведуваат заедно, разните заситени масни киселини се различно застапени во основните прехранбени производи. Лауринската и миристинска киселина најчесто се среќаваат во „тропски“ масла (на пр. палмојаткиното или кокосовото) и млечни производи. Заситената маст во месото, јајцата, какаото и оревестите плодови се главно триглицеридите на палмитинската и стеаринската киселина.
Remove ads
Примери за заситени масни киселини
Еве некои почести приомери за масни киселини:
- Путерна киселина со 4 јаглеродни атоми (во путерот)
- Лауринска киселина со 12 јаглеродни атоми (во кокосовото, палмојаткиното масло и мајчиното млеко)
- Миристинска киселина со 14 јаглеродни атоми (во кравјото млеко и млечни производи)
- Палмитинска киселина со 16 јаглеродни атоми (во палминото масло и месото)
- Стеаринска киселина со 18 јаглеродни атоми (во месото и кокосовиот путер)

Remove ads
Застапеност во храната
Поврзано
- Незаситена маст
- Растително масло
- Прехранбена пирамида
- Здрава исхрана
- Брза храна
- Нездрава храна
- Јоден број
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads