Марино Поле

село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Марино Полеmap
Remove ads

Марино Полесело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Thumb
Стара куќа во селото
Thumb
Парк во селото
Thumb
Дуќан во селото
Кратки факти Марино Поле, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Марино Поле се наоѓа на 20 километри североисточно од Петрич, и е расположено во Светиврачко-петричката Котлина, на легиот брег од реката Струма. Селото се наоѓа на 13 километри источно од Петрич, надморска висина од 92 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5.515 км2, а лево од него поминува Европскиот пат Е79.

Историја

Османлиско Царство

Постои легенда според која селото го носи името на една девојка Марија, која избегала со својот љубовник, но била фатена и убиена од нејзиниот татко. Таа била погребана во областа на денешното село. Коските подоцна биле расфрлени на местото каде денеска се наоѓа соседното село Марикостиново[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Демирхисарската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Марино Поле (Marino-polé) е село со 50 семејства и 180 Македонци[2][3].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Марино поле, чифлик на север од Кулата 12 час. Пат - тешкопрооден; среде селото е патот. 9 куќи Бугари.[2][4]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 жители, сите Македонци[2][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][6].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1913-1916 година, во селото се населиле бегалци, главно од селата Кумлија, Сенгелово и Спатово - Демирхисарско, Кула и Хазнатар - Серско[1].

Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.

За време на Втората светска војна, во селото имало германски воени гробишта[8].

Remove ads

Население[2][9]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[10]:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads