Летни олимписки игри 1952
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јубилејните 15-ти Летни олимписки игри се одржале во Хелсинки во 1952 година. Градот Хелсинки бил избран за град-домаќин по победата над конкурентските кандидати: Амстердам, Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Минеаполис и Филаделфија на 40-тата сесија на МОК одржана на 21 јуни 1947 година во Стокхолм. Хелсинки требало да биде град-домаќин на игрите во 1940 година, но тие не се одржале поради Втората светска војна.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1952 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | втор круг | |||
Хелсинки | ![]() |
14 | 15 | |||
Лос Анџелес | ![]() |
4 | 5 | |||
Минеаполис | ![]() |
4 | 5 | |||
Амстердам | ![]() |
3 | 3 | |||
Детроит | ![]() |
2 | - | |||
Чикаго | ![]() |
1 | - | |||
Филаделфија | ![]() |
- | - |
Remove ads
Ретроспектива

- Олимпискиот оган бил запален од финските спортски херои Паво Нурми и Ханес Колехмаинен.
- СССР дебитирал на Олимписките игри. Првиот златен медал за СССР го освоила Нина Ромашкова во дисциплината фрлање диск, а во гимнастика Советскиот Сојуз го освојува првото од осумте последователни златни медали.
- И Израел дебитирал на Олимписките игри. Израел требал да дебитира на игрите 4 години пред тоа, но тоа не се случило поради борбата за независност.
- Унгарија освоила 42 медали (16 златни, 10 сребрени и 16 бронзени) и била трета најуспешна нација што било вистинско изненадување.
- Унгарскиот златен тим предводен од Ференц Пушкаш го освоил златниот медал во фудбал со победи во сите натпревари, а во финалето поразена била Југославија со 2-0. За Југославија ова бил втор последователен сребрен медал.
- Германија и Јапонија повторно добиле дозвола и се вратиле на Олимписките игри. Од окупираната и поделена Германија настапиле Западна Германија и Заарланд како посебна земја-учесничка која во 1955 година се припоила со Западна Германија. Источна Германија не учествувала на игрите. За чудо, за прв и единствен пат во историјата на Олимписките игри Германија не освоила златен медал и покрај тоа што била петта по број на освоени медали 24 (7 сребрени и 17 бронзени медали).
- Правилата во коњичките спортови биле променети. На лицата со воени чинови не им било дозволено да се натпреваруваат, а учествувале и жени. Лис Хартел од Данска станала првата жена којашто освоил златен медал во коњички спортови.
- Емил Затопек од Чехословачка освоил 3 златни медали во трките на 5.000m, 10.000m и во маратонот. Овие трки пртетходно ги немал трчано.
- Боб Матијас од САД го одбранил златото освоено 4 години пред тоа во десетобој освојувајќи 7887 бода.
- Џози Бартел од Луксембург приредил големо изненадување освојувајќи златен медал во трката на 1.500m.
Remove ads
Спортови
|
|
Демонстративни спортови
- Ракомет на трева
- Фински бејзбол
Земји-учеснички

На Летните олимписки игри - 1952 учество земале спортисти од 69 земји што било за 10 повеѓе од игрите 4 години пред тоа. на игрите дебитирале 12 земји: Бахамите, Златниот Брег (денешна Гана), Гватемала, Хонгконг, Индонезија, Израел, Холандски Антили, Нигерија, Советскиот Сојуз, Тајланд и Виетнам. Германија којашто била поделена имала 2 претставника Западна Германија и Заарлаанд. За Заарланд ова е прво и единствено самостојно учество. Во 1955 година станува дел од Западна Германија.
Освојувачи на медали
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads