Општина Студеничани
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Студеничани — општина во Македонија. Седиште на општината е истоименото село.


Remove ads
Историја
1945-1952
Месниот народен одбор Студеничани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Студеничани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Морани со неговите села Вртекица, Морани и Рамни Габер.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Палиград со неговото село Палиград.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Студеничани бил укинат на сметка на Општина Драчево која ги добила селата Вртекица, Морани, Рамни Габер, Студеничани, и Општина Зелениково која го добила селото Палиград.[5]
1996-до денес
Според законот за административна поделба од 1996 година, Општина Студеничани била обновена, на сметка на намалената Општина Кисела Вода. Во општината припаднале селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв.[6] Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Студеничани продолжила да постои со истите 19 населени места.[7]
Remove ads
Географија
Стопанство
Демографија
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Студеничани имал 3,199 жители, односно вкупното население на Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани.
Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]
| Народност | Вкупно |
| Македонци | 63 |
| Албанци | 2,979 |
| Роми | 113 |
| Турци | 9 |
| Срби | 34 |
| Неопределени муслимани | 1 |
Според една проценка од 2016 година, Општина Студеничани имала 21.721 жител.[9]
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 285 |
| муслимани | 16.828 |
| католици | 25 |
| протестанти | 0 |
| останати | 108 |
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 347 |
| албански | 11.813 |
| турски | 3.226 |
| ромски | 73 |
| влашки | 0 |
| српски | 12 |
| босански | 141 |
| останати | 1.634 |
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на Општина Студеничани е Азем Садику од редовите на ДПА. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2017 година, за негов трет мандат од четири години.[10] Садику претходно бил градоначалник во мандатите 2000 — 2005 и 2013 — 2017. Советот на општина Студеничани е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ДПА: 4 места
ДУИ: 3 места
СДСМ: 3 места
БЕСА: 3 места
АА: 1 места
ДПТ: 1 место
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Забелешки
- Селото Варвара го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
- Селото Дресница го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
- Селото Љубош го изгубило статусот на населено место, односно само неговиот поранешен атар се наоѓа во Општина Студеничани.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

