Горно Седларце

село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Седларцеmap
Remove ads

Горно Седларце — село во областа Долни Полог, во Општина Боговиње, на патот помеѓу градовите Гостивар и Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, непосредно до патото Тетово - Гостивар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 466 метри.Од градот Тетово населбата е оддалечена 8 километри. Атарот е мал и зафаќа простор од 4,5 км2.[2]

Историја

На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство. Според податците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Горно Седларце имало 85 жители, сите Албанци христијани. По податоците на Афанасиј Селишчев, во 1929 година населението во селото изнесувало 251 жител од кои најбројни се Македонците и Албанците, сместени во 46 куќи.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Седларце живееле 85 жители, сите Албанци.[3]

По Балканските војни е забележано со 300 жители.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 46 куќи со 251 жител, Албанци и Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[5]

Горно Седларце броело 1.069 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.483 жители.

Пописот во 1991 година не бил целосно одржан во Горно Седларце, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.776 жители, од кои 1.773 Албанци и 3 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.521 жител, од кои 2 Македонци, 1.482 Албанци, 1 Србин и 36 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Горно Седларце е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

  • Исмаиларе (15 к.) доселени се од местото Дарда во северна Албанија.
  • Роше (4 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија.
  • Шарове (17 к.) доселени се од селото Корито, А таму се доселиле од селото Реч во Горна Река.
  • Ферат (3 к.) доселени се од селото Пирок. Таму имаат истоимени роднини. Подалечно потекло од Мат во северна Албанија.
  • Беглери или Оџол (3 к.) доселени се однекаде.
  • Исмалолар (4 к.) доселени се од селото Добри дол. А таму од северна Албанија.
  • Османлар (3 к.) доселени се од селото Пирок.
  • Бајтулар (2 к.) доселени се од Пирок. Подалечно потекло од местото Дукаќики во северна Албанија.
  • Туша (1 к.) и Салак (1 к.) доселени се од селото Трново. Таму имаат истоимени роднини.
  • Рустемови (1 к.) доселени се од Добри Дол.
  • Адролар (3 к.) доселени се од селото Боговиње. А таму од северна Албанија.
  • Љок (1 к.) доселени се од селото Камењане. Таму имаат истоимени роднини.
  • Кука (1 к.) доселени се од селото Теново. Подалечно потекло од Кичевско.
  • Јусколар (1 к.) доселени се од селото Пирок.
  • Оџоли (2 к.) доселени се од селото Добри Дол.
  • Ајдарови (1 к.) доселени се од селото Топлица.
  • Кадриови (1 к.) доселени се од селото Топојани кај Љума во северна Албанија.
  • Царе (5 к.) доселени се од селото Урвич. Зборуваат македонски. Подалечно потекло од Љусна во северна Албанија.
  • Кроса (6 к.) не знаат точно од каде се. Веројатно се од северна Албанија. Имаат истоимени роднини во селата Арнаќија и Рашче, тие таму се доселени од Љума во северна Албанија.
  • Чоропин (3 к.) доселени се од селото Синичане. Таму биле староседелци.
  • Оџа (1 к.) доселени се од селото Јеловјане, таму имаат роднини. Подалечното потекло не го знаат.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2051 и 2052 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.692 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Сафет Алиу (р. 20 јули 1948) - македонски правник, врховен судија и поранешен потпретседател на Државната изборна комисија на Македонија
  • Екрем Ајрули (р. 1 февруари 1957) - македонски поет.

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads