Роберт Јарни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Роберт Јарни
Remove ads

Роберт Јарни (роден на 26 октомври 1968 година, во Чаковец) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната или од средниот ред.

Кратки факти Роберт Јарни, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Роден во Чаковец, својата фудбалска кариера Јарни ја започнал во екипата од својот роден град МТЧ Слога Чаковец. Во 1985 година, играјќи за клубот во куп натпревар во Сплит бил забележан од скаутите на Хајдук, кој набргу станал неговиот нов клуб. За Хајдук дебитирал во сезоната 1986-1987 и одиграл пет сезони со клубот во југословенското првенство, забележувајќи преку 150 настапи.

Во 1991 година, тој се преселил во италијанската Серија А, каде најпрво две години играл за Бари, а потоа во сезоната 1993-1994 го носел дресот на Торино. По добрата сезона со „биковите“, во 1994 година тој потпишал за градскиот ривал Јувентус кој го платил 900 милиони лири.[1] Сепак, во црно-белата страна на градот Торино, тој не успеал да ги оправда очекувањата; честопати бил оставен на клупата од тренерот Марчело Липи, но на крајот ја освоил двојната круна (првенството и купот) во Италија.

Во 1995 година, Јарни потпишал за шпанскиот клуб Реал Бетис, каде имал успешни три години играјќи редовно и постигнувајќи голови. Во летото 1998 година, Јарни бил купен од англискиот Ковентри Сити, но веќе истото лето бил продаден на тогашниот европски шампион Реал Мадрид. Оваа несекојдневна ситуација, некои ја толкувале како заедничка тактика на Ковентри Сити и Реал Мадрид, бидејќи Бетис претходно одбил да го продаде играчот на мадридскиот клуб.[2] Сепак, во Реал Мадрид тој не успеал да се наметне, играјќи само една сезона, главно како резерва.

Во периодот 1999-2001, Јарни настапувал за Лас Палмас, на кој му помогнал да избори промоција во Примера Дивисион во неговата прва сезона. По неколку месеци без клуб, во јануари 2002 година потпишал шестмесечен договор со грчкиот клуб Панатинаикос,[3] со цел да избори место во репрезентацијата за Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Откако успеал во својата намера и настапил на првенството, тој ја завршил својата играчка кариера во летото 2002 година на 33 годишна возраст.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Својата репрезентативна кариера, Јарни ја започнал со Југославија; играјќи првично за репрезентацијата на Југославија под 20 години, во 1987 година тој учествувал на Светското првенство во категоријата одржано во Чиле, каде Југославија играла одлично и на крајот го освоила натпреварувањето, совладувајќи ја Западна Германија во финалето по изведување на пенали.

За сениорската репрезентација на Југославија дебитирал на 26 мај 1990 година, во пријателски натпревар против Шпанија одигран во Љубљана. Напосредно потоа, бил повикан да ја претставува земјата на Светското првенство 1990 во Италија, каде настапил само еднаш, влегувајќи како замена во натпреварот од групната фаза против Колумбија добиен со 1-0.

После 7 настапи и еден постигнат гол за Југославија во периодот 1990-1991, веднаш по осамостојувањето на Хрватска, Јарни продолжил да игра за оваа репрезентација како редовен член во периодот помеѓу 1990-тите и почетокот на 2000-тите, забележувајќи вкупно 80 настапи. Своето деби за хрватската репрезентација го имал на 22 октомври 1992, во пријателски натпревар против Мексико, а со истата настапил на Европското првенство 1996 и на Светските првенства во 1998 и 2002. Врвот на неговата кариера било учеството на Светското првенство 1998 во Франција, турнир на кој одиграл клучна улога во водењето на Хрватска до бронзениот медал, играјќи ги сите натпревари и постигнувајќи гол во победата со 3-0 над фаворитот Германија во четвртфиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Југославија

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија, Дата ...

Хрватска

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Хрватска, Дата ...
Remove ads

Тренерска кариера

Во август 2007 година, Јарни се вратил во Хајдук во новата улога на асистент тренер на Сергије Крешиќ, кој поднел оставка два месеци подоцна, оставајќи го тимот во рацете на Јарни до крајот на сезоната. Сплитскиот тим ја завршил сезоната на 5-тото место на табелата, со 30 бода зад шампионот Динамо Загреб.

На 4 август 2010 година, тој бил назначен за нов тренер на Истра на местото на отпуштениот Анте Мише. По два нерешени резултати и четири порази, Јарни поднел оставка.

На 17 декември 2012 година, бил назначен за тренер на тимот под 19 години на Хајдук Сплит.[4] На 3 декември 2013 година, бил ангажиран за тренер на Сараево.[5] На 9 април 2014 година, по неколку разочарувачки резултати и наоѓајќи се со тимот на четвртото место на табелата во првенството, на четири бода од врвот, тој бил отпуштен.[6]

На 25 ноември, тој бил назначен за тренер на Печ, наоѓајќи го клубот на дното на табелата во унгарското првенство.[7] Стигнал до четвртфиналето на Купот на Унгарија, каде тимот бил елиминиран од Видеотон со 5-1, додека во првенството го освоил единаесеттото место, изборувајќи опстанок. На 1 јуни 2015 година, со тимот во финансиски проблеми и без лиценца за учество повторно во првата лига, тој го напуштил клубот.[8] На 8 јуни, тој бил назначен за нов тренер на Пушкаш Академија.[9] На 16 април 2016, по поразот на домашен терен против Бекешчаба со 1-0 тој бил отпуштен.[10]

На 16 јуни 2017 година, тој бил назначен од хрватскиот фудбалски сојуз за тренер на репрезентацијата под 19 години.[11]

Во август 2019, Јарни се вратил во клупскиот фудбал преземајќи ја тренерската функција во НортИст Јунајтд, екипа од Индија.[12] На 10 февруари 2020 година, тој бил отпуштен од функцијата, по лошата серија од единаесет натпревари без победа што го оставило тимот на деветтото место од десет екипи на табелата во Суперлигата на Индија.[13]

На 3 август 2022 година, тој станал селектор на Хрватска под 17 години.[14] Откако дал некои контроверзни изјави во врска со натпреварот од Лига Европа помеѓу Бетис и Динамо Загреб, во кои тој ја изрази својата јавна поддршка за шпанскиот тим, хрватската федерација одлучила да го отпушти.[15][16]

Remove ads

Статистика

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Репрезентативна статистика

Повеќе информации Репрезентација, Година ...
Remove ads

Титули

Клупски

Хајдук Сплит

  • Куп на Југославија : 2
1986-1987, 1990-1991

Јувентус

1994-1995
1994-1995

Реал Мадрид

1998

Лас Палмас

  • Сегунда Дивисион : 1
1999-2000

Репрезентативни

Југославија под 20
  • Светско првенство во фудбал за играчи под 20 години Светско првенство под 20 години : 1
1987
Хрватска

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads