Сарај (населба)
населба во Скопје и седиште на Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија се однесува на скопското село Сарај. За селото Сарај во Општина Босилово, видете Сарај (Струмичко).
Сарај — населба во Скопје. Сарај е административно седиште на истоимената општина и е поранешно село. Откако Сарај се здобил со статус на градска населба, Сарај претставува најзападниот дел на Скопје. Во рамки на Општина Сарај, населбата Сарај е единството населено место кое е дел од Скопје, а сите останати населени места во Општина Сарај, кои имаат рурален статус како села, не се составен дел од населеното место Скопје, туку се само дел од административната единица Град Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Скопското Поле, помеѓу реките Вардар на север и Треска на југ. Преку Вардар, Сарај граничи со населбата Дексион.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Хусеин Шах и било мешано со христијанско и муслиманско население. Имало 20 христијански домаќинства и 2 муслимански. На овој попис биле забележани 49 мажи христијани, со 6 новороденчиња и 9 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 161 жител.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сарај живееле 50 Македонски христијани и 30 Роми[3]. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сарај имало 80 Македонски егзархисти.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 123 жители (заедно со Љубин). Било дел од Општина Бардовци.[4]
Како село со нејасно население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5]
Според податоците на Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било македонско, христијанско.[6]
За селото Сарај, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било „престоло на некого Усеин Шаха“ и дека и во тоа време биле видливи остатоците од историското минато.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци, 100 Албанци и 50 други.[8]
Remove ads
Население
Во 1961 година биле забележани 1.015 жители, а на пописот од 2002 година, селото има 5.232 жители, од кои 4.294 Албанци, 578 Македонци, 213 Роми, 12 Срби, 15 Турци, 78 Бошњаци и 42 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6.265 жители, од кои 307 Македонци, 5.379 Албанци, 11 Турци, 167 Роми, 4 Срби, 73 Бошњаци, 1 останат и 323 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Сарај е мешано село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Македонски
- Андоновци (2 к.) доселени се од блиското село Шишево.
- Велковци (3 к.) доселени се, но не знаат точно од каде.
- Филиповци (1 к.), Тортевци (1 к.) и Пачовци (1 к.) доселени се од мијачкото село Галичник.
- Богдановци (1 к.) и Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Мралино.
- Димовци (1 к.) доселени се од селото Бардовци.
- Бојковиќи (1 к.) доселени се од селото Чучер-Сандево.
- Радичеви (1 к.) доселени се од селото Рамне во Порече.
- Стојковци (1 к.) доселени се од Скопје. Во нивниот род имало и некој Словенец, домазет.
- Несторови (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река.
- Чмовш (1 к.) доселени се од Русија.
Албански
- Врескало (5 к.) доселени се во 1918 година од селото Грчец. Таму биле староседелци.
- Арцика (1 к.) доселени се од селото Грчец. Таму биле доселени од Албанија, или пак Горна Река.
- Укалар (2 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имале истоимени роднини.
- Арун (1 к.) доселени се од селото Нерези. А таму биле доселени од Албанија.
Турски
- Муртезан (4 к.) доселени биле од Скопје. Овде се населиле на имотите на иселените македонски родови.
Ромски
- Шаиновци (2 к.), Синановци (2 к.), Незир (1 к.), Кадрија (1 к.), Рамадан (1 к.), Ќерим (1 к.), Маљо (1 к.) и Весел (1 к.) они до 1940-тите не биле постојани жители на селото Сарај. Нивното потекло е непознато.[15]
Remove ads
Општествени установи

Цркви
Џамии
Личности
Личности родени во Сарај:
- Томе Николовски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads