Сатурнови месечини

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сатурнови месечини
Remove ads

Планетата Сатурн досега има 56 познати месечини.

Thumb
Сатурновиот систем (фотомонтажа)
Thumb
Титан.

Вовед

Точниот број на месечини на Сатурн веројатно никогаш нема да биде определен поради фактот, дека многу од телата, кои се дел на Сатурновите прстени, имаат премногу мали димензии за некогаш да бидат забележани и квалифицирани.

До средината на XX век познати биле само 9 месечини. Во 1980 год. вселенските програми како Војаџер открија 9 нови месечини во близина на орбитата околу планетата. Во 2000 г. 12 нови месечини беа откриени, сите на големи разстојанија од планетата и на високоексцентрични и повратни орбити — најверојатно тела, заробени од гравитацијата на Сатурн.

Вселенската програма Касини-Хајгенс влезе во орбита околу планетата на 1 јули 2004 г. и при извршени набљудувања беа откриени три мали месечини во внатрешноста на системот. Набљудавани се и неколку непотврдени објекти. На 16 ноември 2004 г. беа набљудувани објекти во прстените на планетата . На 3 мај 2005 г. астрономи во обсерваторијста Мауна Кеја на Хаваите, САД го известија откривањето на 12 нови месечини. .

За откритието во 1905 г. се покажа дека месечината Темида не е точно.

Потврдени месечини

Сатурновите месечини се подредени според орбиталниот период (или просечната оска), од најкратка до најдолга. Месечините имаат сфера се обележани со задеблени, неправилните се обележани со црвена, портокалова и сива позадина.
Повеќе информации Легенда ...


Повеќе информации Редослед, Ознака ...

Непотврдени месечини

The following objects (набљудувани од леталото Касини) сѐ уште не се потврдени како тврди тела. Сѐ уште не е јасно дали овие објекти се навистина месечини или насобрани купчиња во внатрешноста на прстенот Ф.[3]

Повеќе информации Име, Слика ...
Remove ads

Групирање на месечините

Месечините на Сатурн можат најбазично да бидат поделени на шест групи.

Пастирски месечини

Пастирските месечини се мали по размер тела на орбита во некое на прстените на Сатурн или блиску до нив. Тие се грижат за формата на прстените, и им ги дават препознатливите линии. Пастирските месечини на Сатурн се Пан, S/2005 S 1, Атлас, Прометеј, Пандора и S/2004 S 3 (како и непотврдените месечиниS/2004 S 4 и S/2004 S 6).

Коорбитални месечини

Јанус и Епиметеј се коорбитални месечини. Тие се со помалиразмери и имаат пречник од неколку километри. На секои 4 години, тие си ги менуваат орбитите.

Масивни внатрешни месечини

Внатрешните масивни месечини се на орбитата помеѓу Сатурн и E-прстенотМимант, Енкелад, Тетида и Диона. Во оваа група се наоѓаат и две новооткриени мали месечини — Метонија и Палена.

Тројански месечини

Тројанските месечини се еден вид на коорбитални месечини, на орбитата околу Сатурн, само што имаат поголема маса. Тетида има две тројански месечини — Телесто и Калипсо, како и Диона — Елена и Полидевк.

Надворешни масивни месечини

Оваа група ги опфаќа најмасивните месечини на Сатурн на орбитата околу Е-прстенот — Реја, Хиперион, Титан и Јапет.

Инуитска група

Инуитската група вклучува 5 месечини со растојание до Сатурн и наклони — Кивиок, Ијирак, Палијак, Сијарнак и S/2004 S 11.

Нордиска група

Нордиската група вклучува 18 месечини со растојание до Сатурн и наклони — Феб, Скати, Нарви, Мундилфари, Сутунгур, Тример, Имир, од S/2004 S 7 до S/2004 S 10 и од S/2004 S 12 до S/2004 S 18. Сите се на повратна орбита.

Галска група

Во Галската група се наоѓаат три од највнатрешните месечини со орбитални разстојанија и инклинации — Албиорикс, Ериапо и Тарвос.

Remove ads

Именување

Некои астероиди носат имиња на месечини на Сатурн, како на пример 55 Пандора, 106 Диона, 577 Реја, 1809 Прометеј, 1810 Епиметеј, 4450 Пан.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads