1412

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1412 (MCDXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1412 година од новата ера, 412. од вториот милениум, 12. од XV век и трета од 1410-тите.

< 14 век 15 век 16 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6920 и 6921 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6162 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5172 и 5173 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2165.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1412 година се протега во 4048 и 4049, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4108 и 4109 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1955. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 814 и 815 исламска година.

Remove ads

Настани

Јануари-декември

  • 16 јануари Семејството Медичи станале официјални банкари на папата.
  • 25 јануари Ернест (војвода на Австрија) се оженил со Кимбурга од Мазовија.
  • 5 октомври Императорот Го-Комацу абдицирал и императорот Секо го наследил престолот на Јапонија.
  • 28 октомври Ерик Померански станал единствен владетел на Калмарскиот сојуз (Шведска, Данска и Норвешка) по смртта на кралицата Маргарета.
  • декември Битка кај Чалаган - туркмените Кара Којунлу ги поразиле Грузијците под водство на Константин I Грузиски и неговиот сојузник Ибрахим I Ширваншах.

Непознат датум

  • Хуан II Кастилски го објавил Валјадолидскиот законик кој ги ограничил општествените права на Евреите. Помеѓу многуте ограничувања биле и принудата Евреите да носат различни алишта од другите и да им се забранат административните места.
  • Години по издавањето во XIV век, кинескиот воен офицер Џијао Ју од династијата Минг додал предговор на неговата класична книга за војување.
Remove ads

Родени

Починале

  • март Албрект Шведски — крал на Шведска 13641389 (р. 1336)
  • 2 април Руј Гонсалес де Клавихо — кастиљски патописец и писател
  • 16 мај Џан Марија Висконти — војвода на Милано
  • 28 октомври Маргарета I Данска — кралица на Данска и Норвешка од 1387 и на Шведска од 1389 (р. 1353)
  • непознат датум Џалал ад-Дин-хан — хан на Златната орда

Надворешни врски

  • 1412 на Ризницата ?
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads