1410
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1410 (MCDX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1410 година од новата ера, 410. од вториот милениум, 10. од XV век и прва од 1410-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6918 и 6919 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6160 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5170 и 5171 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2163.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1410 година се протега во 4046 и 4047, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4106 и 4107 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1953. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 812 и 813 исламска година.
Remove ads
Настани
Јануари-декември
- 25 март – започнале првите напади на царот Јонле против Монголците, што довело до пад на Олџеј Темур-хан.
- 29 март – Арагонците го освоиле Ористано, главен град на Џудикато ди Арбореа во Сардинија.
- 15 јули – Битка кај Гринвалд (Жалгирис), позната и како битка кај Таненберг: полските и литванските сили предводени од братучедите Владислав II Јагело и Витовт одлучно ги поразиле силите на тевтонските витези, чија моќ била нарушена.
Непознат датум
- Јан Хус бил екскомунициран од надбискупот на Прага.
- Антипапа Јован XXIII бил избран.
- Започнала изградбата на замокот Вурден во Холандија.
- Прашкиот астрономски часовник бил изграден од Микулаш од Кадањ и Јан Шиндел во Прага.
- На власт во Тавантинсују доаѓа најпознатиот Сапа Инка Виракоча, осми по ред во империјата.
Remove ads
Родени
Починале
- 5 март – Матвеј Краковски — полски реформатор (р. 1335)
- 16 март – Џон Бофорт (1. гроф на Сомерсет) (р.1373)
- 3 мај – Папа Александар V
- 18 мај – Рупрехт (крал на Германија) — гроф на Пфалц на Рајна (р. 1352)
- 31 мај – крал Мартин I Арагонски (р. 1356)
- 15 јули – Улрих фон Јунгинген — германски голем мајстор на тевтонските витези (во борба) (р. 1360)
- август – Матеј I Цариградски — вселенски патријарх
- 10 август – Лудовик II Бурбонски (р. 1337)
- непознат датум
- Маргарета Думе — влијателна шведско-финска благородничка
- Џон Бадби — англиски маченик
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads