1450-ти

десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads
< 1440-ти 1450-ти 1460-ти >
1450145114521453145414551456145714581459

Настани

1450

  • 7 февруари - Џон де ла Пол, се оженува со Лејди Маргарет Бофорт.
  • 26 февруари - Франческо Сфорца влегува во Милано по опсадата, станувајќи војвода на градот-држава и основајќи династија што ќе владее со Милано еден век.
  • 15 април - Битка кај Формини: Француските војници на чело со Жан II Бурбон ја поразуваат англиска војска на чие чело се наоѓа Сер Томас Кирел кај Каен.
  • 8 мај - Востание на Џек Кејд.
  • 9 мај - Убиен е Абдал-Латиф Мирза.
  • 13 мај - Карл VIII Шведски, кој исто така служи и како Карл I Норвешки, е прогласен за соборен од вториот престол, во полза на Кристијан I Дански.
  • 6 јули - Каен се предава на Франција.
  • 12 јули - Џек Кејд е убиен во престрелка.
  • 12 август - Шербур Октевил, последната англиска територија во Нормандија, се предава на Франција.
  • 5 октомври - Евреите се протерани од Долна Баварија по наредба на војводата Лудвиг IX.
  • 3 ноември - Основан е Универзитет Барселона.
  • 23 ноември - Прва опсада на Кроја: отоманската војска е принудена да ја повлечат опсадата.

1451

  • 3 февруари - Мурат II, Султан на Отоманското Царство, умира и е наследен (на 18 февруари од неговиот син, [(Мехмед II)].
  • 14 февруари - Луј XI се ожени за Шарлота Савојска.
  • 11 април - Цеље добива статус и градски права како трговски град по наредба на грофот Фредерик II од Цеље.
  • 19 април - Во Делхискиот султанат, авганистанската Династија Лоди ја наследува турската Династијата Сајид.
  • 30 јуни - Француски војници на чело со Жан Орлеан го освоиле градот Бордо.
  • 20 август - Француските сили го освојуваат Бајон, последното упориште на Англичаните во регионот.
  • октомври - По атентатот врз Богдан II, Петру Арон го зазема престолот.
  • 28 октомври - Востание во Гент против Филип III Добриот, Војвода од Бургундија.

1452

1453

Thumb
Мехмед II влегува во освоениот Цариград
Thumb
Битка кај Кастилон
  • 17 јули - Битка кај Кастилон: Во последната битка на Стогодишната војна, француските сили на чело со Жан Биро ги поразуваат англиските на чело со Џон Талбот, кој и бил убиен во битката.
  • 23 јули - Битка кај Гавере во Фландрија: Филип III Добриот, војводата од Бургундија, победува над бунтовниците во Гент, што доведува до предавање на градот и крај на востанието на Гент.
  • 10 октомври - Сеџо Чосон го убива својот непријател генерал Ким Јонг-сео.
  • 19 октомври - Француските сили го враќаат Бордо, завршувајќи ја Стогодишната војна и оставајќи им го на Англичаните единствено Кале во рамките на денешна Франција.
  • 28 октомври - Ладислав V е крунисан за Крал на Бохемија.
  • Јохан Гутенберг го измислува печатењето со подвижни букви. Ова е, исто така, важен настан според кој оваа година се смета за крај на средниот век.

1454

1455

1456

17 октомври - Основан е Универзитет Грајфсвалд, што го прави вториот најстар универзитет во Северна Европа.

1457

  • 24 февруари - Карл VIII Шведски е прогласен за соборен од престолот. Архиепископот на Шведска и државникот Ерик Акселсон Тот стануваат ко-регенти на Шведска. Престолот потоа се понудил на Кристијан I Дански и Норвешки.
  • 12 април - Стефан Велики го обезбедува престолот на Молдавија, владеејќи со земјата во следните 47 години.
  • 23 јуни - Кристијан I Дански е избран за крал на Шведска, завршувајќи ја војната меѓу Шведска и Данска и овозможувајќи враќање на Калмарската унија.
  • 14 август - Мајнчкиот псалтир, втора поголема книга отпечатена на Запад, станува прва книга што е целосно завршена механички (вклучувајќи и боја), и прва што носи печатена дата.
  • 2 септември - Битка кај Уџебарда: Важната победа на Скендербег против војската на Османлиите.

1458

Непозната дата

1459

Непозната дата

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads