Велешка контрачета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Велешка контрачета
Remove ads

Велешката контрачета — фашистичка и нацистичка чета создадена во Велес, дел од Михајловистичките контрачети во Македонија којшто биле создадени од страна на фашистичката власт на Бугарија во време на втората светска војна. Била создадена во октомври 1942 година и била првата контрачета во Македонија,[1] но според тогашните документи почнала да дејствува околу декември 1942.[2]:101 Основачот и првиот водач на контрачетата бил Милан Панов Завков но после Пано Манев станал водач. Организацијата редовно се судрила со велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. После народнотоослободувањето на Македонија голем дел од поранешни членови на контрачетата биле стрелани, заедно со нивниот водачот.

Кратки факти Велешката контрачета, Функционира ...
Remove ads

Историја

Во ноември 1941 година ме назначија за кметски намесник во селата Ветерско, Лугунци и Рудник, сѐ до есента 1942 кога ме викна полицискиот началник во Велес, кој ми кажа дека се појавиле српски чети во Азот, што треба да гониме, оттука отидовме во Скопје, таму ни дадоа оружје и шинели и не вратија назад, на акција.

Со почетокот на ослободителна борба во Македонија почнале да се формираат повеќе воени единици против бугарската фашистичката окупација, заради тоа владата на Бугарија одлучила дека за да може успешно да дејствува против партизанските одреди морале да имаат луѓе од родното место што повеќе го знаеле теренот, народот и состојбата на околината, за да можат непречено да го контролира движењето на партизанските единици, да ги открива нивните бази.[3]:56 Заради тоа од наредба на окупаторската фашистичка влада на Бугарија била формирана велешката контрачета и членовите биле приклучени спротив нивната волја, таа била првата чета во Вардарска Македонија, дел од Михајловистички контрачети во Македонија.[1]

Главниот иницијатор на формирање на контрачетна бил Стефан Симеонов, еден од по истакнатите водачи на армијата на Бугарија и поранешен деец на ВДРО, Симеонов после бабунската акција сметал дека со контрачетата бугарската фашистичка окупација би била повеќе стабилна.[4] Бабунската акција имало големо влијание на окупаторите за формирањето на контрачетата, заради тоа што во ноември имало народен бунт во градот, и окупаторите на градот почнале да уапсуваат многумина луѓе, истовремено убивајќи неколку.[5] Кога била формирана контрачетата за прв пат била составена од 23 членови и тие биле:

Повеќе информации Членови на Велешката контрачета (Октомври 1942), Бр. ...
Remove ads

Структура

Thumb
Телата од тие убиени од бугарската фашистичка власт со помош на Велешката контрачета

Водач

Кога бил прифатен предологот за формирање на велешка контрачета од Софија почнало брза организација за формирањето на четата, заради тоа имало многу проблеми при почетокот на нејзиното дејство. Кога била формирана добила буџет од 3.000 лева со неколку оружја од Скопје, но голем дел на четниците кој се приклучиле немале претходно воено искуство.[7]

За водач Трајко Чундев предложил кон фашистичката влада војводата Пано Манев, Манев во неговиот мемоари се претставувал како првиот водач и единствениот водач на четата, но поранешни документи задржани во архивски центри го именувале Милан Завков како првиот водач, многу малку е познато за Завков, освен дека бил роден во 1898 во селото Чашка, Македонија. Во 1943 Завков исчезнал и никогаш не бил пак најден, според неколку теории тој бил уапсан и стрелан од страна на ОЗН.[2]:103

Сепак Пано Манев бил секретар на Милан Завков пред неговото исчезнување. Според Ѓорѓи Малковски помеѓу периодот на исчезнувањето на Милан Завков биле именувани двајца заменици, тие биле Данчо Зафиров Јондолски и Ангел Панов Филипов, но тие биле водачи за краток период. Во 26 јуни 1943 година за прв пат бил именуван Пано Манев како главниот водач на контрачетата.[2]:108

Војниците

Освен водач понекогаш имале секретар или заменик за водачот на четата. Голем број од војниците во контрачетата добиле малко за одбрана или за нивното учество, секој член добил само еден Карабин со 50 куршуми за одбрана, секој месец ќе добиле 50 куршуми додаток. Тие добиле и капа, црни чизми, немале униформа но носиле пелерина за да можале да се препознаат.

Главниот водач имал неколку разлики што другите членови немале, наместо 50 куршуми имал 100, наместо карабин имал шмајзер, нивната пелерина била поразлична во дизајн од другите војници во четата. Платата била еднака на сите, водачот и војниците добиле 116 лева дневно но кога биле отсутни немале да бидат платени за тој ден. Вкупното 116 лева означуваше 3.480 лева месечно за секој војник, тоа било еден од највисоките плати во градот Велес, началници на полицајци во тоа време имале просечна месечна плата на 3.800 лева.[3]:66 Тоа докажало дека фашистичката влада на Бугарија би потрошила многу пари само за да можела да шири бугарска шовонистичка пропаганда во Македонија.

Remove ads

Воени дејства

1942

Thumb
Слика од Невена Георгиева - Дуња, еден од најпознатите македонски партизанки, убиена од бугарските фашистички војници којшто добиле информации за нејзината местоположба од контрачетите

Контрачетата била формирана според државни документи во октомври 1942 но ги почнале нивните воени дејства во декември 1942, нивната прва битка била во 13 ноември 1942, против велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во селото 'Рлевци, Велешко. Контрачетниците биле силно поразени и заробени, но биле пуштени бидејќи ветиле на водачите на партизанскиот одред дека немале да учествуваат како контрачетници.

Следниот голем судир бил во 4 декември 1942 кога ги откриле во мала база партизански војници во Солунска глава, ги следиле војници во различни села, партизанот Ристе Најдовски го убиле кога тој евакуирал од солунска глава до Папрадиште, Јован Басаров бил фатен во Отиштино и осуден во затвор па после обесен без правилна судска пресуда. Во овој напад била брутално убиена македонската партизанка Невена Георгиева - Дуња од страна на бугарските фашистички војници кој што добиле информации за нејзината местоположба од контрачетниците.[2]:111 Во 16 декември 1942 нападнале партизанска база во село Војница, Чашка, било пораз за македонските партизани, неколку биле заробени и седум партизани биле убиени.[8]

1943

Нивните воени дејства станале повеќе редовни, во 3-ти јануари 1943 откриле партизани во Дејковец, Зелениково но сите избегале освен еден партизани со името Владо Кошулчето (1912 - 1943). Заради нивните успеси тие почнале брутално да ги казнуваат и мачаат сите заробени партизани, учествувале во мачењето на Маца Овчарова каде што бугарската фашистичка полиција одлучила да ја закопале Овчарова во 7-ми јануари, 1943 иако уште била жива.

После тоа имале долг мирен период којшто траел за првата половина на годината и пак станале повеќе редовни покрај крајот на мај.[2]:113 Во 21 мај се судриле со партизанска база во Ораов Дол, Чашка, но никој не бил заробен ниту убиен и двете страни се повлекле. Во 6ти август истата година поразиле партизански војници покрај Азот, Чашка и ги убиле еден од водачите.[3]:71-72

Покрај есента во 1943 годината неколку партизански единици се организирале да патуваат од Прилепско кон велешката територија со голем марш. Заради тоа Асен Богданов, кој што бил Скопскиот областен полициски началник формирал краткотрајна полициска единица која што патувала од Скопје до Велес. При тоа скопската полициска сила се приклучила со велешката полициска сила под водство на Константин Добрев, која што била во блиска соработка со велешката контрачета. Биле успешни и партизанските сили се привлекле во Прилеп.

1944

Thumb
Мапа од февруарскиот поход, контрачетата учествувала со фашистичката бугарска држава против походот.

Во 1944 година вооружената активноста продолжила но била во послаба состојба, многумина војници во четата изгубиле надеж дека би ги победиле партизаните, заради тоа бројот на војници почнало да се намалува. Како обид да не биле стрелани од партизаните, некои војници одлучиле да се приклучуваат со партизаните.

Некој верни во четата продолжиле, тие учествувале против февруарскиот поход заедно со Љубен Апостолов којшто бил водач на велешкиот полк на бугарската фашистичка армија,[3]:73 но немале успех. После Пролетната офанзива контрачетата била поразена. Покрај декември 1944 година после народното ослободување на Велес главната база на контрачетата била откриена и сите биле уапсани, во јануари 1945 како дел од масакрот во Велес биле стрелани војниците на контрачетата и нивниот водач

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads