Милица Стојанова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Милица Стојанова (родена на 6 јуни 1932 во Крива Паланка) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]

Кратки факти Милица Стојанова, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Заедно со глумиците Нада Гешоска, Мери Бошкова и Љупка Џундева, таа се смета за една од најангажираните актерки, кој оставиле белег во македонскиот театар и филм. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.[2][3]

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1970-ти
1970Мојсие од малото место ТВ-филм
1970Вујковиот сон ТВ-филм
1970Жорж Данден ТВ-филм
1970Мртва стража ТВ-филм
1971Мува ТВ-филм
1972Настан можеби последен ТВ-филм
1973Недела ТВ-филм
1975Зар и ти Сотире ТВ-филм
1975Шути и рогати ТВ-серија
1976Сослушување на железничарот ТВ-филм
1977Итар Пејо ТВ-серија
1977Исправи се, Делфина ТВ-филм
1978Курирот на Гоце ТВ-серија
1980-ти
1980Оловна бригада ТВ-филм
1981Булки крај шините ТВ-серија
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Тумба, тумба дивина ТВ-филм
1982Јужна патека ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серијаНеда
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1983Записник ТВ-филмСтефка
1984Диво месо ТВ-филмМарија
1984Јуначко колено ТВ-серијаМарија Карева
1985На наш начин ТВ-серија
1985Тетовирани души ТВ-филм
1986Состојба пред инфаркт ТВ-филм
1986Сонце на дланка ТВ-серија
1986Среќна Нова ‘49 ТВ-филмМајката
1987Трето доба ТВ-серија
1988Скопски сновиденија ТВ-филм
1988Втора смена ТВ-серијаБабата на Николче
1988Марка ТВ-филм
1990-ти
1990Трст виа Скопје ТВ-серија
1990До, ре, ми ТВ-серијаБабата
1990-1991Еурека ТВ-серија
1991Тетовирање ТВ-филмМара
1992Време, живот ТВ-филм
1992Сили во воздухот ТВ-филмНата
1992Хераклеа по втор пат ТВ-филм
1992Последната македонска елегија ТВ-серијаМајката
1993Светлосиво ТВ-филм
1994Пред дождот ТВ-филмТетка Цвета
1995Заборавени ТВ-филмПараскева
1997Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
1998Вујко Вања ТВ-филм
1998Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
1998На Балканот не се пие чај ТВ-филм
1999Време, живот ТВ-филмМаца
2000-ти
2000Погрешно време ТВ-серијаМилица
2001Прашина ТВ-филмДоста
2002Глужд во времето ТВ-филмЕлена Митрева
2002Наше маало ТВ-серијаСтарицата
2002Клевета ТВ-серијаМајката
2003Чекор пред времето ТВ-филм
2005Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2007Досие-К ТВ-филмЕлена Митрева
2007Елегија за тебе ТВ-филмМарија Солева
2010-ти
2010Мајки ТВ-филм
2014Деца на сонцето ТВ-филмЛена
2015Три дена во септември ТВ-филмАнка
2016Роденден ТВ-филм
2017Види ја ти неа ТВ-филмТрпана
2017Дали би ја погледнала ТВ-филмБабата
2020-ти
2020Мојот Драмски ТВ-серија
Remove ads

Награди

  • 1973 Артист на годината според анкетата не "Екран"
  • 1981 Награда "13-ноември" за улогата во "Партија реми"
  • Награда "ЈРТ" за Радио улога
  • 1981 Награда за артист на годината според анкетата на "Екран"
  • 1982 Награда за најдобро глумечко остварување на МТФ "Војдан Чернодрински" Прилеп за улога во "Еригот" - Малина
  • 1984 Стериина награда за улогата на "Параскева" во "Дупло дно"
  • 1984 Награда "11-октомври"
  • 2009 Награда Св. "Јоаким Осоговски"
  • Награда "Ристо Шишков"
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • Награда за животно дело "11-октомври"
  • 2015 Награда за животно дело "Петре Прличко"
  • 2018 Награда "Голема Ѕвезда"
  • 2022 Награда "Орден" на "Република Македонија"

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads