From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарен Бар Флечер (роден на 1 февруари 1984 година во Далкит) — шкотски фудбалер, играч од средниот ред на Стоук Сити и на шкотската репрезентација.
Дарен Флечер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 февруари 1984 | ||
Роден во | Далкит, Шкотска | ||
Држава | Шкотска | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Стоук Сити | ||
Број | 24 | ||
Младинска кариера | |||
Манчестер Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003–2015 | Манчестер Јунајтед | 223 | (18) |
2015–2017 | Вест Бромвич Албион | 91 | (4) |
2017–2019 | Стоук Сити | 38 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2002 | Шкотска 20 | 2 | (2) |
2002-2003 | Шкотска 21 | 4 | (0) |
2003- | Шкотска | 80 | (5) |
* Ажурирано на: 27 јануари 2012 ** Ажурирано на: 27 јануари 2012 |
Моментално тој е капитен на својата репрезентација.
Внатрешен играч од средниот ред, кој по потреба може да игра и како крило и како играч од одбраната,[1] што го прави поливалентен играч.
Флечер е роден и израснал во Далкит, Мидлотиан, Источна Шкотска.[2][3] Со образование се стекнал учејќи во основното училиште Сент Лук и во средното Сент Дејвид во Далкит.[4] Како дете Флечер бил навивач на Селтик.[5]
Флечер се оженил со Хајли Грајс во јуни 2010, со која има две деца близнаците Џек и Тајлер родени во 2007 година.[6][7]
Во детството Флечер играл фудбал во Хачисон Вејл и Тајнкасл пред да биде забележан од скаутите на Манчестер Јунајтед.[8][9] Тој му се приклучил на Манчестер Јунајтед како младински играч на возраст од 11 години. Флечер требало да стане најмладиот играч кој некогаш се појавил во првиот тим на Манчестер Јунајтед, кога бил повикан за последниот лигашки натпревар на клубот во сезоната 1999-2000 против Астон Вила на 14 мај 2000 година, но правилата на Премиер лигата им забранувале на играчите кој имаат училишни договори настап на сениорско ниво, поради што дебито на Флечер било одложено. Тој подоцна потпишал приправнички договор во јули 2000 година, пред да го потпише својот прв професионален договор со клубот на 1 февруари 2001 година, на неговиот 17-ти роденден.
Во меѓувреме, тој постепено напредувал низ младинските тимови на клубот, и бил дел од резервниот тим кој го освоил Манчестер Сениор купот во сезоната 1999-2000.[10] Тој првично играл како десно крило и бил виден како наследник на Дејвид Бекам - еден од најдобрите играчи на тимот во тој момент - и според многумина би требало со леснотија да се пробие во првиот тим и да остане таму многу години подоцна откако Бекам ќе замине,[11] но како се развивал било јасно дека на Флечер многу повеќе му одговара позицијата централен играч од средниот ред.
Во текот на следните неколку сезони, учествата на Флечер биле ограничени поради разни повреди, вклучувајќи ја и скршеницата на ногата. Сепак, од сезоната 2002-2003, тој станал редовен член на резервниот тим, а по неколку настапи како неискористена замена, тој конечно го направил своето деби за првиот тим на 12 март 2003 година - речиси три години подоцна откако првично било планирано - почнувајќи на десната страна во средниот ред против Базел во втората групна фаза на Лигата на шампионите 2002-2003.[2][12] Тој бил заменет со Дејвид Бекам во 73-тата минута, но вториот настап во Лигата на шампионите против Депортиво де Ла Коруња уследил само една недела подоцна,[13] а исто така тој бил на клупата и во двата двобоја од четвртфиналето против Реал Мадрид.[14][15] За неговите настапи за резервниот тим во сезоната 2002-2003, Флечер ја добил Дензил Харун наградата за играч на годината на резервниот тим на Манчестер Јунајтед.
Флечер влегол во првиот тим на Манчестер Јунајтед за време на кампањата 2003-2004 во англискиот фудбал, играјќи голем број на важни натпревари меѓу кои и Финалето на ФА Купот 2004 кое го започнал во почетните единаесет на Јунајтед играјќи 84 минути во победата на црвените ѓаволи со 3-0 над Милвол. И покрај бавниот почеток на кампањата 2004-2005, во која во почетокот на сезоната тој направил многу малку настапи, сепак Флечер успеал да се избори за место во првиот тим на Јунајтед нешто подоцна. На 1 јануари 2005 година, Флечер го постигнал својот прв гол во кариерата во Премиер лигата во победата со 2-0 над Мидлсбро.[16]
Флечер бил еден од играчите кој биле изложен на критика од страна на капитенот на клубот Рој Кин, по поразот на Јунајтед со 4-1 од Мидлсбро во октомври 2005 година. Наводно, Кин изјавил: "Не можам да разберам зошто луѓето во Шкотска се толку запалени за Дарен Флечер."[17] Сепак, Кин подоцна се обидел да ја исправи својата изјава велејќи: "Ако ги слушате моите коментари во текот на последните две или три години, ако на некој играч сум му дал кредит во текот на годините, тоа би бил Флеч. И тој го знае тоа."[18] Флечер на некој начин им одговорил на неговите критичари во најважниот натпревар во лигата на 6 ноември 2005 година, постигнувајќи го единствениот погодок во победата над Челси со 1-0 со лоб удар со глава.[19] Неговиот победоносен гол исто така значел и крај на серијата на Челси од 40 натпревари без пораз во Премиер лигата.[19]
На почетокот на сезоната 2006-2007 Флечер го задржа своето место во првиот тим, но постигнал гол само еден гол и тоа по влегувањето од клупата во гостинската победа над Чарлтон Атлетик.[20] Подоцна, тој го постигнал победничкиот гол со глава во гостинското соочување со Мидлзборо во декември[21] и уште еден гол со глава во победата против Чарлтон дома во февруари, правејќи дабл против овој клуб таа сезона.[22] Како сезоната одминувала, менаџерот Алекс Фергусон сè повеќе го претпочитал квартетот играчи во средниот ред Кристијано Роналдо, Пол Сколс, Мајкл Карик и Рајан Гигс, со што настапите на Флечер биле ограничени само на влегувања од клупата за резерви како замена. Меѓутоа, поради отсуството на Сколс заради суспензија, тој добил шанса во почетната постава, за реванш двобојот со Рома од Лигата на шампионите во кој одиграл значајна улога при фантастичната победа на Јунајтед со 7-1 со што црвените ѓаволи се пласирале во полуфиналето со вкупен реултат 8-3.[23]
Пред почетокот на сезоната 2007-2008, Манчестер Јунајтед се засилил во средниот ред со Овен Харгривс и Андерсон како и со крилото Нани, со што Флечер играл помалку дури и во однос на претходната сезона. Како и претходно, Фергусон ги претпочиташе Карик, Сколс, Гигс и Роналдо во средниот ред, а Флечер добил помалку време за игра и од новите засилувања. Сепак, тој одиграл и некој забележителни натпревари кога добил шанса, вклучувајќи ги двата гола во победата со 4-0 над Арсенал на Олд Трафорд во четвртата рунда на ФА купот.[24] Флечер добил златен медал, кој му припаѓа на победникот во Лигата на шампионите, иако тој бил неискористена резерва во финалето против Челси кое Јунајтед го добил по изведувањето на пенали.[25]
Во сезоната 2008-2009, Флечер бил стартер во првите два натпревари на Јунајтед, и постигнал гол против Њукасл Јунајтед на Олд Трафорд во првиот натпревар на клубот во Премиер лигата за сезоната, носејќи им на домаќините израмнување на 1-1 по водечкиот гол на Обафеми Мартинс.[26] Флечер го пронашол својот втор гол за сезоната отворајќи го резултатот со удар од непосредна близина против Портсмут, на додавање на Патрис Евра во победата со 1-0.[27] На 3 октомври 2008 година, Флечер потпишал продолжување на неговиот договор со Манчестер Јунајтед за уште три години до летото 2012 година. Третиот гол на Флечер за сезоната дошол против Евертон на 25 октомври.[28] Исто така тој постигнал погодок и на Светското клупско првенство во победата со 5-3 во полуфиналето против Гамба Осака, само 10 минути по влегувањето во игра од клупата за резерви.[29]
Во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал на 5 мај 2009 година, Флечер добил директен црвен картон за старт над Сеск Фабрегас, што значело дека тој нема да може да игра во финалето.[30] Од повторената снимка јасно се видело дека стартот на Флечер бил чист бидејќи тој најпрво ја допрел топката по што од Манчестер Јунајтед се обиделе да ја поништат оваа одлука, меѓутоа во натпреварувањата на УЕФА не постоела жалбена постапка за црвените картони дури иако се неправедно покажани како во случајот на Флечер.[31] Манчестер Јунајтед поднеле жалба до УЕФА за да биде поништен црвениот картон од полуфиналето на 7 мај 2009,[32] но таа била отфрлена четири дена подоцна.[33] Потоа, тренерот на Интер Жозе Мурињо дал изјава во врска со отсуството на Флечер во финалето, велејќи: "Флечер е поважен отколку што мислат луѓето. Неговото дело во средниот ред, особено во битките на средината на теренот во клучните натпревари тој е многу важен. Манчестер Јунајтед ќе го пропушти своето темпо и агресија во дефанзивните акции: тој ги "јаде" противниците во одбранбената транзиција. Верувам дека Чави и Андрес Инјеста се среќни што Флеч нема да игра."[34]
Во сезоната 2009-2010, Флечер го зацврстил своето место во срцето на средниот ред на Манчестер Јунајтед, започнувајќи ги сите важни натпревари на клубот. Тој ја отворил својата сметка на голови за сезоната постигнувајќи два на еден ист натпревар, незаборавното манчестерско дерби во кое Јунајтед го совладал Сити со 4-3 на Олд Трафорд, откако Флечер двапати го носел Јунајтед во водство од 2-1 и 3-2 Сити успеал да изедначи на 3-3, но сепак Мајкл Овен бил играчот кој го постигнал решавачкиот погодок во шестата минута од дополнителното време. Флечер исто така бил избран за Играч на натпреварот.[35] На 21 ноември 2009 година, Флечер го постигнал својот трет погодок за сезоната, зафаќајќи полуволеј од работ на шеснаесетникот кој завршил во горниот агол, со што Јунајтед дошол до водство од 1-0 против Евертон во победата со 3-0.[36] Во текот на оваа сезона, исто така, Флечер бил забележан како настапува во одбраната како и другите играчи од средниот ред Мајкл Карик и Парк Жи-Сунг, поради кризата со повреди на играчите од одбраната која го оставила само Патрис Евра како единствениот здрав играч од последната линија.[37][38] Тие сепак успеале да ја одржат својата мрежа сува против Вест Хем Јунајтед и да примат само еден гол од шампионот на Бундеслигата Волфсбург во Лигата на шампионите.[39] На 9 јануари 2010, Флечер бил исклучен за време на натпреварот против Бирмингем Сити откако добил два жолти картони.[40] На 10 март, тој го постигна четвртиот гол во победата со 4-0 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Милан, со што неговиот тим изборил пласман во четвртфиналето.[41] По завршувањето на сезоната Флечер бил избран во Идеалниот тим на Премиер лигата за сезоната 2009-2010.[42]
Флечер го направил својот прв старт во сезоната 2011-2012 во првиот натпревар на Јунајтед од групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2011 година на гости кај Бенфика, кој завршил со нерешен резултат 1-1.[43][44] Ова бил прв старт на Флечер после неколку месеци откако тој бил надвор од акција од крајот на сезоната 2010-2011 поради болест, за која подоцна во декември 2011 година било установено дека се работи за улцеративен колитис.[45] Тој го направи своето прво појавување во Премиер лигата за сезоната четири дена подоцна во победата со 3-1 против конкурентот за титулата Челси.[46] Флечер го задржал своето место во средниот ред и во следните натпревари од Премиер лигата против Стоук[47] и Норич Сити.[48] На 23 октомври, тој постигна го постигнал почесниот погодок за Јунајтед во поразот со 6-1 од градскиот соперник Манчестер Сити,[49] со прекрасен пласиран удар во десниот горен агол.[50]
Својот 300-ти настап во кариерата за Манчестер Јунајтед Флечер го направил на 5 ноември во победата со 1-0 против Сандерленд.[51] Флечер го постигнал вториот гол за сезоната во ремито 2-2 на Манчестер Јунајтед против Бенфика во Лигата на шампионите, на 22 ноември. Тој одлично го испратил центаршутот на Патрис Евра засекувајќи ја топката на пет метри од голот, но откако голманот му го одбранил првиот обид Флечер добил уште една можност за конечно да постигне гол.[52] По овој натпревар тој најавил дека ќе направи подолга пауза од фудбалот по медицинскиот совет заради неговите проблеми со постојаниот улцеративен колитис.[45] Тој не одиграл ниту еден натпревар до крајот на сезоната 2011-2012.[53]
Во септември 2012, Флечер го одиграл својот прв натпревар по десет месечното отсуство, влегувајќи како замена на местото на Пол Сколс во победата со 1-0 над Галатасарај на Олд Трафорд во Лигата на шампионите.[54] На 24 ноември, Флечер го постигнал својот прв гол после болеста, реализирајќи со удар со глава по корнерот изведен од Вејн Руни против Квинс Парк Ренџерс.[55] На 17 јануари 2013 година, било објавено дека Флечер бил подложен на операција со цел да се реши неговата состојба, што ќе го отфрли од акција до крајот на сезоната. Во соопштението било нагласено дека ова е "планирана процедура преземена во оптимално време" за што е потребно Флечер да биде во добра здравствена состојба. Во својот говор по пензионирањето во мај 2013 година, веднаш по неговиот последен натпревар на Олд Трафорд како менаџер на Манчестер Јунајтед, менаџерот Алекс Фергусон му посакал на Флечер што е можно побрзо да закрепне и да му се врати на фудбалот.[56] Една недела подоцна, стигнала вестта дека неговата хирургија била успешна и дека Флечер е на прав пат да се врати на фудбалот во јули 2013 година.[57]
На 15 декември 2013 година, Флечер го направи своето прво појавување по речиси една година влегувајќи како замена за Рајан Гигс во победата со 3-0 над Астон Вила.[58] Откако имал уште еден настап од клупата за резерви три дена подоцна против Стоук Сити во Лига купот, Флечер го забележал и својот прв првенствен старт за Манчестер Јуанјтед после 390 дена во победата на гости со 3-2 над Хал Сити.[59] Во август 2014, тој бил назначен за втор капитен на Манчестер Јунајтед од менаџерот Луј ван Гал, зад Вејн Руни.[60]
На 2 февруари 2015 година, Флечер потпишал за Вест Бромвич Албион со слободен трансфер.[61] Тој дебитирал на 8 февруари 2015 година против Барнли, носејќи ја капитенската лента на Албион.[62] Својот прв гол за клубот го постигнал на 11 април 2015 година против Лестер Сити, во поразот со 3-2.[63] Помеѓу неговото деби за Вест Бром во февруари 2015 година и паузата за репрезентативни настапи од октомври 2015 година, Флечер не пропуштил ниту една минута фудбал во Премиер лигата, со што целосно го докажал неговото враќање по проблемите со болеста во претходните години.[64] Својот втор гол за Вест Бромвич го постигнал на 28 декември 2015 година, во победата со 1-0 против Њукасл Јунајтед.[65] На својот следен погодок во Премиер лигата Флечер почекал до сезоната 2016-2017. Тој дошол во победата со 4-0 против Барнли на 21 ноември 2016 година.[66] Својот последен гол за Вест Бромвич во карерата го постигнал на 21 јануари 2017 година, во победата со 2-0 против Сандерленд.[67] Во натпреварот против Стоук Сити, на 4 февруари 2017 година, го одбележал својот 300-ти натпревар во Премиер лигата. Поранешниот менаџер на Флечер Сер Алекс Фергусон го поздравил него нарекувајќи го "фантастичен професионалец и фантастично човечко суштество".[68]
На 1 јуни 2017 година, Флечер потпишал двегодишен договор со Стоук Сити, кој стапил во сила по истекот на неговиот договор со Вест Бромвич Албион на 1 јули.[69] Тој дебитирал на 12 август, кога тимот ја започнал својата сезона во Премиер лигата со пораз од Евертон со 1-0, играјќи ги сите 90 минути.[70]
Флечер дебитирал за сениорската репрезентација на Шкотска на 20 август 2003, влегувајќи од клупата за резерви во 60-тата минута на пријателскиот натпревар против Норвешка во Осло што завршил 0-0. Во текот на сезоната 2003-2004 тој се утврдил како редовен репрезентативец. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал во победата со 1-0 против Литванија, веќе во својот втор настап.[71] Неговиот погодок бил исто така многу важен затоа што ја одвел Шкотска во баражот за Европското првенство 2004. На 26 мај 2004 година, Флечер бил капитен на Шкотска во победата над Естонија во пријателскиот натпревар одигран во Талин, со што станал најмладиот капитен на Шкотска од 17-годишниот Џон Ламби во 1886 година.[2][72] На 12 октомври 2005 Флечер постигнал прекрасен погодок со удар од преку 20 метри против Словенија во гостинската победа со 3-0.[73]
Под водство на селекторот Алекс МекЛиш, Флечер бил заменик капитен зад Бари Фергусон, но во ноември 2009 кога Фергусон бил исфрлен од репрезентацијата заради кршење на прописите Флечер ја вратил капитенската лента и оттогаш е прв капитен на шкотската репрезентација.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шкотска | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
20-08-2003 | Осло | Норвешка | 0 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | 60' | |
11-10-2003 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Литванија | Квал. за Евро 2004 | 1 | 65' | |
15-11-2003 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Холандија | Квал. за СП 2004 | - | ||
19-11-2003 | Амстердам | Холандија | 6 – 0 | Шкотска | Квал. за Евро 2004 | - | ||
18-02-2004 | Кардиф | Велс | 4 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | 86' | |
28-04-2004 | Копенхаген | Данска | 1 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
27-05-2004 | Талин | Естонија | 0 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | ||
30-05-2004 | Единбург | Шкотска | 4 – 1 | Тринидад и Тобаго | Пријателска | 1 | ||
18-08-2004 | Глазгов | Шкотска | 0 – 3 | Унгарија | Пријателска | - | 74' | |
03-09-2004 | Валенсија | Шпанија | 1 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | 58' | |
08-09-2004 | Глазгов | Шкотска | 0 – 0 | Словенија | Квал. за СП 2006 | - | ||
09-10-2004 | Глазгов | Шкотска | 0 – 1 | Норвешка | Квал. за СП 2006 | - | ||
13-10-2004 | Кишинев | Молдавија | 1 – 1 | Шкотска | Квал. за СП 2006 | - | 66' | |
04-06-2005 | Глазгов | Шкотска | 2 – 0 | Молдавија | Квал. за СП 2006 | - | ||
08-06-2005 | Минск | Белорусија | 0 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2006 | - | ||
03-09-2005 | Глазгов | Шкотска | 1 – 1 | Италија | Квал. за СП 2006 | - | ||
07-09-2005 | Осло | Норвешка | 1 – 2 | Шкотска | Квал. за СП 2006 | - | ||
08-10-2005 | Глазгов | Шкотска | 0 – 1 | Белорусија | Квал. за СП 2006 | - | ||
12-10-2005 | Цеље | Словенија | 0 – 3 | Шкотска | Квал. за СП 2006 | '1 | ||
12-11-2005 | Глазгов | Шкотска | 1 – 1 | САД | Пријателска | - | ||
01-03-2006 | Глазгов | Шкотска | 1 – 3 | Швајцарија | Пријателска | - | ||
11-05-2006 | Кобе | Шкотска | 1 – 5 | Бугарија | Пријателска | - | ||
13-05-2006 | Саитама | Јапонија | 0 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | 54' | |
02-09-2006 | Глазгов | Шкотска | 6 – 0 | Фарски Острови | Квал. за Евро 2008 | 1 | 40' 46' | |
06-09-2006 | Каунас | Литванија | 1 – 2 | Шкотска | Квал. за Евро 2008 | - | ||
07-10-2006 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Франција | Квал. за Евро 2008 | - | ||
11-10-2006 | Киев | Украина | 2 – 0 | Шкотска | Квал. за Евро 2008 | - | 21' | |
30-05-2007 | Виена | Австрија | 0 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | ||
06-06-2007 | Тофтир | Фарски Острови | 0 – 2 | Шкотска | Квал. за Евро 2008 | - | 68' | |
22-08-2007 | Абердин | Шкотска | 1 – 0 | Јужна Африка | Пријателска | - | ||
08-09-2007 | Глазгов | Шкотска | 3 – 1 | Литванија | Квал. за Евро 2008 | - | ||
12-09-2007 | Париз | Франција | 0 – 1 | Шкотска | Квал. за Евро 2008 | - | 24' 26' | |
17-10-2007 | Тбилиси | Грузија | 2 – 0 | Шкотска | Квал. за Евро 2008 | - | ||
17-11-2007 | Глазгов | Шкотска | 1 – 2 | Италија | Квал. за Евро 2008 | - | ||
26-03-2008 | Глазгов | Шкотска | 1 – 1 | Хрватска | Пријателска | - | ||
30-05-2008 | Прага | Чешка | 3 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | ||
20-08-2008 | Глазгов | Шкотска | 0 – 0 | Северна Ирска | Пријателска | - | 69' | |
06-09-2008 | Скопје | Македонија | 1 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2010 | - | ||
10-09-2008 | Рејкјавик | Исланд | 1 – 2 | Шкотска | Квал. за СП 2010 | - | ||
11-10-2008 | Глазгов | Шкотска | 0 – 0 | Норвешка | Квал. за СП 2010 | - | ||
28-03-2009 | Амстердам | Холандија | 3 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2010 | - | ||
01-04-2009 | Глазгов | Шкотска | 2 – 1 | Исланд | Квал. за СП 2010 | - | ||
12-08-2009 | Осло | Норвешка | 0 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2010 | - | ||
05-09-2009 | Глазгов | Шкотска | 2 – 0 | Македонија | Квал. за СП 2010 | - | ||
09-09-2009 | Глазгов | Шкотска | 0 – 2 | Холандија | Квал. за СП 2010 | - | 55' | |
14-11-2009 | Кардиф | Велс | 3 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
03-03-2010 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Чешка | Пријателска | - | 83' | |
11-08-2010 | Солна | Шведска | 3 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
03-09-2010 | Каунас | Литванија | 0 – 0 | Шкотска | Квал. за Евро | - | ||
07-09-2010 | Глазгов | Шкотска | 2 – 1 | Лихтенштајн | Квал. за Евро 2012 | - | ||
08-10-2010 | Прага | Чешка | 1 – 0 | Шкотска | Квал. за Евро 2012 | - | ||
12-10-2010 | Глазгов | Шкотска | 2 – 3 | Шпанија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
16-11-2010 | Абердин | Шкотска | 3 – 0 | Фарски Острови | Пријателска | - | 68' | |
03-09-2011 | Глазгов | Шкотска | 2 – 2 | Чешка | Квал. за Евро 2012 | 1 | ||
06-09-2011 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Литванија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
08-10-2011 | Вадуц | Лихтенштајн | 0 – 1 | Шкотска | Квал. за Евро 2012 | - | ||
11-10-2011 | Аликанте | Шпанија | 3 – 1 | Шкотска | Квал. за Евро 2012 | - | 70' 85' | |
11-11-2011 | Ларнака | Кипар | 1 – 2 | Шкотска | Пријателска | - | 63' | |
12-10-2012 | Кардиф | Велс | 2 – 1 | Шкотска | Квал. за СП 2014 | - | ||
16-10-2012 | Брисел | Белгија | 2 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2014 | - | ||
14-11-2012 | Луксембург | Луксембург | 1 – 2 | Шкотска | Пријателска | - | ||
05-03-2014 | Варшава | Полска | 0 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | 46' | |
07-09-2014 | Дортмунд | Полска | 2 – 1 | Шкотска | Квал. за Евро 2016 | - | 58' | |
14-10-2014 | Варшава | Полска | 2 – 2 | Шкотска | Квал. за Евро 2016 | - | 71' | |
14-11-2014 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Ирска | Квал за Евро 2016 | - | 88' | |
18-11-2014 | Глазгов | Шкотска | 1 – 3 | Англија | Пријателска | - | 46' | |
25-03-2015 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Северна Ирска | Пријателска | - | ||
05-06-2015 | Единбург | Шкотска | 1 – 0 | Катар | Пријателска | - | 59' | |
08-10-2015 | Глазгов | Шкотска | 2 – 2 | Полска | Квал. за Евро 2016 | - | 74' | |
11-10-2015 | Лоле | Гибралтар | 0 – 6 | Шкотска | Квал. за Евро 2016 | - | 63' | |
24-03-2015 | Прага | Чешка | 0 – 1 | Шкотска | Пријателска | - | ||
29-05-2016 | Та-Кали | Италија | 1 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
04-06-2016 | Мец | Франција | 3 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
04-09-2016 | Та-Кали | Малта | 1 – 5 | Шкотска | Квал. за СП 2018 | - | ||
08-10-2016 | Глазгов | Шкотска | 1 – 1 | Литванија | Квал. за СП 2018 | - | 46' | |
11-10-2016 | Трнава | Словачка | 3 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2018 | - | 64' | |
11-11-2016 | Лондон | Англија | 3 – 0 | Шкотска | Квал. за СП 2018 | - | ||
22-03-2017 | Единбург | Шкотска | 1 – 1 | Канада | Пријателска | - | ||
05-10-2017 | Глазгов | Шкотска | 1 – 0 | Словачка | Квал. за СП 2018 | - | 79' | |
08-10-2017 | Љубљана | Словенија | 2 – 2 | Шкотска | Квал. за СП 2018 | - | ||
Вкупно | Настапи (3. место) | 80 | Голови | 5 |
Статистиката е ажурирана на 31 јануари 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2002-2003 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 0 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | - | - | - | 2 | 0 |
2003-2004 | ПЛ | 22 | 0 | ФАКуп+ЛК | 5+0 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | КШ | 0 | 0 | 33 | 0 | |
2004-2005 | ПЛ | 18 | 3 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | ЛШ | 5[74] | 0 | КШ | 1 | 0 | 28 | 3 | |
2005-2006 | ПЛ | 27 | 1 | ФАКуп+ЛК | 3+4 | 0 | ЛШ | 7[74] | 0 | - | - | - | 41 | 1 | |
2006-2007 | ПЛ | 24 | 3 | ФАКуп+ЛК | 6+1 | 0 | ЛШ | 9 | 0 | - | - | - | 40 | 3 | |
2007-2008 | ПЛ | 16 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 2 | ЛШ | 6 | 0 | КШ | 1 | 0 | 24 | 2 | |
2008-2009 | ПЛ | 26 | 3 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | КШ+СУ+Скп | 1+1+2 | 0+0+1 | 42 | 3 | |
2009-2010 | ПЛ | 30 | 4 | ФАКуп+ЛК | 0+3 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | КШ | 1 | 0 | 41 | 5 | |
2010-2011 | ПЛ | 26 | 2 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | КШ | 1 | 0 | 37 | 3 | |
2011-2012 | ПЛ | 8 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2+0 | 1+0 | КШ | 0 | 0 | 10 | 2 | |
2012-2013 | ПЛ | 3 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 10 | 1 | |
2013-2014 | ПЛ | 12 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+3 | 0 | ЛШ | 2 | 0 | КШ | 0 | 0 | 18 | 0 | |
2014-јан. 2015 | ПЛ | 11 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 12 | 0 | |
Вкупно Манчестер Јунајтед | 223 | 18 | 40 | 0 | 66 | 3 | 8 | 0 | 337 | 21 | |||||
јан.-јун. 2015 | Вест Бромвич | ПЛ | 15 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 1 |
2015-2016 | ПЛ | 38 | 1 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 42 | 3 | |
2016-2017 | ПЛ | 38 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 2 | |
Вкупно Вест Бромвич | 91 | 4 | 6 | 2 | - | - | - | - | 97 | 6 | |||||
2017-2018 | Стоук Сити | ПЛ | 5 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 6 | 0 |
Вкупно во кариерата | 319 | 22 | 47 | 2 | 66 | 3 | 8 | 0 | 440 | 27 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.