From Wikipedia, the free encyclopedia
Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по првпат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.
Европско првенство во фудбал 2016 Европско првенство во фудбал 2016 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Франција |
градови | 10 |
стадиони | 10 |
Период на одржување | 10 јуни — 10 јули 2016 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Португалија |
Второ место | Франција |
Трето место | Германија Велс |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 2.427.303 (47.594 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 108 (2.12 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Антоан Гризман (6 гола) |
Најдобар играч | Антоан Гризман[1] |
← 2012 2020 → |
Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.
Пред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура.[2] Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.[3]
Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.[4]
Група А | Група Б | Група Ц |
---|---|---|
Чешка | Белгија | Шпанија |
Исланд | Велс | Словачка |
Турција | БиХ | Украина |
Холандија | Израел | Белорусија |
Казахстан | Кипар | Луксембург |
Латвија | Андора | Македонија |
Група Д | Група Е | Група Ф |
Германија | Англија | Северна Ирска |
Полска | Швајцарија | Романија |
Ирска | Словенија | Унгарија |
Шкотска | Естонија | Финска |
Грузија | Литванија | Фарски Острови |
Гибралтар | Сан Марино | Грција |
Група Г | Група Х | Група И |
Австрија | Италија | Португалија |
Русија | Хрватска | Албанија |
Шведска | Норвешка | Данска |
Црна Гора | Бугарија | Србија |
Лихтенштајн | Азербејџан | Ерменија |
Молдавија | Малта |
Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за првпат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.
Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница.[6] По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-двобои, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.[7][8][9]
Вкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари);[10] бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство.[11] Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини.[12] Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по првпат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по првпат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).
Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс.[12] Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување.[12] Исто така, Австрија и Украина по првпат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата,[13] а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за првпат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил[14], а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.
Екипа | Начин на квалификување | Дата на квалификување | Претходни првенства1 2 |
---|---|---|---|
Франција | Како домаќин | (8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Англија | Победник во групата Е | (8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) | |
Чешка | Победник во групата А | (5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Исланд | Второпласирани во групата А | (0) (дебитант) | |
Австрија | Победник во групата Г | (1) (2008) | |
Северна Ирска | Победник во групата Ф | (0) (дебитант) | |
Португалија | Победник во групата И | (6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Шпанија | Победник во групата Ц | (9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Швајцарија | Второпласирани во групата Е | (3) (1996, 2004, 2008) | |
Италија | Победник во групата Х | (8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Белгија | Победник во групата Б | (4) (1972, 1980, 1984, 2000) | |
Велс | Второпласирани во групата Б | (0) (дебитант) | |
Романија | Второпласирани во групата Ф | (4) (1984, 1996, 2000, 2008) | |
Албанија | Второпласирани во групата И | (0) (дебитант) | |
Германија | Победник во групата Д | (11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Полска | Второпласирани во групата Д | (2) (2008, 2012) | |
Русија | Второпласирани во групата Г | (4) (1996, 2004, 2008, 2012) | |
Словачка | Второпласирани во групата Ц | (0) (дебитант) | |
Хрватска | Второпласирани во групата Х | (4) (1996, 2004, 2008, 2012) | |
Турција | Најдобра третопласирана екипа | (3) (1996, 2000, 2008) | |
Унгарија | Победник во баражот | (2) (1964, 1972) | |
Ирска | Победник во баражот | (2) (1988, 2012) | |
Шведска | Победник во баражот | (5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Украина | Победник во баражот | (1) (2012) | |
Во почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет.[15] Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.
Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини,[16] избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуза кои биле оставени како алтернатива.
Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16.[17][18] Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуза и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.[19]
Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.[20]
Сен Дени 2 5 | Марсеј 1 2 3 4 | Лион 1 2 4 5 | Лил |
---|---|---|---|
Стад де Франс | Велодорм | Стад де Лумиер | Стад Пјер-Моруа |
48°55′28″N 2°21′36″E | 43°16′11″N 5°23′45″E | 45°45′56″N 4°58′52″E | 50°36′43″N 3°07′50″E |
Капацитет: 81.338 | Капацитет: 67.394 (реновиран) |
Капацитет: 59.286 (нов стадион) |
Капацитет: 50.186 (нов стадион) |
Париз 1 2 3 4 | |||
Парк на принцовите | |||
48°50′29″N 2°15′11″E | |||
Капацитет: 47.000 (реновиран) | |||
Бордо 1 2 | |||
Нов стадион во Бордо | |||
44°53′50″N 0°33′43″W | |||
Капацитет: 42.115 (нов стадион) | |||
Сент-Етјен 2 4 5 | Ница | Ленс 2 4 | Тулуза 1 2 |
Стад Жофроа-Гишар | Алијанц Ривиера | Стад Болар-Делелис | Стадион Мунисипал |
45°27′39″N 4°23′24″E | 43°42′25″N 7°11′40″E | 50°25′58.26″N 2°48′53.47″E | 43°34′59″N 1°26′3″E |
Капацитет: 41.965 (реновиран) |
Капацитет: 35.624 (нов стадион) |
Капацитет: 38.223 (реновиран) |
Капацитет: 33.300 (реновиран) |
За да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.[21]
Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми:[22]
Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми:[22]
Распоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година.[23][24] Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по месно време, CEST (UTC+2). Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Франција | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 1 | +3 |
2. | Швајцарија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 2 | 1 | +1 |
3. | Албанија | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
4. | Романија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 4 | -2 |
15 јуни 2016 | Романија | 1-1 | Швајцарија | Париз |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Станку 18' (пен) | Извештај | Мехмеди 57' | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 43,576[27] Судија: Сергеј Карасев |
19 јуни 2016 | Швајцарија | 0-0 | Франција | Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Стад Пјер-Моруа Гледачи: 45,616[29] Судија: Дамир Скомина |
20 јуни 2016 | Северна Ирска | 0-1 | Германија | Париз |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Гомес 30' | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 44,125[42] Судија: Клеман Тирпен |
21 јуни 2016 | Хрватска | 2-1 | Шпанија | Бордо |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Н. Калиниќ 45' Перишиќ 87' |
Извештај | Мората 7' | Стадион: Нов стадион во Бордо Гледачи: 37,245[46] Судија: Бјорн Кајперс |
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Унгарија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 6 | 4 | +2 |
2. | Исланд | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 |
3. | Португалија | 3 | 3 | 0 | 3 | 0 | 4 | 4 | 0 |
4. | Австрија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 |
14 јуни 2016 | Португалија | 1-1 | Исланд | Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Нани 31' | Извештај | Б. Бјарнасон 50' | Стадион: Стад Жофроа-Гишар Гледачи: 38,742[55] Судија: Џунејт Чакир |
18 јуни 2016 | Исланд | 1-1 | Унгарија | Марсеј |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Г. Сигурдсон 40' (пен) | Извештај | Севарсон 88' (а.) | Стадион: Велодром Гледачи: 60,842[56] Судија: Сергеј Карасев |
18 јуни 2016 | Португалија | 0-0 | Австрија | Париз |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 44,291[57] Судија: Никола Рицоли |
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
25 јуни – Сент-Етјен | ||||||||||||||
Швајцарија | 1 (4) | |||||||||||||
30 јуни – Марсеј | ||||||||||||||
Полска (п) | 1 (5) | |||||||||||||
Полска | 1 (3) | |||||||||||||
25 јуни – Ленс | ||||||||||||||
Португалија (п) | 1 (5) | |||||||||||||
Хрватска | 0 | |||||||||||||
6 јули – Лион | ||||||||||||||
Португалија (прод.) | 1 | |||||||||||||
Португалија | 2 | |||||||||||||
25 јуни – Париз | ||||||||||||||
Велс | 0 | |||||||||||||
Велс | 1 | |||||||||||||
1 јули – Лил | ||||||||||||||
Северна Ирска | 0 | |||||||||||||
Велс | 3 | |||||||||||||
26 јуни – Тулуза | ||||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
Унгарија | 0 | |||||||||||||
10 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Белгија | 4 | |||||||||||||
Португалија (прод.) | 1 | |||||||||||||
26 јуни – Лил | ||||||||||||||
Франција | 0 | |||||||||||||
Германија | 3 | |||||||||||||
2 јули – Бордо | ||||||||||||||
Словачка | 0 | |||||||||||||
Германија (п) | 1 (6) | |||||||||||||
27 јуни – Сен Дени | ||||||||||||||
Италија | 1 (5) | |||||||||||||
Италија | 2 | |||||||||||||
7 јули – Велодорм | ||||||||||||||
Шпанија | 0 | |||||||||||||
Германија | 0 | |||||||||||||
26 јуни – Лион | ||||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
3 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Ирска | 1 | |||||||||||||
Франција | 5 | |||||||||||||
27 јуни – Ница | ||||||||||||||
Исланд | 2 | |||||||||||||
Англија | 1 | |||||||||||||
Исланд | 2 | |||||||||||||
25 јуни 2016 | Швајцарија | 1-1 (прод.) (4–5 пен.) |
Полска | Стад Жофроа-Гишар, Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Шаќири 82' | Извештај | Блашчиковски 39' | Гледачи: 38,842[60] Судија: Марк Клатенбург |
Пенали | ||||
|
|
30 јуни 2016 | Полска | 1–1 (прод.) (3–5 пен.) |
Португалија | Стад Велодром, Марсеј |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Левандовски 2' | Извештај | Санчес 33' | Гледачи: 62,940[68] Судија: Феликс Брих |
Пенали | ||||
1 јули 2016 | Велс | 3–1 | Белгија | Стад Пјер-Моруоа, Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Е. Вилијамс 31' Робсон-Кану 55' Воукс 86' |
Извештај | Наинголан 13' | Гледачи: 45,936[69] Судија: Дамир Скомина |
Победник на Европското првенство во фудбал 2016 Португалија 1. титула |
Тим на турнирот
Позиција | Играч |
---|---|
Голман | Руи Патрисио |
Одбрана | Џошуа Кимих |
Жером Боатенг | |
Пепе | |
Рафаел Гереиро | |
Среден ред | Антоан Гризман |
Арон Рамзи | |
Џо Алан | |
Тони Крос | |
Димитри Паје | |
Напад | Кристијано Роналдо |
Официјална маскота на првенството е „Супер Виктор“, дете-суперјунак, објавен на 18 ноември 2014.[78] Се работи за дете во националниот дрес на француската фудбалска репрезентација со црвена наметка, така што се присутни сите три бои на француското знаме. Познато е дека наметката, копачките и топката се неговите супермоќи. Маскотата за првпат се појавила на 18 ноември 2014 на натпреварот помеѓу Франција и Шведска на Стадионот Велодром во Марсеј. Нејзиното име е откриено на 30 ноември 2014 откако добила околу 50 000 гласови на официјалната страна на УЕФА, повеќе од другите две кандидатски имиња „Дриблу“ и „Гоаликс“.[79] Името се темели на идејата за обедување и упатува на супермоќите на детето кога ги пронашол волшебната наметка, копачки и топка.[80]
Официјалниот логотип на првенството е објавен на 26 јуни 2013, за време на церемонијата “Павијон Камбон Капицин“ (Pavillon Cambon Capucines) во Париз.[81] Него го смислила португалската агенција Брандија Сентрал, која исто така и го создала визуелниот идентитет за претходните Европски фудбалски првенства. Дизајнот се темели на темата "прослава на уметноста на фудбалот". Логото го прикажува трофејот на Европското првенство со сина, бела и црвена боја на француското знаме, окружен со мешавина од облици и линии кои претставуваат различни уметнички движења и фудбалски елементи.[82]
На 17 октомври 2013 УЕФА го објавила официјалното мото на првенството: „Ле рандеву“ (Le Rendez-Vous). Кога бил запрашан за неговото значење, претседателот на Организацискиот одбор на ЕП 2016, Жак Ламбер, одговорил дека мотото „многу повеќе од потсетник на датуми (...) и игралишта“. Понатаму, објаснил дека „УЕФА праќа порака до сите фудбалски навивачи ширум светот и љубители на големи настани, покана за делење на емоции на еден елитен турнир.“[83]
Официјална топка на првенството е „Убава игра“ (Beau Jeu) на Адидас, која била претставена на 12 ноември 2015 од поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.[84]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.