Македонци во Бугарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско[3] население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.[4]
Вкупен број | |
---|---|
од 1.654 до 750.000, највеќе 1.200.000[1][2] | |
Подрачја со значајно население | |
Пиринска Македонија (Благоевградска област), Софија | |
Јазици | |
македонски јазик и бугарски јазик | |
Вероисповед | |
православие | |
Сродни народи | |
Македонци |
|
Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.[5]
Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија.[6] Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.
Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.[7]
Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души.[8] Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден - Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.
Според пописот од 1920 населението броело 155.598 жители. Немало декларирани Македонци.
Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.[9][10]
Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.
Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија,[11] многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на Македонците во Бугарија,[12] кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира.[13] Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.[14]
На пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[15][16]
За фалсификувањето на пописот од 1956 зборува и Улрих Бјуксеншјутц во книгата „Малцинствената политика во Бугарија”. Политиката на БКП кон Евреи, Роми, Помаци и Турци (1944-1989).“, 2000, IMIR.[17]
Околии | Санданска | Петричка | Благоевградска | Разлошка | Гоцеделчевска | Вкупно |
Македонци | 89,49% | 82,64% | 52,18% | 45,18% | 45,77% | 63,64% |
Бугари | 7,51% | 15,15% | 45,08% | 39,05% | 49,45% | 33,33% |
други | 3,00% | 2,16% | 2,71% | 11,92% | 4,77% | 3,03% |
Население и национална структура на населението на НР Бугарија од пописот 1956 година
Вкупно | Бугари | Македонци | Турци | Роми |
7.613.109 | 6.506.541 | 187.789 | 656.052 | 197.789 |
100% | 85,47% | 2,47% | 8,62% | 2,52% |
Во пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители.
На пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец.
За пописот од 1992 официјални податоци за Македонците не се објавени.[18] И покрај тоа, во 1993 е објавен бројот од 10.803 луѓе кои се самоопределиле за Македонци, од кои 3.109 го објавиле нивниот мајчин јазик за македонскиот.[19][20]
Според пописот од 2001 населението во Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители, а од нив 306.118 како мајчин јазик го декларирале бугарскиот јазик, 19.819 жители го декларирале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 го декларирале ромскиот јазик.
Вкупно | Бугари | Турци | Роми | Македонци | Други |
341.173 | 286.491 | 31.857 | 12.405 | 3.117 | 7.303 |
100% | 89,97% | 9,34% | 3,63% | 0,91% | 2,14% |
Вкупно | Бугари | Македонци | Други |
7.928.901 | 6.655.210 | 5.071 | 1.268.620 |
100% | 83,94% | 0,06% | 16,00% |
Според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 г. таму живеат 1.654 Македонци,[21] од нив: 561 се населени во Благоевградска област,[22] а 1.163 се со маjчин македонски јазик.[23] Според пописот во Бугарија живеат 1.091 државјани на Република Македонија.[24]
Според Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден - Пирин ова е последица на манипулациите со резултатите. Тој објаснува дека од таа бројка етнички Македонци, дури околу 1.000 души биле заведени дека поседуваат македонско државјанство.[25]
Денес Македонците во Пиринска Македонија не се признати како малцинство. Немаат право на школување на мајчиниот јазик.[26][27] Училишната настава се изведува на единствениот официјален за државата бугарски јазик.
Во 1947 година биле создадени печатни медиуми, Пирински Вестник и печатница, Македонска Книга. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта. Во 1990 година бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име Народна Волја. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја.[9]
Вероисповеда на Македонците во Бугарија е православието. Верниците ги користат услугите на бугарската црква, бидејќи македонската нема претставник во Бугарија.
Постојат повеќе организации на Македонците во Пиринска Македонија:
Познати бугарски државници од македонско потекло се премиерите Андреј Љапчев и Георги Димитров, министерот за здравство и внатрешни работи во прохитлеровска Бугарија за време на Втора светска војна - Александар Станишев, основачот на БКП Димитар Благоев и други. Родум од Македонија се и писателите Димитар Талев и Венко Марковски, поетите Никола Вапцаров, Христо Смирненски и други. Денешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев и претседателот на парламентот Георги Пирински, исто така имаат потекло од Егејска Македонија. Сите тие ја истакнале повеќепати својата бугарска национална свест.
Атанас Кирјаков, Јордан Костадинов, Сократ Маркилов, Славе Македонски, Георги Радулов, Георги Солунски, Стојко Стојков, Иван Сингартијски, Ботјо Вангелов, Димитар Захов, Стојан Георгиев Томовичин, Георги Христов, Александар Христов, Димитар Србаков, Стефан Влахов Мицов, Ангел Безев, Атанас Манушкин, Кирил Иванов, Георги Дукимов, Божидар Кирјанов, Атанас Михајлов Орозов, Иван Харизанов, Стојан Герасимов Василев
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.