природно физичко тело од значајна големина, маса и улога во вселената From Wikipedia, the free encyclopedia
Астрономско тело — природен физички ентитет, група и склоп во вселената.[1] Поимот „астрономски објект“ напати се среќава како синоним на „астрономско тело“. Астрономското тело е поединечен целовит ентитет кој е целовит поради силата на гравитацијата (и понекогаш електромагнетизмот). Вакви примери се астероидите, месечините, планетите и ѕвездите. Астрономските тела се гравитациски сврзани ентитети што имаат дадена положба во просторот, но може да бидат составени од повеќе независни астрономски тела или тела. Овие тела можат да бидат поединечни планети, ѕвездени јата, маглини или цели галаксии. Кометата може да се нарече тело поради тоа што има замрзнато јадро од мраз и прашина, или да се нарече објект кога мислиме цврстиот дел заедно со дифузната кома и опашката. Во потесна смисла, поимите „астрономски објект“ и „астрономско тело“ се разликуваат од поимите „небесен објект“ и „небесно тело“ само по тоа што во второспоменатите не спаѓа Земјата.[2] Во поширока смисла пак, овие поими може да се сметаат за синоними, и многу извори не ја прават оваа разлика бидејќи ја сметаат Земјата за небесно тело.[3][4][5]
Вселената има хиерархиски состав. Во поголем размер, основен дел на составот претставува галаксијата, која е составена од џуџести галаксии. Галаксиите се групираат во групи и јата, честопати во поголеми суперјата кои се протегаат долж големи нишки помеѓу празнини, образувајќи мрежа што ја опфаќа метагалаксијата.[6] Галаксиите и џуџестите галаксии имаат различни морфологии, и облиците зависат од нивното образување и развојна историја, вклучувајќи заемодејства со други галаксии.[7] Зависно од нејзината категорија, галаксијата може да има едно или повеќеѕѕ карактеристични елементи како спирални краци, ореол и јадро. Највеќето галаксии во јадрото имаат супермасивна црна дупка, што може да предизвика активно галактичко јадро. Галаксиите имаат и свои придружници во обик на џуџести галаксии и збиени јата.
Составните делови на галаксијата се образуваат од гасовита материја што се насобира по пат на гравитациско самопривлекување, и тоа на хиерархиски начин. Вака добиените основни делови се ѕвездите, кои пак се насобрани во јата од разните маглини што се згуснуваат.[8] Големата разноликост на ѕвездените облици се должи на разликите во масата, составот и развојниот степен на ѕвездата. Ѕвездите се среќаваат и во повеќеѕвездени системи што се вртат еден околу друг по хиерархиски систем. Од протопланетарни дискови што ги опкружуваат новосоздадените ѕвезди може да се образува планетарен систем со придружни елементи како астероиди, комети и отпаден материјал по пат на хиерархиско натрупување.
На табелава се наведени општите категории на тела по место и состав.
Сончев Систем | тела вон Сончевиот Систем | ||
---|---|---|---|
Прости тела | Сложени тела | Просторни тела | |
|
|
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.