Мојанци (Скопско)
село во Општина Арачиново From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мојанци — село во Скопскиот Регион и второ по големина село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора. Оддалечено е 15 километри североисточно од Скопје.
Во повисоките делови на атарот се наоѓало поранешното село Бара, напуштено некаде помеѓу двете светски војни.
Топонимија
Низ атарот на селото денес се среќаваат следниве топоними:
Брег, Бресја, Брија, Брца, Бунарче, Вакав, Више Село, Внештре Поштра, Горна Ледина, Горна Чафа, Градиште, Ѓури Онас, Долна Ледина, Дрма, Горна Дрма, Кале, Коштан, Крст, Кулиште, Ливада, Ледина, Мала Нива, Марко Камен, Маркова Меана, Мула Нива, Муштек, Нара Орданци, Ограда, Песок, Равниште, Резина, Селиште, Село, Средни Рид, Стари Лозја, Трло, Урсун, Урсел, Црквиште, Чафа, Чешма, Џаде.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Мојанце и било муслиманско, со 17 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 17 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 200 жители.[3]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Мојанци живееле 120 жители, од кои 30 Македонски христијани и 90 Арнаути[4] муслимани.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 185 жители. Било дел од Општина Брњарци.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Remove ads
Демографија
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Мојанци имало 120 жители, од кои 90 Албанци и 30 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.325 жители. Следува табела на националната структура на населението:[7]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 |
Албанци | 2.315 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 8 |
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[8]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Мојанци има 2.912 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Албанци | 2.865 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 46 |
Родови
Мојанци е албанско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Доселеници: Демовци (23 к.) потекнуваат од предокот Адем. Него го викнале православните Македонци да биде говедар кај нив и така тој се заселил во селото. Потоа земал за жена некоја православна Македонка и така е основан овој род. Го знаат следното родословие: Бајрам (жив на 45 г. во 1954 година) Амет-Бајрам-Исен-Адем, основачот на родот; Идризовци или Ашани (18 к.) потекнуваат од предокот Идриз. Тој се доселил околу средината на XIX век. Потекнуваат од фисот Бериш; Оџалари (4 к.), Тенџер (2 к.) и Барци (1 к.) доселени се од селата на Кумановска црна гора. Првите два рода од селото Брест, а третиот од раселеното село Бара. Потекнувале од фисот Бериш.[10]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2338 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[11]
Иселеништво
Постари македонски иселеници од селото имало во Арачиново (Велковци, Кузманови и Јаќимовци). Но и од таму се иселени. Некои македонски родови во 1878 година, во текот на Српско-турската војна се преселиле во Србија.[10]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads